Британија издвојува 245 милиони фунти за помош на украинската армија

Велика Британија ќе одвои 245 милиони фунти за помош на вооружените сили на Украина, за набавка на муниција и ревитализација на синџирот за снабдување со гранати, соопшти денеска британската влада.

Најавено е и потпишување на серија договори во вредност од милион фунти, меѓу агенцијата за набавка на оружје на британското Министерство за одбрана и компанијата „Кук дефенс системс“ за набавка на стотина резервни делови гасеници за поправка на украински тенкови и други оклопни возила.

Министерот за одбрана на Велика Британија, Грант Шепс, во четвртокот во Парламентот ја потврди испораката на дополнителни 200 противтенковски ракети „Brimstone AFU“, со што вкупниот број на испорачани проектили од овој тип во Украина се зголеми на повеќе од 1.300. /МИА

Во Италија се запленети над половина тон кокаин, вреден 100 милиони евра- уапсени се пет лица

Италијанската полиција заплени пакувања со кокаин тешки 540 килограми, чија вредност се проценува на повеќе од 100 милиони евра, а пет лица се уапсени, јавува АНСА.

Осомничените биле на рибарски чамец и ја поседувале дрогата, која била спакувана во пакувања наменети за да се спречи навлегување вода и да плови на површина на морето.

Акцијата била координирана од обвинителството во Катанија, а е спроведена со помош на војници од Покраинската команда во Катанија, во соработка со финансиски тимови од воздухопловните единици од Палермо и Пратика ди Маре (воен аеродром југозападно од Рим), со поддршката на Специјалната единица за финансиски криминал (Scico).

Мицкоски: Овој ден е момент на славење на нашето наследство и заедништво

Денеска бев во Кавадарци каде што започнува Тиквешкиот гроздобер. 

Лозјата кои ги негуваат со љубов и труд, сега ги откриваат своите богатства. Овој ден е момент на славење на нашето наследство и заедништво. Секој грозд е резултат на работа и посветеност, објави на ФБ премиерот Христијан Мицскоски..

Страшно убиство во САД: Двегодишно момче до смрт избодено од 6- годишен брат, мајката била дома

Двегодишно момче е убиено од неговиот шестгодишен брат кога неколку пати го избодел со кујнски нож во Џолиет, во близина на Чикаго, во американската сојузна држава Илиноис, соопшти денеска полицијата.

Во соопштението за медиумите се наведува дека убиството се случило вчера попладне во куќата, а дека детето било констатирано за мртво во болница, пренесе ABC.

Мајката на децата во полиција рекла дека била во куќата но во друга просторија кога се случила несреќата.

Џолиет се наоѓа југозападно од Чикаго.

притисни ентер