Британија, Италија и Шпанија бележат најниски црни бројки од март

Велика Британија денеска соопшти дека 413 лица со коронавирус починале во болниците во последните 24 часа, што е најниска бројка од крајот на март, со тоа што и Италија и Шпанија бележат слични подобрувања на состојбата.

Според британскиот министер за земјоделство и животна средина Џорџ Џастис на денешната прес-конференција, досега во Велика Британија починале 20.732 луѓе.

Џастис рече дека 152.840 луѓе се позитивни на коронавирус, но бројот на новозаболени и приматели на интензивна нега опаѓа.

Дефинитивно е тренд на опаѓање на бројот на лица во болниците со коронавирус, изјави директорот на Националната здравствена служба (НХС) за Англија.

„Сега имаме дефинитивен тренд на намалување на бројот на луѓе во болниците. Ова е најочигледно во Лондон, но и на други места, рече Стивен Пауис.

„Тоа покажува дека нашето почитување на социјалната дистанца се покажа како ефикасно; го намалува преносот и ширењето на вирусот“, додаде тој.

Министерот за надворешни работи Доминик Рааб, кој го заменува премиерот Борис Џонсон, кој треба утре да се врати на работа, откако се опорави од „ковид-19“, истакна дека тоа е „деликатна и опасна фаза“ и дека би било неодговорно да се шпекулира за детали за олеснување на карантинот затоа што тоа ќе ја наруши пораката до луѓето дека треба да останат дома.

Италија регистрира 260 смртни случаи во 24 часа, што е најмал број од 14 март.

Оттогаш, имало повеќе од 300 смртни случаи секој ден, со кулминација во еден ден, приближно од 1.000.

Италија е трета земја според бројот на заразени во светот со скоро 200.000 лица и втора според жртвите со повеќе од 26.000 починати.

Сепак, бројот на луѓе кои се заразиле со инфекција се зголемил малку од вчера до денеска, по шест последователни дена пад, за 256.

Премиерот Џузепе Конте, во интервју за неделниот весник „Ла Република“, објави дека Италија ќе ги отвори производните активности на 4 мај како дел од мерките за ублажување на карантинот и дека училиштата ќе се отворат во септември.

Италија беше првата европска земја ,сериозно погодена од новиот коронавирус и беше прва што воведе карантин во март.

Во Шпанија, епидемијата на коронавирус однесе 288 животи во последните 24 часа, што е најниско ниво во земјата од 20 март, соопшти Министерството за здравство.

Вкупно сега има 23.190 жртви во земјата што платиле највисока цена по САД и Италија, каде започнаа да ги релаксираат карантинските мерки, дозволувајќи им на децата да ги напуштат домовите.

„Ние само го зацврстуваме падот на бројот на заразени“, рече министерот за здравство Салвадор Ила.

Сега бројот на новозаболени од ден на ден достигна до 0,8 проценти, додека на 14 март кога беше прогласена карантината се зголеми за 35 проценти од претходниот ден.

Франција денеска објави дека бројот на нови починати продолжува да забавува, со 242 за последните 24 часа. Вкупно смртни случаи од ковид-19 во Франција се 22.856.

Бројот на пациенти на интензивна нега исто така опаѓа, добар знак пред постепеното олабавување на карантинот планиран за 11-ти мај.

Францускиот премиер Едуард Филип треба да го детализира планот за процесот во вторник пред Националното собрание.

Француски пекари го направија најдолгиот багет и влегоа во Гинисовата книга (ВИДЕО)

Лебот е токму она по што е позната Франција, покрај секако виното, страста и сирењето.

Тогаш не треба да нѐ чуди информацијата дека пекарите од оваа земја го направиле најдолгиот багет на светот и со тоа влегле во Гинисовата книга на рекорди.

Должината на багетот е 140,53 метри, со што го надминаа претходниот рекорд од 132,62 метри, кој беше актуелен речиси пет години. Го подготвувале дури 18 пекари, а самата подготовка започнала во три часот наутро по локално време. Багетот го ставиле да се пече во пет часот наутро, а за таа прилика била дизајнирана специјална мобилна рерна.

Кога ќе се испече, дел од багетот се сече, се премачкува со чоколаден крем и се дели на толпата. Другиот дел бил даден на локалното младинско здружение за да го подели на бездомниците таа вечер.

Овој леб го виде светлото на денот минатиот викенд на набљудувачката палуба на тераса во западната комуна во близина на Париз, пишува „Си-Ен-Ен“.

Според официјалните спецификации на француската влада, традиционалниот француски багет се состои од бело брашно, вода, квасец и сол и се сече со пет сечила долги околу 60 сантиметри.

Израел го започна нападот на Рафа, пропадна мировниот план (ВИДЕО)

Израел започна голема воена офанзива против силите на Хамас во Рафа, најјужниот град во Газа.

Израелските сили ја презедоа контролата на граничниот премин Рафа, прекинувајќи ја клучната рута за помош за веќе изгладнетиот Појас Газа.

На снимката објавена од израелските одбранбени сили (ИДФ) се гледаат тенкови кои носат големи израелски знамиња и го кршат бетонскиот знак „Ја сакам Газа“.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант рече дека офанзивата ќе продолжи се додека силите на Хамас во Рафа „и целиот Појас Газа“ не бидат „елиминирани“ или додека милитантната исламистичка организација не почне да ослободува заложници.

„Ова е почеток на нашата мисија да ги уништиме последните четири бригади на Хамас во Рафа. Во тоа не треба да се сомневате“, изјави владиниот портпарол.

Израелската операција беше започната неколку часа откако лидерите на Хамас објавија дека ќе го прифатат неодамнешниот предлог за прекин на огнот, изнесен од катарските и египетските посредници.

Примирјето ќе го означеше првиот прекин во борбите од ноемврискиот прекин на огнот за време на кој Хамас ослободи околу половина од 250-те израелски и заложници од други националности заробени во ненадејниот напад врз Израел во октомври. За време на таа размена, Израел ослободи 240 Палестинци од своите затвори.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека не е задоволен од новиот предлог на Хамас за прекин на огнот, а Хамас предупреди дека нема да има договор доколку продолжи израелската агресија врз Појасот Газа.

Нетанјаху рече дека новиот предлог на Хамас за прекин на огнот е далеку од основните барања на Израел, додавајќи дека сè уште е неопходен воен притисок за ослободување на заложниците што Хамас ги држи во Појасот Газа.

Израелските сили ја зазедоа палестинската страна на граничниот премин Рафа, што Нетанјаху го опиша како „многу значаен чекор кон уништување на преостанатите воени капацитети на Хамас“.

Официјалниот претставник на Хамас, Осама Хамдан денеска предупреди дека нема да има прекин на огнот доколку продолжи израелската агресија врз Појасот Газа.

Хамдан ова го изјави на прес-конференција во Бејрут, а делегацијата на Хамас во меѓувреме пристигна од Доха во Каиро за да ги продолжи преговорите за прекин на огнот, соопшти Хамас.

„Тврдиме дека воената операција во Рафа, доколку ја изврши Израел, нема да биде пикник за израелската армија“, рече Хамдан. „Топката е на теренот на Нетанјаху“, додаде тој.

Тој истакна дека новиот предлог за прекин на огнот со кој се согласил Хамас е „минимумот што ги исполнува барањата на нивниот народ и нивниот отпор“.

„Преминот Рафа беше и ќе остане исклучиво египетско-палестински премин“, рече Хамдан.

Млад Американец за малку ќе убиел свештеник среде служба- му откажал пиштолот (ВИДЕО)

Млад човек е осомничен дека се обидел да убие свештеник за време на служба во Пенсилванија паднал на подот кога пиштолот не испукал, соопшти полицијата.

Бернард Јуниор Полит (26) бил сослушан во полиција.

"Господ ми рече да го направам тоа. Планирав да чекам полицијата да ме уапси", рекол Бернард.

Инцидентот се случил во црквата на Исус Христос во Норт Бредок, нешто по 13 часот.

Осомничениот Бернард Јуниор Полит (26) влегол во црквата и се обидел да го убие свештеникот Глен додека тој служел, пишува Sky news.

Сè е забележано од камерите, додека свештеникот во живо ја пренесувал богослужбата.

За среќа, пиштолот не можел да испука, па свештеникот и еден верник успеале да го разоружаат напаѓачот.

„Благодарен сум на Бога што се уште сум тука, бидејќи тој го повлече чкрапалото“, изјавил свештеникот за американските медиуми.

Отец Глен рече дека напаѓачот се насмеал пред да го повлече пиштолот.

„Почнав да проповедам и наеднаш од левата страна го видов како се движи од задната страна кон предната страна на црквата. Застана и ми се насмевна“, рекол свештеникот.

Следниот момент видел дека младиот човек држи пиштол.

„Во тој момент единствено што можев да направам е да трчам и да барам заштита“, рекол свештеникот.

Тој му се заблагодари на верникот кој скокнал да го задржи напаѓачот.

„Можеше да умре, но тој човек се жртвуваше, тој е херој“, додал свештеникот.

Осомничениот за нападот е уапсен. Мотивот се уште не е познат.

притисни ентер