Британец убиен од 30 шпански селани, зашто неговиот син танцувал со локална девојка - Канал 5

Британец убиен од 30 шпански селани, зашто неговиот син танцувал со локална девојка

49 годишниот Стивен Мелон бил фрлен од тераса на локал во Компета, во близина на Малага, откако претходно тој и неговите синови биле нападнати од 30 разбеснети селани. Стивен бил турнат од оваа тераса.

Британец убиен од 30 шпански селани, зашто неговиот син танцувал со локална девојка
Нападот се случил во 2009 година. 11 дена откако добил фатални повреди по падот од терасата, Стивен Мелон починал. Трагичниот инцидент одново е отворен на судењето кое во Малага се одвива деновиве.

Според сведочењата, таа вечер Стивен и неговите синови биле на забава во шпанското село Компета. Еден од синовите близнаци на Стивен кои тогаш имале 16 години, танцувал со девојка на еден од селаните. 30 локални жители вооружени со метални палки, ремени и стаклени шишиња, ги нападнале Стивен и неговите синови. Таткото бил турнат од тераса, а момчињата добиле повреди од ударите со метални палки. Стивен веднаш паднал во кома од која не се разбудил, а момчињата го избегнале најлошото.

Ова е Стивен со неговите синови и ќерката.

Stephen Mallon, pictured with his family. the 49-year-old died 11 days after being 'attacked' in June 2009, after failing to come out of a coma, a court heard

За убиството е обвинет Хозе Иван Хименез Мартин кој го турнал Стивен од терасата. Обвинителството за него бара казна од 12 години затвор. Уште 15 кои се обвинети за учество во нападот се изјасниле за невини и се борат да не добијат затворски казни./ извор: Дејли меил

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес е Св. Архангел Михаил

Православните христијани на 21-ви ноември го празнуваат празникот Свети Архангел Михаил, една од најчестите слави кај нас. 

Денес е Св. Архангел Михаил

Денес задолжително помолете се за здравје на најблиските и простете им на тие што ви згрешиле, за да ви се исполни најголемата желба. Именден слават сите што носат име Ангел, Ангеле, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка...

Пред да го создаде материјалниот свет (земјата, небото, ѕвездите, човекот итн.) Господ ги создал ангелите. На почетокот сите ангели биле добри, но потоа некои од нив се одметнале и почнале да прават злодела, па тие се познати и како ѓаволи.

Архангел Михаил уште е познат и како војвода на ангелите, затоа што кога Луцифер се отпаднал од Бога и со себе повлекол во пропаст еден од ангелите, тој застанал на чело на неотпаднатите ангели и прв се впуштил во борба против злото.

Затоа на фреските и иконите Архангел Михаил најчесто е претставен како борец - војвода, со меч, а според некои верувања се смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души на кои им чукнал часот.

Друго верување е дека ако овој Архангел се појави над главата на некој што е болен, тогаш тој ќе оздрави. Постојат голем број приказни за чудотворните исцелувања на ангелот – на еден маж му се јавил на сон и му рекол дека неговата ќерка ќе оздрави ако се измие на еден извор.

За друго негово чудо се смета и спасувањето на момчето Василиј Карастирис, кое паднало и сериозно ја повредило главата. На Василиј морало да му биде направена итна операција, а лекарите предвидувале дека момчето ќе остане слепо и со парализа на ногата и раката.

Момчето раскажувало како додека го подготвувале за операција, пред себе видел светлина, а во неа храм со високи ѕидови и пред него бил Архангелот кој му рекол:

„Дојди тука, Василиј! Не плаши се, ќе оздравиш. Јас ќе ја водам раката на лекарот и операцијата ќе биде успешна“.

Момчето навистина оздравело, а најинтересно е што операцијата била направена на 21-ви ноември, денот кога се слави Архангел Михаил.

Од овие причини, Свети Архангел Михаил е една од најчестите слави како кај нашиот, така и кај другите православни народи. На денешен ден верниците одат во црква и се молат за свое, но и за здравје на своите најблиски.

На Аранѓеловден слават сите што носат име поврзано со архангелите Михаил, Михајло, Мијалче, Михаела, Михајела, потоа Ангел, Ангелина, Ангела, Ангелче, Аранѓел, Аранѓелка.

Во некои семејства именден слават и Гаврил и Габриела, бидејќи празникот е посветен на сите архангели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американците ѝ нудат на Украина членство во НАТО во замена за Донбас?

Американските преговарачи ја разгледуваат можноста Украина да добие полноправно членство во НАТО во замена за повлекување на своите сили од деловите на Донбас што сè уште ги контролира. 

Американците ѝ нудат на Украина членство во НАТО во замена за Донбас?

Ова е едно од двете сценарија за ставање крај на војната, кои американските претставници ги изнесоа за време на разговорите со украинските и европските функционери, пренесува „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на лица запознаени со преговорите.

Второто сценарио предвидува замрзнување на конфликтот долж сегашната линија на фронтот, при што Украина би ја задржала територијата што моментално ја контролира, а за возврат би добила безбедносни гаранции од САД – а потенцијално и од европските сојузници.

Ваквите предлози би претставувале значителна промена во политиката на САД кон Украина. Доналд Трамп претходно ја отфрли можноста Украина да се приклучи кон НАТО, тврдејќи дека таков потег би бил неприфатлив за Русија и би можел да доведе до директен конфликт меѓу Западот и Москва.

Според „Волстрит џурнал“ (WSJ), зетот и специјален пратеник на Трамп, Џаред Кушнер, во текот на изминатите месеци во неколку наврати разговарал за можноста Украина да стане членка на НАТО во замена за територијални отстапки кон Русија. Оваа идеја била покрената за време на средбите меѓу Кушнер, уште еден американски пратеник – Стив Виткоф – и европски претставници.

Последен пат тоа се случило минатата недела во Даблин, каде што тие се сретнале со украинскиот претседател Володимир Зеленски, неговиот советник Рустем Умеров и европски претставници за безбедност.

Предлогот бил спомнат и за време на преговорите во Обединетите Арапски Емирати, каде што американските претставници разговарале со украински, руски и европски претставници. Еден европски лидер изјавил за „Волстрит џурнал“ дека за слична можност се разговарало уште во август.

Првото сценарио предвидува Украина да ѝ го отстапи на Русија преостанатиот дел од Донбас што е моментално под нејзина контрола, во замена за полноправно членство во НАТО.

Второто сценарио предвидува прекин на конфликтот долж моменталната линија на фронтот. Во овој случај, Украина би задржала дел од Донбас, но наместо членство во НАТО, би добила безбедносни гаранции дефинирани преку меѓународен договор со САД – а потенцијално и со европските сојузници.

Претставник на американската администрација изјави за „Волстрит џурнал“ (WSJ) дека преговарачите разгледуваат различни опции, но нагласи дека секој конечен договор ќе мора да биде прифатен и од Украина и од Русија.

Трамп му се јавил на Кушнер за време на состанок во Берлин.

Оваа нова информација доаѓа по вчерашниот состанок во Берлин на таканаречената „коалиција на волните“, на кој европските лидери, Зеленски и американските преговарачи разговараа за идната безбедност на Украина.

Според двајца учесници на состанокот, Трамп му се јавил на Кушнер од авионот „Ер форс уан“ (Air Force One), додека се враќал од самитот со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг. Трамп им рекол на европските лидери и на Зеленски – кои биле собрани заедно со Кушнер – дека Путин е уморен од војната и е подготвен за договор. Тој исто така сугерирал дека, со постигнување мировен договор, би можеле да заштедат значителна сума пари што моментално се трошат за поддршка на Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремен локален дожд и температури до 22 степени

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.

 Променливо облачно со повремен локален дожд и температури до 22 степени

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

0 Попова Шапка, 1 Берово, 3 Лазарополе, Крушево, 4 Крива Паланка, Струмица, 6 Штип, 7 Битола, Виница, Прилеп, 8 Претор, Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Демир Капија, Велес, 9 Охрид, 10 Кавадарци, 10 Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)

11 Попова Шапка, 10 Скопје-Зајчев Рид, 8 Тетово, 6 Пожаране, 5 Лазарополе, Виница, 4 Крива Паланка, Велес, 3 Прилеп, 2 Крушево, Демир Капија, Струмица, Штип, 1 Охрид, Берово.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Во утринските и во раните претпладневни часови времето ќе биде променливо облачно. Претежно во западните и североисточните делови ќе има повремен дожд. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер