3ВМРО-ДПМНЕ: Во најтешка состојба се СДС со показатели кои покажуваат дека пензиите и платите растат, инфлацијата е под контрола..
Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
1Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
3Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
ЖивотБританец открил дека е татко на 34 деца!Крис Вајтман со години ја продавал својата сперма на клиника во јужен Лондон, за да дојде до дополнителни приходи бидејќи платата што ја заработувал како тренер не била голема. Неодамна дознал дека е татко на 20 женски и 14 машки деца!Прв пат на клиниката отишол во 1991 година, а потоа со години редовно ја посетувал. - Два до три пати неделно одев таму - вели Крис. Потоа нашол подобра работа, девојка, заминал во странство и заборавил на своите донации! Мотивот да се распраша за децата на кои тој им е биолошки татко, биле децата кои му се родиле во бракот. - Тоа што станав татко ме освести. Станав свесен за последиците од своите поранешни дела. Се запрашав како е тоа да растеш, а да не знаеш кои ти се биолошките родители - вели Вајтман. Неговата сопруга, кога дознала за неговите активности, не сакала тоа повеќе никогаш да се спомне. Но кога му се распаднал бракот, Крис се посветил на тоа да дознае на колку деца тој им е биолошки татко. Благодарение на неговите донации, од 1992 до 2003 се родиле 34 деца, од кои само во 1993 се родиле 16! Дали тој ќе ги побара децата на кои им е биолошки татко? Крис се уште не е решен. вели дека дел од нив можеби не знаат како се зачнати, па тоа би им направило проблем. Децата можат да побараат информации за донаторот кога ќе напонат 18 години. - Веднаш откако беше прикажан филмот „Delivery Man“, комедија за донатор на сперма кој има повеќе од 500 деца, ми се јавија од клиниката да ми кажат дека млада личност побарала информации за мене. Приказната не е завршена - вели Крис./ извор:theguardian.com Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗеленски: Русија лансираше 2.700 дронови и 165 ракети за една недела-Во текот на изминатата недела, Русија ја нападна Украина со приближно 2.700 беспилотни летала, речиси 1.460 наведувани авионски бомби и 165 ракети од различен тип, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Овие напади погодија дваесет украински региони. Зеленски предупреди дека руските сили ги засилуваат нападите врз енергетската и другата критична инфраструктура, додека температурите опаѓаат. Оштетувањата на електроенергетската мрежа оставија многу жители без електрична енергија, вода или греење. Украинскиот претседател особено укажа на недостигот од пресретнувачки ракети за американските системи за противвоздушна одбрана „Патриот“, кои се клучни за пресретнување на руските балистички ракети. „Во вакви околности, особено е тешко да се разберат доцнењата во испораката на средства за одбрана од балистички ракети за Украина“, наведе Зеленски во објава на „Телеграм“. Тој го повика Вашингтон да ја одобри испораката на ракети за системите „Патриот“, кои сојузниците на Украина веќе ги платиле преку програмата PURL на НАТО. Оваа програма им овозможува на европските и другите партнери да го финансираат купувањето американско оружје за Украина. „Од витално значење е Америка да го одобри трансферот на ракети за системите ’Патриот‘, кои нашите партнери веќе ги платиле преку програмата PURL“, рече Зеленски, додавајќи дека Украина мора да ја зајакне својата противвоздушна одбрана. Зеленски изјави дека значителен дел од ракетите со кои Русија ја нападна Украина во текот на изминатата недела биле балистички. Меѓу нив, тврди тој, имало и ракети произведени во Северна Кореја. Еден од најтешките напади во изминатата недела се случи на 20 ноември, кога руски балистички ракети погодија три главни моста преку реката Днепар во Киев, предизвикувајќи сериозни прекини во сообраќајот. Погодени беа мостовите „Подилско-Воскресенски“, „Дарницки“ и Јужниот мост, кои ги поврзуваат двете страни на украинскиот главен град. Поради оштетувањата, градските власти беа принудени да го затворат или ограничат сообраќајот на неколку од овие премини. Руските напади, исто така, оштетија енергетска инфраструктура и станбени објекти. Зеленски предупредува дека, без дополнителни системи за противвоздушна одбрана и ракети, Украина тешко ќе успее да ги запре последователните бранови на напади со балистички ракети.Тагови: Володимир Зеленски русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
ЖивотЦелосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест Сите летови на белгиските аеродроми утре ќе бидат откажани поради националниот протест против политиките на федералната влада.Прекини се очекуваат и во јавниот превоз, при што ќе сообраќаат околу 60 отсто од автобусите и трамваите на јавниот превозник „Де Лијн“, соопштија надлежните служби. Белгиската контрола на летање „Скајс“ соопшти дека нема да може да обезбеди редовно управување со воздушниот сообраќај, бидејќи дел од контролорите на летање ќе учествуваат во протестот. Поради тоа, авионскиот сообраќај ќе биде целосно запрен од 7 до 21 часот. Од „Скајс“ наведуваат дека сепак ќе бидат обезбедени минималните услуги неопходни за итни случаи и други летови од клучно безбедносно значење. Безбедноста на воздушниот сообраќај, како што нагласуваат, останува апсолутен приоритет. Сериозни нарушувања се очекуваат и во јавниот превоз во Брисел, како поради можното учество на вработените во штрајкот, така и поради протестниот марш. Собирањето на демонстрантите е закажано за 10 часот кај северната железничка станица во Брисел, а протестниот марш кон јужната станица треба да започне во 11 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
ЕвропаЕвропа повторно на улица: Протести во Франција и Португалија против растечките трошоци за животИлјадници луѓе повторно излегоа на улиците во Франција и Португалија, со барања за повисоки плати и пензии и подостапен дом, односно против растечките трошоци за живот.Во Франција ова беше шеста последователна сабота на демонстрации. Според министерството за внатрешни работи, низ земјата протестирале над 80 илјади луѓе од кои над 20 илјади излегле на улиците во Париз. Иако бројот на демонстранти во Франција се намалува, организаторите велат дека протестите ќе продолжат. Во Португалија, пак, домувањето веќе не е споредна социјална тема, туку едно од главните прашања на куповната моќ. Илјадници луѓе протестираа на улиците во центарот на Лисабон. Според синдикатите, во протестот учествувале илјадници луѓе кои поминале на два од главните булевари во Лисабон со чадори и мантили поради обилните дождови. Полицијата не објави проценка за нивниот број. Португалија се соочува и со една од најлошите кризи со домувањето во Европа. Цените на куќите се зголемија повеќе од двојно од 2017 година, а наемите според новите договори речиси двојно се зголемија, при што главно се засегнати младите луѓе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter