Мицевски: Разграничувањето на институционалните надлежности е суштинската цел на надзорната расправа за Алта банка
2Мицевски: Разграничувањето на институционалните надлежности е суштинската цел на надзорната расправа за Алта банка
3Стојаноска до Костовски: Дали имавте комуникација со тогашните владини функционери од СДС за Еуростандард банка?
ЖивотБританка „бремена“ веќе 15 годиниБританката Џоан Тартон (33) веќе 15 години страда од мистериозна болест поради што стомакот и е надуен, па изгледа како да е во деветиот месец на бременост.Поради силните и чести болки во стомакот, Џоан не може да работи ниту пак нормално да се дружи со врсниците, ја пренесува МИА приказната. - Откако пред 15 години станав надуена, изгледам како да сум константно во осмиот или деветиот месец од бременост. Секогаш ме боли, прободува во стомакот и во грбот и има денови кога можам само да лежам, изјави Џоан, мајка на петгодишно момче. Иако од 18 години страда од мистериозна надуеност, британските доктори неодамна и дадоа надеж дека после иновативна операција би можела да живее како сиот нормален свет. Хируршкиот потфат се состои од вградување револуционерни минијатурни невростимулатори во дебелото црево, за со електрични импулси да се регулира движењето и работата на органите за варење. - Кога пред три месеци отидов на тестирање, малиот апарат го поставија покрај мене и низ грло ми протнаа некакво црево се до стомакот. Штом се вклучи машината, почуствував големо олеснување и првпат се почуствував како нормална девојка, рече Џоан. Меѓутоа, само три дена пред да оди на договореното вградување на имплантот, од болницата во градот Хал и порачале дека хирушкиот потфат е одложен за понатаму. Имено, во цела Велика Британија постојат само две медицински установи - една во Лондон, а друга во Единбург - кои имаат дозвола да изведуваат хирушки потфати кои никогаш порано не се работени. Од двете болници и порачаа на Џоан да причека затоа што нивните хирурзи се уште не се подготвени да работат ризични операции со апарат кој не им е познат. - Чекањето ме доведува до лудило. Подготвена сум да ризикувам само да ме оперираат, заклучи Џоан. Џоан Тартон преку интернет успеа да пронајде само уште еден случај на мистериозната болест на надуен стомак, од која таа страда. - Не има само две во целиот свет. Другиот пациент живее во Америка и обајцата чекаме на операција, рече Џоан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаСДСМ: Повторно нема лекови на Онкологија - СДСМ бара оставка од КлековскиСо Клековски и Мицкоски здравството е хаос, нема лекови, луѓе умираат.Повторно нема лекови на Онкологија - СДСМ бара оставка од Клековски Со Клековски и Мицкоски здравството е хаос, нема лекови, луѓе умираат. Онколошките пациенти повторно се без терапија - по кој знае кој пат откако е криминалната ВМРО-ОКГ на власт. Го нема лекот „паклитаксел“. Пациентите повторно се враќаат дома, без потребната терапија и тоа со информација, дека лекот ќе го нема до Нова година. До Нова Година онколошките пациенти ќе треба да чекаат и да бидат без потребната терапија што за нив живот значи. Ова е загрозување на човечки животи за што директно одговорен е Клековски. Пациентите кои веќе поминаа болни циклуси сега се ставени во ризик да им напредува болеста. Наместо итно решение и обезбедување на лекот, пациентите добиваат порака дека треба да чекаат до Нова година. Ова е целосен распад на здравствениот систем заради криминалните тендери, заради Мицкоски и Клековски. Хаосот што го направи Клековски, го доведува во ризик и здравјето и животот на граѓаните. Организираната криминална група ВМРО и здравјето на граѓаните го гледаат низ призма на тендери и профити врз грбот на народот. Нема пари за лекови, за апарати, за вработувања, за повисоки плати - ама имаат за нивните партиски тендери. Бараме оставка од Клековски. Бараме одговорност за сите кои дозволија животот на онколошките пацинети да биде доведен во ризик. Бараме веднаш да се обезбеди лекот „паклитаксел“ за сите пациенти на кои им е потребен - без изговори, без префрлање на вина и без нови одложување. За здравјето на луѓето се работи, и тоа не може да чека! Изјава за медиуми, Елена Радеска – Комисија за здравство СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаМицевски: Разграничувањето на институционалните надлежности е суштинската цел на надзорната расправа за Алта банкаНа денешната надзорна расправа за Алта банка, се обрати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.На денешната надзорна расправа за Алта банка, се обрати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој посочи дека една од суштинските цели на надзорната расправа треба да биде разграничувањето на надлежностите и одговорностите на институциите во државата, особено имајќи ја предвид уставно загарантираната самостојност на Народната банка. „Пред македонската јавност да разјасниме суштински прашања од уставен правен и институционален аспект. Сметам дека една од основните цели на оваа надзорна расправа треба да биде прецизното разграничување на надлежностите и одговорностите на секоја институција во државата. Вие покрај тоа што се претседателка на Републиката сте и долгогодишен професор по уставно право и поранешен пратеник во ова Собрание“, рече Мицевски кон претседателката Сиљановска Давкова. Пратеникот Мицевски, во рамки на надзорната расправа, побара од претседателката на државата, Сиљановска Давкова, јасно и прецизно да ги образложи своите уставни и законски надлежности во однос на темата за која се одржува расправата, со акцент на случајот со Алта банка. Притоа, тој потсети на членот 60 од Уставот, кој ја гарантира самостојноста на Народната банка, како и на членот 5 од Законот за Народната банка, кој ја утврдува нејзината независност. „Која е вашата конкретна надлежност согласно Уставот и законите во однос на темата за која што денес ја одржуваме оваа надзорна расправа имајќи предвид дека членот 60 од Уставот ја гарантира самостојноста на Народна банка, а членот 5 од Законот за Народна банка ја гарантира нејзината независност. Дали претседателот на Републиката има какви било законски надлежности во постапката за издавање на банкарски дозволи, давање согласност за стекнување на квалификувано учество во банка, вршење на банкарска супервизија или воведување на привремена администрација. Дали во конкретниот случај со Алта банка вие или вашиот кабинет сте биле вклучени во која било од овие постапки“, праша Мицевски. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаСтојаноска до Костовски: Дали имавте комуникација со тогашните владини функционери од СДС за Еуростандард банка?Дафина Стојаноска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, во рамките на која се одржа продолжението на надзорната расправа на темата: „Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД БитолаДафина Стојаноска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, во рамките на која се одржа продолжението на надзорната расправа на темата: „Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“, постави прашање до Трифун Костовски во врска со механизмите за спасување на Еуростандард банка, како и дали тој остварил средби со тогашни владини функционери. ,,Во периодот пред затворањето на Еуростандард банка, дали лично остваривте средби или комуникација со тогашниот премиер Зоран Заев, тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, гувернерката Анита Ангеловска Бежоска или пак со било кој друг висок државен функционер и што конкретно побаравте од нив, доколку имало некаква комуникација и дали евентуално нешто имаме доказ за тие разговори и преземените обврски?“, праша пратеничката Стојаноска. Таа посочи дека Костовски во изминатиот период јавно го поддржал пристапот на Народната банка кон Алта банка, односно преземените мерки за нејзино стабилизирање и обидот за обезбедување нов сопственик: ,,Кои конкретни механизми за спасување на Еуростандард банка ги имаше на располагање во 2020 година Народна банка, а според вас не ги искористи и дали тогаш формално или официјално побаравте воведување администрација наместо од она што се случи одземање на дозволата за работа“. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter