Британија вложува 500 милиони фунти на брзи тестови за корона - Канал 5

Британија вложува 500 милиони фунти на брзи тестови за корона

Велика Британија вложува 500 милиони фунти (околу 564 милиони евра) за брзи тестови на ковид-19 и тестирање на населението за оваа болест, соопшти Министерството за здравство.

Британија вложува 500 милиони фунти на брзи тестови за корона

Министерот за здравство Мет Хенкок рече дека се надева дека масовното тестирање со брзи тестови за ковид-19 може да се спроведе до крајот на годината, додавајќи дека тие се клучни за враќање на слободите по неколкумесечни ограничувања поради ковид-19.

Финансирањето ќе се искористи за проширување на тековната тестови со плунка и брзите 20-минутни тестови на југот на Англија, додека новото заедничко испитување во Салфорд на северо-западот на Англија ќе ги проценува придобивките од тестот кај популацијата каде што редовно се испитува луѓето дали имаат симптоми , со цел да може да се издвојат случаите пред да се прошири инфекцијата.

„Иновативните нови тестови се брзи, точни и полесни за примена и ќе го зголемат влијанието и обемот на тестирањето и ќе ни помогнат да се вратиме во нормален начин на живот“, рече Ханкок.

Во моментов, официјалниот совет на здравствените служби е дека тестовите за ковид-19 треба да се даваат само на граѓани кои покажале симптоми, иако се достапни поредовни тестови за одредени професии, како што се здравствените работници.

Лицата контактирани од здравствената служба во врска со програмата за тестирање и следење во Англија мора да бидат во изолација 14 дена ако неодамна биле во контакт со потврден случај на ковид-19, но не им е укажано да бидат тестирани доколку немаат симптоми.

Подеднакво, патниците од одредени земји мора да одат во 14-дневна самоизолација.

Упатствата диктираат самоизолација наместо тестирање, бидејќи негативниот тест не значи дека симптомите нема да се појават подоцна по времето на периодот на самоизолација, соопштија здравствените власти.

„Новите технологии и методите на тестирање се од витално значење за да може системот да се развива и подобрува, особено затоа што проценуваме дека рутинското тестирање може порано да открие случаи на инфекција“, рече Дидо Хардинг, раководител на програмите за тестирање и следење на контактите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајланд го запира издавањето дозволи за оружје по смртоносното пукање во училиште

Тајланд привремено го запре издавањето нови дозволи за огнено оружје по смртоносната пукотница во училиште во Нонтабури. 

Тајланд го запира издавањето дозволи за оружје по смртоносното пукање во училиште

Одлуката дојде додека се одржуваа кремации за 14-годишниот вооружен напаѓач и бабата и дедото што ги убил пред масакрот, објавува „Гардијан“.

Премиерот Анутин Чарнвиракул потврди дека им наредил на Министерството за внатрешни работи и полицијата да го суспендираат издавањето дозволи за поседување, купување и носење оружје и повика на „построги контроли и построги казни“. Државниот радиодифузер НБТ Ворлд објави дека мерките се привремени и ќе останат на сила додека не се донесе нов закон за контрола на оружјето. Владата, исто така, планира да постави рок за граѓаните да го предадат нелегалното оружје без гонење.

Анутин претходно се обиде да спроведе реформи како министер за внатрешни работи по бранот насилство со оружје во 2022 и 2023 година, но најавите за построги закони не успеаја да спречат понатамошни трагедии. Покрај новите мерки за граѓаните, генералниот директор на тајландската полиција, Китрат Фанфет, нареди и построга контрола на службеното полициско оружје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион Ф-16 се урна во поле во Турција

Турски борбен авион Ф-16 денес се урна за време на тренинг-лет во северозападната турска провинција Јалова поради технички дефект.

Авион Ф-16 се урна во поле во Турција

Видео снимки покажуваат експлозија и црн чад како се издигнуваат од полето каде што падна авионот. пилотот се катапултираше и ја преживеа несреќата“, соопшти турското министерство за одбрана.

YouTube video

Оттаму додаваат дека причината за несреќата ќе биде утврдена по детална истрага.

Според првичните информации, пилотот се спасил со катапултирање со падобран, по што на местото биле испратени медицински и противпожарни екипи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година

Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999.

Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година

Овој небесен спектакл ќе може да се набљудува од делови на Исланд, Шпанија и северна Русија, додека делумно затемнување ќе биде видливо во Канада, северниот дел на САД и во поголемиот дел од Европа и Западна Африка.

Се очекува целосното затемнување да трае до две минути и 13 секунди а ќе биде видливо од Рејкјавик, Валенсија, Сарагоса и Леон. Во Рејкјавик, затемнувањето ќе биде во 17:48 часот по локално време, а во Валенсија во 20:32 часот.

Властите во Шпанија очекуваат шест милиони посетители во претежно рурални области на патеката на затемнувањето низ северна Шпанија и Балеарските острови, а во главниот град на Исланд, очилата за затемнување се распродадени со денови, бидејќи земјата со околу 400.000 жители очекува да пречека до 80.000 посетители.

Првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година, во Македонија ќе биде делумно во 19:26 часот

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер