БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
1БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
3Опасен ТикТок предизвик се шири меѓу младите- скокаат пред возило за да го тестираат трпението на возачите
ЖивотБританец преживеал напад на нилски коњ- три пати животното го голтнало и исплукало (ВИДЕО)Британецот Пол Темплер работел како туристички водич во Зимбабве кога животот му се превртел наопаку.Имал 28 години, ја обожавал природата и немал поим каков ужас се подготвува. Неговата приказна повторно и повторно се ажурира на мрежите. На 9 март 1996 година, Темплер бил во друштво на тројца колеги и неколку туристи додека уживале во обиколката на водопадите Викторија со кану. „Тогаш наидовме на неколку нилски коњи. Беа далеку, па верував дека сме безбедни. Меѓутоа, одеднаш слушнавме прскање и почувствувавме удар. Колегата полета во водата“, сведочеше тој. Темплер им рекол на туристите да се оддалечат со кануата и отишол да го извлече другиот водич. Тогаш ситуацијата станала драматична, пренесува Unilad. „Забележав нилски коњ под вода, изгледаше како торпедо. Одеднаш сè стана темно и тивко, а ми требаа неколку секунди да разберам што се случило“. Темплер почувствувал дека повеќе не е во водата. „Почувствував притисок на долниот дел на грбот. Се обидов да се свртам, но залудно. Тогаш сфатив дека нилскиот коњ ме проголта. Се обидов да се извлечам и тој ме исплука“. Исплашен, се обидел да се оддалечи, но огромното животно повторно го проголтало. „Повторно бев внатре, а неколку моменти подоцна ме исплука надвор“. Темплер допливал до брегот, но животното не се откажало. Ги отворило вилиците и го зграпчил пленот. „Мислев дека ќе ме касне на половина. Крвта ми се измеша со водата. Не знаев дали ќе искрварам или ќе се удавам“. За жал, неговиот колега не преживеал, додека главниот актер на приказната завршил во болница. Телото му било целосно згмечено, а лекарите едвај му ја спасиле десната рака и нога. Левата морало да му биде ампутирана. Темплер подоцна станал мотивациски говорник и им помагал на луѓето со своите совети.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПредметот „Корабоски“ да се пресели во друго обвинителство и суд, аплеира адвокатот Туфегчиќ Според него, реакциите во јавноста се оправдани.Необичниот пресврт, од мерки на претпазливост за насилникот Кристијан Корабоски и пуштање дома па се до притвор неколку часа подоцна, е драстична промена која е показател на различни правни стандарди, кои со право отвораат сомнежи дека имало влијание во првичната одлука на јавниот обвинител, смета адвокатот Владимир Туфегчиќ. Според него, реакциите во јавноста се оправдани, а предметот во кој Корабоски е обвинет за претепување на неговата девојка Сара Ѓорѓиоска, од Охрид треба да се делегира на друго обвинителство и друг суд, поради непристрасноста во постапувањето. -Мала локална средина создава голема локална моќ на одредени луѓе кои можат да имаат и имаат влијание врз институциите, вклучително и судиите и јавните обвинители. И ова што сега се случило, не е добро, затоа што не можете вие на еден човек денеска сабајле да му определите мерки за претпазливост, а по ручек, за истата работа, да му определите мерка притвор и тоа е прилично дискутабилно. Се примениле во конкретниот случај различни правни стандарди, отвора сомнеж дека имало влијание за првичната одлука на јавниот обвинител.- Владимир Туфегчиќ – Адвокат Според правната квалификација на делото, која исто така доживеа промена во неколку часа, од „тешки телесни повреди“ до обвинение поднесено по три кривични дела „телесна повреда“, „против правно лишување од слобода“ и „загрозување на сигурноста“, според Туфегџиќ исто така е невообичаено. Вели, обвинителот, наместо десетина часа, законски можел да го држи во притвор осомничениот 24 – часа, што е доволно време да види со какви докази располага во моментот и да донесе соодветна одлука. -По однос на правната квалификација на кривичното дело и самиот настан, ќе кажам дека ниту јас, ниту вие, ниту било кој е повикан да се стави во улога на јавен обвинител, таа работа треба да ја одработи јавниот обвинител кој денеска бара 40% поголема плата, треба да си го одработи судот и институциите, каде што е место за таква работа. Јавниот обвинител, не знам од кои причини, не го искористил законското овластување за задржување од 24 часа, тие во законот за кривичната постапка не се предвидени случајно, тоа е време кое е сосема доволно, се проценило дека е доволно, да јавниот обвинител види за што се работи, да види со какви докази располага и да, на некој начин, му биде овозможено да донесе соодветна јавно обвинителска одлука, а не вака со брзање, да се носат две различни одлуки од претпладне до попладне. - Владимир Туфегџиќ - Адвокат Според адвокатот, реакциите во јавноста се оправдани и мора навремено да се елиминира некакво претпоставено влијание, па смета дека ваквите проблеми би се решиле доколку конечно Републичкото јавно обвинителство го примени законското овластување за хоризонтално преместување на судии и обвинители од едно во друго апелационо подрачје, особено во малите средини каде луѓето повеќето меѓусебно се познаваат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљаносвка Давкова: Случаите на насилство врз жени стануваат епидемијаСиљановска Давкова најави иницијатива со која на иста маса ќе седнат сите надлежни институции и ќе бараат решенија.По низата напади врз жени во изминатиот период претседателката Сиљановска Давкова смета дека случаите прераснуваат во епидемија и најави иницијатива со која на иста маса ќе седнат сите надлежни институции и ќе бараат решенија за ваквите насилства. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа 27 ноември закажано судење за насилството врз Сара - Корабоски ќе седне на обвинителна клупаЗа 10 дена односно на 27 месецов ќе му се суди на Кристијан Корабоски за насилството врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска од Охрид. Од Основниот суд во Охрид за Канал 5 потврдија дека рочиштето веќе е закажано а предметот е распределен кај судијката Александра Поп Стефанија. 31 годишниот Кристијан веќе е спроведен во притворското одделение на затворот во Охрид откако судот му определи 30-дневен притвор поради опасност од бегство и можност за повторување на делото. Со обвинението кое вчера експресно беше поднесено се товари за три кривични дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста. Директорот на БЈБ Александар Јанев потврди дека во моментот на нападот Корабоски бил под дејство на алкохол. Уверува дека полицијата во случајот постапила професионално, во рамки на свите надлежности. -Ние работевме на документирање на целокупниот случај, бевме во потреба по нови околности, елементи и материјални докази, каде што дополнително доставените обезбедени докази и доставеното известување до надлежниот обвинител, одлуката се промени. - Александар Јанев - Директор на Бирото за јавна безбедност Од СДСМ пак бараат одговорност од МВР, обвинителството и судот за постапувањето во случајот, но и проширување на истрагата за сите што се обиделе да влијаат на постапката. „Мицкоски, Тошковски, Савески - бараме проширување на истрагата. Насилникот од Охрид не е сам. Има родители кои сугерирале да се ослободи од делото и да го заташкаат. Има обвинител кој не постапил. Бараме најстроги казни за насилникот и за сите соучесници кои му помагале да го прикрие делото, доказите, извештаите или ја попречувале правдата“, рече Тренчевска. На повик на СДСМ во 18 часот е закажан и протест пред СВР Охрид. Од семејството на Сара за Канал 5 велат дека се надеваат дека тој нема да биде партиски обоен или искористен за партиски цели туку ќе биде протест на граѓаните со цел да се подигне свеста за насилството. -Ние како семејство во моментов не сме ниту психички ниту физички подготвени да присуствуваме на протест, иако сум свесен дека тоа дополнително би ја вознемирило сестра ми.- Димитар Ѓорѓиоски – брат на Сара Сара Ѓорѓиеска е пуштена од болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде беше хоспитализирана по нападот а лекувањето ќе го продолжи на скопските клиники. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook