2Идниот месец раст на пензиите според законската формула, висината на зголемувањето сè уште непозната
ТехнологијаБританија вложува 300 милиони фунти во два суперкомпјутера Британија денеска објави дека ќе ја зголеми сумата потребна за финансирање на два суперкомпјутера, што ќе придонесе за квалитетот на истражувањето насочено кон правење безбедни напредни модели на вештачка интелигенција.Финансирањето за „истражувачки ресурси за вештачка интелигенција“ ќе се зголеми на 300 милиони фунти од претходно најавените 100 милиони фунти, соопшти владата на Самитот за безбедност на вештачката интелигенција, чија цел беше да се отвори безбеден пат за технологијата што брзо се развива. „Моделите со погранична вештачка интелигенција стануваат експоненцијално помоќни“, напиша британскиот премиер Риши Сунак на X, поранешен Твитер. „Оваа инвестиција ќе обезбеди британскиот научен талент да ги има алатките што им се очајно потребни за да ги направат најнапредните модели со вештачка интелигенција безбедни.“ Британија вели дека двата нови суперкомпјутера, едниот со седиште во Кембриџ, а другиот во Бристол, ќе им овозможат на истражувачите пристап до ресурси триесет пати поголеми од оние на сегашните најголеми британски алатки за компјутерска вештачка интелигенција. Машините, кои ќе бидат оперативни од летото следната година, ќе се користат за анализа на напредни модели со вештачка интелигенција и тестирање на нивните безбедносни карактеристики и за унапредување на истражувањето за нови лекови и чиста енергија, соопшти владата. Моделот Isambard-AI со седиште во Бристол ќе има 5.000 напредни AI чипови од американската мултинационална технолошка компанија Nvidia Corporation, а другиот модел на Dawn (Кембриџ) ќе биде испорачан преку партнерство со Dell и британските мали и средни претпријатија StackHPC и ќе се напојува со повеќе од 1.000 Интел чипови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНови судири на границата кај Мелиља откако е запрен влезот на мигранти во СеутаВлезот на нелегални мигранти од Кралството Мароко во шпанската енклава Сеута е „целосно запрен„ тврди шпанската Влада. Меѓутоа, денеска повторно избувнаа судири на сега веќе затворениот граничен премин помеѓу втората шпанска енклава на африканскиот континент – Мелиља и Мароко каде стотоци мигранти се уште прават обиди за упад на граничниот премин –пренесуваат светските медиуми. За време на вчерашната посета на Сеута, шпанскиот премиер Педро Санчез ги оцени случувањата како напад врз територијалниот интегритет на Шпанија. -Секако, сакам да ја признаам и кризата што ја претрпе другиот автономен град вчера - Мелиља, но ние сме во Сеута, што во овој случај е градот кој страда од најголемата криза во споредба со Мелиља и секако нè потсетува на ситуацијата што ја доживеавме во 2021 година. Затоа, третата обврска што сакам да ја изразам, покрај обврската за соработка со автономната влада на Сеута, е дека владата на Шпанија ќе ги искористи сите лостови на државата, сите ресурси на државата за да ја гарантира безбедноста на граѓаните на Сеута,- - Педро Санчез, премиер на Кралството Шпанија. Како што јавуваат шпанските медиуми, иако целта на дел од мигрантите биле да останат во шпанските енклави, најголемиот дел планирале да продолжат кон Европа преку нелегалните миграциски рути а повикот и мобилизирањето на илјадниците луѓе се одвивало преку социјалните мрежи. -Социјалните медиуми денес се моќен мобилизатор, особено за младите луѓе, но исто така е вистина дека видовме семејства кои доаѓаат од југ, од Тангер, од внатрешните области на Мароко, со кои сигурно имало пораки во оваа насока, како што споменавте, нели? И погрешно толкување, според мое мислење, на она што било кажано во тие пораки. Jа гледаме мобилизирачката моќ на социјалните медиуми без да исклучиме дека имало и на тие социјални мрежи, нели, некои луѓе со лоши намери или со цел да остварат профит кои ги лансирале овие пораки,- -Рут Бермехо, истражувач во Кралскиот институт Елкано. Во меѓувреме, Европската комисија уверува дека досега ниту еден од нелегалните мигранти не пристигнал на Европско тло од Сеута. Откако вчера Италија привремено ја суспендираше Шенгенската соработка со Шпанија, закани за одвојување на Шпанија од зоната за слободно патување на ЕУ упатија и Финска и Данска. Според шпанското министерство за внатрешни работи – од проценетите 60 000 мигранти кои влегле во Сеута овие денови, 48 300 веќе се депортирани назад во Мароко додека се уште се проценува бројот на жртви кои се удавиле во обидот да допливаат до Сеута или пак загинале во стампедото на границата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИдниот месец раст на пензиите според законската формула, висината на зголемувањето сè уште непознатаПо двете линерани покачувања од 1000 денари во септември лани и март годинава – пензиите идниот месец ќе се усогласт процентуално согласно важечкиот закон, вели во изјава за Канал 5 министерот за социјална политика, демографија и млади.По двете линерани покачувања од 1000 денари во септември лани и март годинава – пензиите идниот месец ќе се усогласт процентуално согласно важечкиот закон, вели во изјава за Канал 5 министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски. Колку ќе изнесува покачувањето засега остнаува непознато. Ресорниот министер вели пресемтката ќе се прави по позната формула утврдена со закон и тоа 50 проценти од трошоците за живот и 50 проценти од порастот на просечната исплатена плата во земјава. „Ќе се исплати оној процентуалниот износ на пензиите односно 50 % трошоци за живот и 50 % од порастот на просечната исплатена плата во земјава на сите вработени тој ќе се применува бидејќи е важчки закон и немаме промена во тој член 37... “ - Ѓоко Велковски – министер за социјална политика, демографија и млади. Откако во јавноста се отвори прашањето за евентуално укинување на вториот пензиски столб, ресорниот министер вели во моментов во државава има важечки закон, но се прават анализи кои генерално се насочени кан тоа како функционира целиот пензиски систем во земјава и откако ќе завршат ќе се знае дали и во која насока би имало промени во системот. „Ние во овој момент како што спомнав ги праиме анализите кои ги прават ММФ и Светска банка. Кога ќе се комплетира целата анализа ќе даде и она дали вториот пензиски систем како што е поставен пред 20 години треба да претрпи измени или не. Така да ќе ги почекмае аналзиите за да може и ова прашање да го разрешиме....“ - Ѓоко Велковски – министер за социјална политика, демографија и млади. Инаку во Македонија во моментов има околу 348.000 корисници на пензија... пред неколку дена на брифинг со новинарите од асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови посочија дека во моемнтов е рано да се почувствуваат придобивките од вториот столб, но според нив национализација на средствата не е решение кое на долг рок ќе има ефект. Доколку евентуално велат се случи такво нешто штетата ќе биде огромна,а решениерот според нив ќе биде краткорочно... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеРодилка не може да оди по царски рез во Штип, надлежните најавија инспекциски надзорДеветнаесетгодишна родилка не може да оди откако се породила со царски рез во Болница Штип, семејството се сомнева на лекарска грешка и бара да и се помогне, но и одговорност за постапувањата....Свекорот на родилката Вилибран Стојанов преку социјалните мрежи вчера попладнето јавно побара помош лично од министерот за здравство бидејќи неговата 19-годишна снаа Станка Михајлова од село Bаница, по вториот царски рез кој ѝ бил изведен во штипската општа болница пред еден месец не ги чувствува нозете, а била испишана во општа состојба. Семејството тврди дека еден месец одела од болница во болница, а била и хоспитализирана на неврологија, но дури сега лекар и кажал дека е парализирана, и никогаш нема да прооди... Од Министерството за здравство велат дека случајот се следи, а наложено е здравствениот инспекторат да изврши вонреден надзор во сите три болници каде што родилката се лекувала.. Семејството бара помош, бидејќи како што велат денес ни се случи на нас, утре може да е било кој друг.... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook