Британецот Кларк победник на Македонија Опен 2025 - Канал 5

Британецот Кларк победник на Македонија Опен 2025

 Дваесет и шестгодишниот Британец Џеј Кларк е победник на годинашново издание на АТП Челинџер 75 тунриот Macedonian Open откако во финалето кое траеше 84 минути го победи квалификантот Нермин Фатиќ од Босна и Херцеговина со 2-0 (6:2 и 6:3).&nbs

Британецот Кларк победник на Македонија Опен 2025

За триумфот на тунирот тој освои 75 поени и 1920 евра, додека Фатиќ освои 44 поени и 7.620 евра.

Кларк беше тенисерот кој го направи и првиот брејк во мечот откако во чегтвртиот гем го одзема сервисот на ривалот и поведе со 3:1. Но, веќе во следниот Фатиќ направи ри-брејк за 3:2. Сепак предноста од брејк Британецот ја врати со освојување на уште еден сервис на ривалот за 4:2, а сетот го потврди со уште еден брејк во осмиот гем за 6:2 во гемови и водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет беше Кларк брејк направи на почетокот на сето за водство од 2:0 во гемови, а потоа следуваше и предност од 3:0, која ја задржа до крајот на сетот, иако за да го освои сетот потребно му беше да ја освои дури петтата меч топка.

Воедно ова беше најкусиот меч за Кларк во Скопје (84 минути), а сите меча ги доби со 2-0 во сетови, иако притоа имаше победи против Хуго Делиен (прв носител); Жоел Шварцлер (лански победник на Macedonian Open) и Педро Качин.

И додека на Централниот терен се играше финалето во сингл конкуренција на теренот број 5 се играше финалето во конкуренција на двојки. Со пресврт до триумфот стигнаа тенисерите од Чешка Ендрју Полсон и Михаел Врбенски, кои со 2-1 во сетови (2:6, 6:4 и 10:6) ги победија Срирам Балаџи и Мигуел Рејес-Варела (Индија/Мексико). Финалниот меч во двојки траеше 82 минути.

Поради дождот двата финални меча се играат на различни терени и доцнеа со почетокот речиси три часа, а и двата завршија приближно во исто време кога повторно дождот се беше присутен, но беше пречка за да заврши церемонијата на доделување на медалите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест во Богданци по убиството на Билјана Кириќ

Денеска во 19 часот во Градскиот парк во Богданци ќе се одржи протест по убиството на 17 годишната Билјана Кириќ за кое осомничено нејзиното поранештно момче 21 годишниот Виктор Бунтаров..

Протест во Богданци по убиството на Билјана Кириќ

„Ова е повик за заедничко изразување на револт, поддршка и барање за правда. Повик да не молчиме пред насилството врз жените и да побараме поголема одговорност, заштита и навремена реакција од институциите. Да покажеме солидарност. Да испратиме порака дека насилството не смее да се премолчува“, пишува во повикот на социјалните мрежи.

Убиството се случи во средата кога 21 годишникот прво го запалил автомобилот каде била билјана, а потоа си го одзел животот.. Виктор имал забрана за приближување по пријава од семеството на Билјана..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најавува договор за мир во Украина по средбата со пратеникот на Путин

Трамп се сретнал приватно со рускиот претставник Кирил Дмитриев во Белата куќа.

Трамп најавува договор за мир во Украина по средбата со пратеникот на Путин

По средбата, Трамп изјави дека наскоро би можел да биде постигнат договор за завршување на војната во Украина.

Тој најави дека договорот би можел да има пошироки последици и да ја опфати цела Европа.

Американска делегација ќе посредува во разговорите меѓу Русија и Украина во Абу Даби на 10 и 11 ноември.

Пратеникот Џаред Кушнер соопшти дека во Брисел се одржале продуктивни разговори со Украина, НАТО и европските партнери.

Во фокусот биле безбедносните гаранции за Украина и европската безбедност.

Средбата со Дмитриев се одржа на настан организиран од првата дама Меланија Трамп.На него присуствуваа и украински претставници, кои ја повикаа да продолжи со мировните напори.Меланија Трамп им предаде писма на делегациите адресирани до Путин и Зеленски.Ова е првиот директен контакт меѓу руски и американски претставници по среднорочните избори во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК

Најновиот извештај на Европската комисија е објективен и дава реален преглед на состојбите во земјава, оцени синоќа во теклевизиско гостување министерот за надворешни работи и надворешна трговија  Тимчо Муцунски.

Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК

Тој посочи дека во одредени области Македонија бележи висок степен на напредок и усогласеност.

Според Муцунски, во ниту една од оценуваните области нема назадување.Тој истакна дека и амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, потврдил дека годинашниот извештај е подобар од ланскиот.

Муцунски смета дека извештајот треба да се сфати како обврска кон граѓаните и исполнување на европските стандарди. Како области со висок степен на усогласеност ги посочи надворешната, безбедносната и одбранбената политика. Напредок, според него, е забележан и во дигитализацијата, науката и образованието. И евроамбасадорот Рокас и премиерот Мицкоски гледаат напредок во годинешниот извештај на Европската комисија, за чии наоди двајцата дадоа свои оценки.. За Рокас, освен уставните измени, курупцијата и правосудството остануваат клучни предзвици за Македонија.. Мицкоски смета дека не се работи за недостиг на реформи, туку за преостанати политички услови.. Секретарот за животна соработка и член на извршниот одбор на СДСМ Андреј Жерновски синоќа во само интервју рече дека она што загрижува е што имаме нула напредок во борбата против корупцијата. Нула напредок имаме и кај слободата на медиумите. Судството е под политичка опсада, а земјоделството е пред колапс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер