ЖивотБританец тргна на прошетка долж брегот на државата од 4905 километри во чест на сопругатаБританецот Ник Џонсон денеска, на својот 63-ти роденден, тргна на пешачење долго 4.905 километри по брегот на Англија во спомен на неговата сопруга Лиза, која починала во август на 59-годишна возраст од рак на јајници.Џонсон почнал да оди во насока на стрелките на часовникот по англискиот брег, а му се придружил и неговиот верен сопатник, француското куче спасувач Луис, пишува Би-би-си. Џонсон тргнал на седуммесечна прошетка од замокот Хајклиф во Дорсет и се надева дека ќе собере 50.000 фунти (58.800 евра) за добротворната организација за рак на јајниците. Во 2015 година, сопругата Лиза Џонсон дознала дека боледува од редок вид на рак на јајниците. Џонсон, пензиониран ИТ инженер од Вилтшир, се присетил на животот со својата сопруга. "И покрај осум години со таква тешка дијагноза, Лиза чувствуваше дека е меѓу најсреќните. Нејзината дијагноза и состојба никогаш не ја дефинираа. Таа го живееше животот во потполност дури и по операцијата, додека продолжи да се лекува", вели Џонсон. Се очекува Џонсон и неговото куче Луис да поминуваат по 20 километри дневно. Планирано е да ја заврши својата прошетка во Милфорд-он-Си во ноември, кога Лиза би наполнила 60 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младитеВладата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите, ги вреднува социјалните работници и создава политики за силни семејства.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на конкретни политики кои носат подобар животен стандард, посилна социјална заштита и долгорочен развој на државата. Како дел од реформите во социјалниот сектор, потпишан е нов Колективен договор со кој платите на вработените во центрите за социјална работа се зголемуваат за 20 проценти. Со ова се исправа долгогодишната неправда кон социјалните работници и се вреднува нивниот професионален ангажман во обезбедувањето поддршка за најранливите категории граѓани. Воедно, Владата го донесе Националниот план за управување со Европската младинска картичка за периодот 2026 – 2028 година и во тек се активности за објавување јавен повик за избор на оператор кој ќе биде задолжен за имплементација, развој и одржливо управување со нејзиниот систем. Оваа мерка на младите ќе им овозможи полесен пристап до бројни поволности, услуги, образовни и културни содржини, како и можности во државата и низ Европа. Паралелно, во соработка со УНФПА започна подготовката на Национална стратегија за демографски развој и отпорност, која, преку инвестиции во човечкиот капитал и рамномерниот регионален развој, ќе овозможи креирање сеопфатни политики за поттикнување на повратните миграции, поголема поддршка за семејствата и справување со негативните демографски предизвици. Владата останува доследна на својата определба да спроведува политики што даваат конкретни резултати и ќе продолжи да применува мерки кои ги јакнат институциите, ги подобруваат условите за работа, отвораат нови можности за младите и создаваат сигурна иднина за македонските семејства. Граѓаните заслужуваат ефикасни институции и политики што носат долгорочни придобивки, а токму тоа е правецот по кој се движи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаВо Непроштено ќе се одбележат 25 години од киднапирањето и свирепото убиството на жителитеВо тетовското село Непроштено денеска ќе се одбележат 25 години од киднапирањето и свирепото убиството на жителите на ова населено место.Комеморацијата ќе се одржи во спомен-паркот со панихида и полагање цвеќе пред спомен-обележјето. Потоа ќе следува и обраќање на иницијативниот одбор.Со ова се одбележува годишнина од свирепото убиство на Стојан Михајловски, како и од исчезнувањето на крсто гоговски, цветко михајловски и васко Михајловски кои се дел од 12-те македонци киднапирани во 2001 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаЗакони за високото образование и студентскиот стандард на дневен ред во СобраниетоЧетири закони што се однесуваат на високото образование, студентскиот стандард и научноистражувачката дејност ќе се најдат пред пратениците на седница на Собранието.Меѓу точките на дневниот ред е предлог-законот за изменување и дополнување на законот за студентскиот стандард, кој ќе се разгледува по скратена постапка. Пратениците ќе дебатираат и за предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката, кој е во фаза на прво читање.на седницата ќе бидат разгледани и предлог-законот за научноистражувачката дејност, како и предлог-законот за високото образование, кој исто така е ставен на дневен ред во прво читање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook