ВМРО-ДПМНЕ: Честитки коалиција СДС и ДУИ, Кузеска се секира дали ДУИ ќе победи во Брвеница, каде СДС нема кандидат во втор круг
2ВМРО-ДПМНЕ: Честитки коалиција СДС и ДУИ, Кузеска се секира дали ДУИ ќе победи во Брвеница, каде СДС нема кандидат во втор круг
3Божинов: Нов цевковод од 8,9 километри, целосно покривање на пазарот и асфалтирање на улици за развој на Ново Село
Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
СветБританија испраќа против воздушна одбрана на Блискиот Исток Велика Британија испраќа дополнителна опрема за воздушна одбрана за да им помогне на своите сојузници на Блискиот Исток поради континуираните ирански напади.Ова го објави денеска министерот за одбрана Џон Хили за време на посетата на Саудиска Арабија, Катар и Бахреин, каде што со сојузниците разговараше за Ормутскиот теснец и понатамошната соработка меѓу Обединетото Кралство и земјите од Заливот во областа на регионалната безбедност, пишува Ројтерс. Распоредување на клучни системи Според соопштението за медиумите од британското Министерство за одбрана, Обединетото Кралство ќе го распореди Sky Sabre, напреден систем за воздушна одбрана на копно што го користи британската армија, во Саудиска Арабија. Хили, исто така, најави продолжување на престојот на британските борбени авиони Typhoon во Катар, каде што Британија има заедничка ескадрила со катарските воздухопловни сили. Дополнително, британскиот лесен повеќенаменски фрлач веќе е во Бахреин, каде што е во тек неговата интеграција во одбранбените системи на земјата, додаде министерството. Поддршка за партнерите во Заливот „Ги признавам херојските напори на нашите партнери низ Заливот во одбрана на нивните земји. Цврсто стоиме зад нашите долгогодишни партнери на Блискиот Исток и ќе продолжиме да се залагаме за брзо решавање на овој конфликт“, рече Хили во соопштението.Тагови: блискиот исток Британија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
Црна хроникаСкопјанец во струшко и кичевец во Кичево возеле пијани- уапсени се На 25.10.2026 во 01:00 часот во струшкото село Мислешево, полициски службеници го лишија од слобода Н.П.(60) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мг“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршено алкотестирање, кај него констатирале 2,22 промили алкохол во крвта. Тој веднаш е исклучен од сообраќај, по насоки на јавен обвинител одземено му е патничкото возило и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 25.10.2026 во 05:45 часот на ул.„4 јули“ во Кичево, полициски службеници го лишија од слобода Д.С.(30) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршено алкотестирање, кај него констатирале 1,63 промили алкохол во крвта. Тој веднаш е исклучен од сообраќај, по насоки на јавен обвинител одземено му е патничкото возило и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од СВР Охрид.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Честитки коалиција СДС и ДУИ, Кузеска се секира дали ДУИ ќе победи во Брвеница, каде СДС нема кандидат во втор кругЧеститки за коалицијата СДС–ДУИ. Кузеска толку се грижи дали ДУИ ќе победи во Брвеница, а притоа СДС воопшто нема свој кандидат во вториот круг.Па, откако СДС остана без свој кандидат, од каде толкава загриженост за изборниот резултат на ДУИ? Наместо СДС да се грижи за сопственото членство и да зборуваат за сопствената политика и поддршка, СДС се грижи за ДУИ. СДС се занимаваат со се освен за сопствениот дебакл кој го доживееа во Брвеница. Граѓаните им испратија јасна порака на Филипче и СДС во Брвеница. Филипче и СДС се обидуваат да најдат утеха во пласманот на четвртото место. СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и се радува на поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница. Кога СДС нема кандидат во финалната трка, а толку внимание посветуваат на тоа дали ДУИ ќе победи, тогаш нека се изјаснат јавно за граѓаните да знаат кој за кого навива и чии интереси всушност од СДС се бранат? Честитки коалција СДС- ДУИ,се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБожинов: Нов цевковод од 8,9 километри, целосно покривање на пазарот и асфалтирање на улици за развој на Ново СелоНа 19 октомври 2025 година, по втор пат ми ја дадовте вашата доверба да ја водам Општина Ново Село. Таа доверба за мене претставува голема чест, но пред сè, обврска и одговорност да продолжам посветено да работам за доброто на нашата општина и за подобар живот на сите наши сограѓани. Деновиве навршува една година од почетокот на мојот втор мандат – година исполнета со бројни предизвици, во услови на глобални економски движења кои влијаат врз нашата држава, но и врз локалните процеси. Сепак, ова беше и година на важни стратешки чекори, нови инвестиции и проекти кои треба да остават трајна вредност за идните генерации. Гордо можам да кажам дека продолживме да работиме на она што е најважно за граѓаните: сигурно водоснабдување, подобра инфраструктура, економски развој, зачувување на културното наследство, поддршка на спортот и создавање подобри услови за живот во сите населени места во општината. Еден од најважните проекти на кои започнавме да работиме на почетокот на годината е проектирањето на нов цевковод во должина од 8,9 километри, со планиран зафат во близина на Стиник, кој треба да обезбеди чиста вода за пиење за Ново Село и Самоилово. Ова е една од стратешки најзначајните инвестиции за нашата општина. Нашата цел е да создадеме долгорочно, сигурно и одржливо решение за водоснабдувањето, кое ќе одговори на потребите на населението во наредните децении. Согласно планираната динамика, реализацијата на терен треба да започне во средината на 2027 година. Друг значаен проект е целосното покривање на пазарот во Ново Село – инвестиција што се чекаше три децении. Со неа ќе создадеме посовремени и посоодветни услови за нашите земјоделски производители, трговци и граѓани. Пазарот не е само место за трговија, туку и простор за поддршка на домашното производство, локалната економија и традицијата на нашиот крај. Деновиве е потпишан договор за реализација на годишната програма за асфалтирање, со која е предвидено до крајот на оваа година да се асфалтираат 18 улици во населените места во нашата општина. Со поддршка од Светската банка успешно беа реализирани и асфалтирањата во викенд-населбата во Мокрино, како и пристапниот пат до скалите за Смоларскиот водопад. Тоа се инвестиции што придонесуваат за подобра инфраструктура, полесна пристапност и развој на туристичките потенцијали на нашиот крај. Горди сме и на завршувањето на втората фаза од пешачката и рекреативната патека од Ново Село до Мокриево. Продолжуваме со проектирање на нејзино поврзување од Колешино до Мокринските извори, со цел да создадеме поврзана рекреативна целина која ќе ги обедини природните убавини и туристичките потенцијали на нашата општина. Се асфалтираа и улици во индустриските зони, а во тек е постапката за целосна автоматизација на системот за водоснабдување во Сушица. Продолжуваме да инвестираме во инфраструктурата, затоа што веруваме дека секое населено место заслужува подобри услови за живот и развој. Посебна чест ми претставува фактот што, по цели 50 години, во Ново Село повторно ќе се гради станбена зграда. За овој објект неодамна е издадено одобрение за градење, а започнати се и почетните активности за реализација на инвестицијата. Дополнително, издадени се одобренија за изградба на викенд-куќите во Мокрино, за кои се очекува до крајот на 2027 година да бидат создадени услови за прием на првите туристи. Ова е важен чекор кон развој на локалниот туризам, отворање нови можности и поголема економска активност во нашите населени места. Посветено работиме и на зачувувањето на нашето богато културно-историско наследство. Инвестиравме во реставраторски активности на кулата Пирго над Мокриево, а во тек е и постапката за изработка на проектно решение за нејзина целосна реставрација, со цел да се зачува и доближува до идните генерации нејзиниот историски изглед и значење. Нашето културно наследство не е само спомен од минатото – тоа е дел и еден од најважните предуслови за развој е стабилното и одговорно управување со општинските финансии. Со особена гордост истакнувам дека во текот на моето досегашно раководење, Општина Ново Село редовно ги сервисира и исплаќа своите обврски, нема заостанати долгови и го одржува буџетот во стабилна финансиска состојба. Ова не е само финансиски показател, туку потврда дека со одговорно планирање, домаќинско работење и правилно поставени приоритети можеме да создаваме услови за нови инвестиции и континуиран развој. Паралелно, започнавме и други значајни постапки. Во подготовка е проектирањето на мега-паркот во Ново Село, а планирано е и проектирање на фекална канализација во Зубово, како и реализација на други проекти што директно ќе придонесат за подобар квалитет на живот на нашите сограѓани. Оваа година покажа дека Општина Ново Село има силен културен дух, жива традиција и граѓани кои знаат да го чуваат и негуваат своето наследство. Културните манифестации ги надминаа очекувањата, а настаните како СМОТРА, Илинден на Мокринските извори, „Незаборав на заветот“ во Колешино, Иселеничките средби на Пирго во Мокриево и Костенијадата во Смолари привлекоа илјадници посетители од различни делови на Македонија. Овие манифестации се многу повеќе од културни настани. Тие се средби на генерации, потврда на нашата традиција и можност да ги поврземе луѓето со родниот крај, без разлика каде живеат и работат. Посебно признание заслужува нашето Културно-уметничко друштво „Јане Сандански“ од Ново Село, кое и надвор од државните граници достојно ги претставува македонската култура, традиција и обичаи. Значајни чекори направивме и во развојот на спортот. По цели 50 години, фудбалот повторно е возобновен во Ново Село. Фудбалскиот клуб „Огражден“, како шампион на општинската лига, обезбеди пласман во Третата македонска фудбалска лига. Овој успех е доказ дека со вложување, посветеност и заедничка работа можеме да ги вратиме спортскиот дух и натпреварувачката традиција во нашата општина. Успешно продолжува и развојот на женскиот одбојкарски клуб, кој настапува во Втората лига и бележи значајни резултати, освојувајќи медали и носејќи радост и гордост на домашната публика. Вложувањето во спортот е вложување во младите, во нивното здравје, дисциплина, тимски дух и иднина. Затоа и понатаму ќе ги поддржуваме спортските клубови и младите кои со својот труд ја претставуваат нашата општина. Продолжуваме заедно, со уште поголема одговорност. Почитувани сограѓани, сите овие проекти и активности се резултат на потребите и барањата на граѓаните, но и на нашата заедничка определба Општина Ново Село да продолжи да се развива. Пред една година, на 19 октомври 2025 година, ми ја дадовте довербата да продолжам по патот што заеднички го трасиравме во 2021 година. Со тоа ми ја дадовте и обврската да продолжам да работам одговорно, посветено и во интерес на секој граѓанин. Особено сум горд што сум првиот градоначалник на Општина Ново Село кому граѓаните му довериле втор мандат. Тоа за мене не е само признание, туку и дополнителна обврска да ја оправдам вашата доверба со конкретни резултати, чесна работа и посветеност. Свесен сум дека пред нас има уште многу работа, многу предизвици и многу потреби што треба да ги решаваме. Не ветувам дека сè може да се направи преку ноќ, но ветувам дека ќе продолжам неуморно да работам, внимателно да ги слушам вашите барања и да ги вложувам своите знаење, енергија и време за доброто на нашата општина. Затоа што Ново Село не е само место на картата. Ново Село е нашиот дом, нашето огниште, нашата традиција и нашата иднина. Продолжуваме заедно – со работа, одговорност и верба во подобро утре. За доброто на нашата татковина, за развојот на Општина Ново Село и за подобра иднина на сите наши сограѓани. Ви благодарам за довербата, за поддршката и за можноста заедно да го градиме Ново Село какво што го посакуваме – поубаво, посилно и поразвиено, рече Ѓорѓе Божинов, градоначалник на општина Ново Село. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook