Британка го избодела љубовникот зашто излегол без неа и не и се јавил

21 годишната Британка Рајан Берни една априлска вечер тотално излегла од контрола. Лута што нејзиниот 23 годишен љубовник отишол на забава без неа и не и се јавувал од таму на секои два часа како што се договориле, го дочекала со нож во раката.

23 годишниот Шејн мек Милан заборавил да и се јави на Рајан од забавата. Кога се вратил дома, добил бокс во окото и паднал на земја.

Рајан лута излегла и отишла во паб, а кога се вратила му рекла дека била со друг маж. Кога Шејн сакал да си замине, уште еднаш го соборила и со нож го пробола во рамото.

Шејн одвај го преживеал нападот. Рајан го оставила да искрвави речиси до смрт пред да повика помош.

Пред полицијата рекла дека дошол повреден, и не го открила неговиот вистински идентитет.

Судењето на Рајан, која има 2 годишна ќерка, е во тек.

Шејн има ноќни мори во кои постојано гледа како некој го прободува во градите. Вели дека би било добро Рајан да научи да го контролира бесот!/ извор: Дејли меил

Стојанов: 40% знаат од кого и како се заразиле

За тоа како се движи заразата со корона вирусот поразговаравме со директорот на Центарот за јавно здравје Александар Стојков.

Тој забележува дека свеста кај граѓаните за заштитните мерки се искачила на повисоко ниво.

Во разговорот со Мирјана Мирчевска Јовановиќ, Стојанов зборува и за неопходните услови од епидемиолошки аспект ,за почетокот на новата учебна година.

Во видеото погледнете го целиот разговор.

ЕВН Македонија со осуда на инцидентот во Тетово

ЕВН Македонија во врска со вчерашниот инцидент во Тетово изрази осуда на секаков вид на насилство и вандализам. Поради инцидентот најавуваат поголема заштита за вработените и имотот.

-Осудуваме секаков вид на насилсто и вандализам. И покрај тоа што сторителот е уапсен, ЕВН презема мерки за заштита на своите вработени и имот. Имаме разбирање за мирни протести, иако не знаеме зошто се усмерени против нас. Воедно најостро го осудуваме секој вид на говор на омраза кој што може да доведе до насилство како што беше случај синоќа, се наведува во соопштението од Одделот за комуникации при ЕВН Македонија.

За двете возила на ЕВН Македонија кои беа запалени ноќеска, како осомничен полиција го приведе К.О (43) од Тетово. Осомничен е дека во периодот од 00.40 до 01.10 часот на ул.„Иво Рибар Лола" и во станбениот блок 70 во Тетово со запалива течност предизвикал пожар во патничко возило „Дачија дастер" и патничко возило „Нисан", двете сопственост на „ЕВН", кои целосно изгореле. Исто така, од пожарот било зафатено и патничко возило „Голф", со тетовски регистарски ознаки.

Примателите на социјална помош од Прилеп загрижени за своите средства

Затворањето на Еуростандард банката дополнително создаде забуна и недоразбирање кај илјадници домаќинства корисниците на минимална парична помош и на поединци корисници на туѓа нега,на детски и додаток  за образование. 

Над 30 отсто од 8500 корисници на овие средства од општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени два дена безуспешно се обидуваат да ја регулираат исплатата преку други банки. Велат дека покрај трансакциски сметки банките им бараат и социјален број.

Од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи велат дека во упатствата добиени од ресорното министерство немаат обврска поединачно да даваат социјални броеви бидејќи списоците се испратени до банкарската асоцијалција која треба да ги ажурира списоците според трансакциските сметки каде што ги имаат корисниците на социјалната помош.

За реакциите на граѓаните – корисници на социјална помош информирано е Министерството за труд и социјална политика.Се верува дека почетните недоразбирања меѓу нив и банките брзо ќе биде надминати..

притисни ентер