Британка лажела дека не може да се движи и за тоа добивала парична помош- ја снимиле како ужива во Мексико - Канал 5

Британка лажела дека не може да се движи и за тоа добивала парична помош- ја снимиле како ужива во Мексико

Жена која примила повеќе од 23.000 фунти социјални бенефиции тврдејќи дека е премногу болна за да ја напушти куќата е разоткриена откако била снимена како сурфа и вози зиплајн во Мексико.

Британка лажела дека не може да се движи и за тоа добивала парична помош- ја снимиле како ужива во Мексико

Катерина Виланд (33) тврдела дека страда од толку силна анксиозност што не може да го напушти домот, но Британското Министерство за работа и пензии (DWP) пронашло докази дека сурфала во Канкун, па дури и го посетила забавниот парк Торп Парк три пати, пишува Би-Би-Си.

Виланд, од Горинг-бај-Си, Западен Сасекс, примила Додаток за лична независност повеќе од две години и ги трошела парите на маникир, солариуми и посети на приватен стоматолог во Лондон.

Министерка: Го испразнила системот до последен денар

Во четврток добила затворска казна од 28 недели, условна на 18 месеци, соопшти DWP. Кога истражителите ја соочиле со банкарските извештаи, таа им рекла: „Не знаев дека не ми е дозволено да ја напуштам куќата“.

Иако тврдеше дека е во толку лоша здравствена состојба што не може да готви или да се грижи за себе, Британката имаше 76 прегледи за козметика и посетила 60 пабови, клубови и ресторани. По луксузното патување во Мексико, таа поднесе барање за преиспитување тврдејќи дека нејзината состојба се влошила.

Таа се изјасни за виновна за непријавување на промена на околностите и сега мора да врати 23.662 фунти што незаконски ги добила од даночните обврзници помеѓу 2021 и 2024 година.

Министерот Ендру Вестерн рече дека Виланд го злоупотребила системот. „Тоа е навреда за секој вреден даночен обврзник и за луѓето кои навистина зависат од PIP. Виланд постојано лажеше, го исцрпуваше системот од секој денар, а потоа имаше дрскост да тврди дека нејзината состојба се влошува додека се возеше на зиплајн и сурфаше во Мексико“, рече тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер