Министерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија јавните претпријатија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, го повикуваме јавното обвинителство да постапи по ревизорските извештаи
2Министерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија јавните претпријатија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, го повикуваме јавното обвинителство да постапи по ревизорските извештаи
БалканБританија и Бугарија со заедничка истрага за труењето со нервен отров Бугарија ја истражува поврзаноста на труењето на шпионот Скрипал со нервен отров со труењето на трговец со оружје во Софија.Бугарскиот државен секретар Сотир Цацаров изјави денеска дека Сергеј Федотов , осомничен за труењето на рускиот двоен шпион Сергеј Скрипал со нервен гас во Британија , три пати ја посетил Бугарија во 2015 . Една од посетите на Федотов се поклопува со труењето на бугарскиот трговец со оружје , Емилијан Гебрев во април 2015. Лани во октомври дел од руските медиуми објавија дека Федотов е агент на руската воена разузнавачка служба ГРУ и третоосомничен за труењето на Скрипал во Британија. Како што изјави денеска Цацаров , бугарските истражители собрале важни докази за престојот на Федотов во Софија во врска со истрагата за труењето на трговецот со оружје. Москва ги отфрла наводите за каква било поврзаност со труењето на Скрипал , или на Гебрев или за нивна поврзаност со Федотов. Британската амбасадорка во Софија , Ема Томсон денеска изјави дека Британија продолжува со блиската соработка со Бугарија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаМанасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот близок соработник Еролд МуслиуПендаровски призна дека објектот кој се гради во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу.Поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу кој беше директно назначен од Пендаровски, гради зграда во Влае, нешто коешто со административна плата како директор, или пак како обичен вработен, не се заработува таа сума. Токму ова е таа шема на СДС која за жал владееше со години во Македонија. Организираната криминална група е токму СДС на чело со криминалецот без тапија Филипче. Сите нивни функционери, кога излегоа од политиката или им завршија мандатите на функциите, веднаш отворија фирми, бизниси, градат згради, исто како што прават Филипче и Зоран Заев. Во таа насока, очекуваме јасни одговори од соработникот на Пендаровски, од каде му се милионите за изградба на зградата во Влае? Дали пријавените семејни приходи на Муслиу можат да го оправдаат ваквиот капитал и дали можеби има и судир на интереси? Бараме транспарентност, документи и одговори, а од надлежните институции очекуваме да го испитаат потеклото на средствата и евентуалните судири на интереси. Го повикуваме ЈО да постапи по допрен глас и да го истражи овој случај. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
ФудбалВидео: Кристијано Роналдо се прости од репрезенативниот дрес на Португалија!Долгогодишниот капитен на фудбалската репрезентација на Португалија, Кристијано Роналдо одлучи дека повеќе нема да игра за националниот тим. Легендарниот португалски фудбалер, кој има 41 година, ја објави својата одлука преку видео објавено на Инстаграм, ставајќи крај на својата 23-годишна репрезентативна кариера. „Португалија секогаш ќе биде во мене“, напиша Роналдо покрај видеото. View this post on Instagram A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) Роналдо одигра 234 натпревари за португалската репрезентација и постигна рекордни 146 гола, со што стана најдобар стрелец и рекордер според бројот на настапи во историјата на машкиот репрезентативен фудбал во светски рамки. Кристијано дебитираше за Португалија во далечната 2003 година и во текот на повеќе од две децении стана симбол на националниот тим, како и еден од најзаслужните за најголемите успеси на португалскиот фудбал. Со капитенската лента на раката, тој ја предводеше репрезентацијата до титулата европски шампион во 2016 година, како и до трофејот во Лигата на нации во 2019 година, а настапи на дури пет светски првенства и шест европски првенства. Одлуката за повлекување доаѓа по елиминацијата на Португалија од Светското првенство во 2026 година. Роналдо претходно навести дека размислува за завршување на својата репрезентативна кариера, но тогаш одлучи да продолжи да игра за националниот тим. Неговото заминување доаѓа и по еден бурен период во репрезентацијата, кој вклучуваше несогласувања со селекторот Жорже Жезус, откако тој остана на клупата за резервни играчи за време на победата на Португалија над Норвешка во Лигата на нации, одиграна во септември. Иако претходно изјави дека сè уште му стои на располагање на селекторот, преку објава на социјалните мрежи тој потврди дека сега дефинитивно одлучил да стави крај на својата приказна во националниот тим. Така, Португалија останува без долгогодишен капитен, најдобар стрелец и играч кој повеќе од две децении беше заштитно лице на репрезентацијата. Бројките што ги остава Роналдо зад себе зборуваат сами за себе: 234 настапи, 146 гола, титула од Европското првенство и трофеј од Лигата на нации. Една од најголемите репрезентативни кариери во историјата на фудбалот дојде до својот крај.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија јавните претпријатија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, го повикуваме јавното обвинителство да постапи по ревизорските извештаиДвете јавни претпријатија Македонски железници транспорт и Mакедонски железници инфраструктура ги примија двата ревизорски извештаи за периодот во кој со претпријатијата раководеа кадрите на СДСМ и ДУИ. Во ревизорскиот извештај кој е изготвен на барање на актуелните раководства се нотирани клучни проблеми и за истите веќе се преземени мерки. Сметаме дека врз основа на аномалиите кои се нотирани во извештајот и клучните проблеми кои биле игнорирани од претходните раководства, јавните претпријатија биле доведени на раб на пропаст и нивно целосно уништување. Како министерство апелираме јавното обвинителство и надлежните институции да ги проверат наодите на Државниот завод за ревизија. Државниот завод за ревизија по службена должност треба да ги испрати извештаите до надлежните институции, а истите во целост ќе бидат испратени до Јавното обвинителство и апелираме да постапи по овие извештаи. Извештаите за двете јавни претпријатија, Македонски железници инфраструктура и Македонски железници транспорт се однесуваат на работењето до 2024 година, и е извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на јавните претпријатија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00