3Уапсени се четворица италијански и еден македонски ловџија- одземено им е оружје и нелегално уловен дивеч
АвтомобилизамБританец уапсен поради возење со деформирани гуми (ФОТО)Полицаец во англиската покраина Дербишајр запре возач кој во автомобил со деформирани гуми возел деца на училиште.Вниманието на полицаецот го привлекла предната десна гума. На неа имало 13 големи меури. Полицаец го запрел и го придружувал во соседната гаража ,а освен казна возачот морал таму да ги смени гумите пред да продолжи да вози. „Можеби оваа акција го спаси возачот од трошоците за поправка на автомобилот. Или нешто полошо“, се наведува во објавата на локалната полиција на Твитер. Good Spot Officer! Whilst on patrol PPO 9712 witnessed this car on a school run. When it was safe to do so 9712 advised that the car came off the road and into a garage close by. New tyre now fitted. Perhaps his actions saved this driver from a costly repair - or worse! pic.twitter.com/8hgtxcGOHA — Public Protection Team (@TeamPPODerby) September 30, 2019 Меурите како овие може да се појават кога гумата е празна, но често тие се формираат одвнатре и не се видливи на почетокот. Поради ова, гумите треба да се проверуваат често, бидејќи нема потреба да се споменува што може да се случи кога гумите пукаат при возење со голема брзина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУбиен е руски генерал, кој наредил напад на детската болница во Киев- му пукале во лице Во регионот Саратов во Русија, утрово беше извршен обид за атентат врз воен офицер кој командувал со ракетен напад врз Детската болница Охматдит во Киев во јули 2024 година. Според достапните информации, офицерот е во критична состојба, пишува украинска Правда. Детали за нападот врз генералот Каналот „Шпио досие Телеграм“ објави дека генерал-мајор Николај Варпаховиќ, командант на 22-та тешка бомбашка дивизија на руските воздухопловни сили, бил застрелан околу седум часот наутро. Истиот извор наведува дека Варпаховиќ е во критична состојба. Според информациите од каналот „Маш“, напаѓачот се упатил кон куќата во селото Пробужденије со мотоцикл со кацига на главата и отворил оган. Едниот куршум го погодил Варпаховиќ во торзото, а другиот во лицето. Неговиот возач исто така бил ранет, кој успеал да избега, да се скрие, а потоа да повика брза помош. Лекарите ги отстраниле куршумите на Варпаховиќ и го подготвуваат за транспорт со специјален лет до Москва. Рускиот медиум „Астра“ пишува дека селото Пробуждение е наведено како една од адресите на Варпаховиќ. Истрага и обвиненија Напаѓачот сè уште не е уапсен. Регионалниот истражен комитет на Русија покрена кривична постапка за обид за убиство на воен службеник, што го потврди и државната агенција ТАСС. Безбедносната служба на Украина (ССУ) на 31 август објави дека го сомничи Варпаховиќ, заедно со уште еден руски офицер, во отсуство за вмешаност во ракетните напади врз новинарите на „Ројтерс“ во регионот Донецк и Детската болница „Охматдит“. Украинската истрага утврди дека Варпаховиќ ја издал борбената наредба за нападот врз болницата на 8 јули 2024 година. Војниците под негова команда извршиле целен удар со крстосувачка ракета Х-101, која била лансирана од руски стратешки бомбардер Ту-95МС. Последици од нападот врз болницата Во времето на нападот врз Охматдит, во болницата имало повеќе од 600 пациенти. Две лица беа убиени, вклучувајќи и еден лекар, а десетици луѓе беа повредени. Ракетата целосно ја уништи зградата за токсикологија и оштети уште четири згради каде што беа извршени операции и каде што беа лекувани тешко болни деца. Овој обид за атентат доаѓа кратко откако автомобилот на руски војник експлодираше во Санкт Петербург на 27 август. Неговото име е во базата на податоци „Мировник“, а неговата единица беше обвинета за напади врз украински цивили.Тагови: Генерал детска болница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДвајца кавадарчани предизвикале пожари- добија кривични пријави Кривични пријави против две лица од Кавадарци за „предизвикување општа опасност“ и за „загрозување на животната средина и природата со отпад“ .ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.С.(31) од Кавадарци поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. На 20.08.2026 на депонија во Кавадарци, пријавениот запалил душек кој бил опколен со сува трева и отпаден материјал и на тој начин го сторил делото. Исто така, ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против В.С.(58) од Кавадарци поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 од Кривичниот законик. Имено, В.С., кој бил вработен како чувар на депонијата Мелци, на 25.08.2026 го напуштил своето работно место, со што извршил пропуст при вршење надзор и во тој период настанал пожар на депонијата од поголеми размери, сооптши МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУапсени се четворица италијански и еден македонски ловџија- одземено им е оружје и нелегално уловен дивеч Лишени од слобода четири италијански и еден македонски државјанин, при претрес во објектот во кој престојувале во Велес биле пронајдени и одземени ловечко оружје, муниција и уловен дивеч без дозвола.На 02.09.2026 во 11:20 часот на автопатот Велес – Градско, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишија од слобода Л.Б.(60) од Италија, со привремен престој во Велес. При преглед на патничко возило „ауди“ со албански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 207 ловечки патрони за кои не поседувал соодветна документација. Известен бил јавен обвинител и инспектор за странци и по документирање на настанот против Л.Б. ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. Подоцна, во 18:50 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода и Т.Р.(58), З.Д.(72) и А.А.(74), сите од Италија и М.И.(62) од Скопје. При претрес во објектот во кој престојувале италијанските државјани во Велес, извршен со наредба од Основен суд Велес, каде бил затекнат и М.И., кој бил домар, биле пронајдени и одземени ловечко оружје, ловечки патрони, поголема количина улов, пари, документација и други предмети. Известен бил претставник од ловечко друштво „Руен“ од Велес, при што било констатирано дека одземениот улов потекнува од кривично дело „Незаконит лов“, казниво по член 228 од Кривичниот законик. Л.Б., Т.Р. и М.И. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00