ЖивотБританец на телефон гледал како му ја ограбуваат куќата: Нема да ги најдете клучевите од БМВ-тоСемејство од британскиот град Рочдејл се враќало од одмор, кога таткото решил да ја активира апликацијата за контрола на безбедносните камери, и да види што се случува во куќата.На негово чудење, видел маскирани фигури како се шетаат низ семејната куќа како пребаруваат во потрага по скапоцености! Вознемирениот човек најпрвин мислел дека го гледа грабежот во реално време, а дури подоцна сфатил дека се работело за снимка, пишува Дејли Стар. „Беше страшно, ја кажувам вистината. Гледајќи странци како претураат низ вашата куќа, отворајќи фиоки“, рекол неименуваниот маж. Кога семејството пристигнало дома, полицијата била вклучена во истрагата, бидејќи биле повикани од сосед. „Сè беше расфрлено, фиоките извлечени, шкафовите растргнати. Ги отворија сите врати, ги испразнија сите кутии“, рекол човекот. Членовите на семејството од Рочдејл веруваат дека прекршителите знаеле дека отпатувале, односно дека ги следеле и сфатиле што се случува. „Ова е голем шок. Чувството на сигурност што го имате во вашиот дом го нема. Сега постојано ги проверуваме прозорците и вратите, а и најмал шум нѐ буди“. Family on pilgrimage checks nanny cam and watches strangers ransack their homehttps://t.co/JtCBYvbocC pic.twitter.com/FgOl4ekvRK — The Mirror (@DailyMirror) March 10, 2024 На крајот било утврдено дека крадците од куќата однеле само две камери за надзор. „Верувам дека ги бараа клучевите од автомобилот, но не ги најдоа. Неодамна купивме БМВ“, рекол сопственикот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младитеВладата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите, ги вреднува социјалните работници и создава политики за силни семејства.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на конкретни политики кои носат подобар животен стандард, посилна социјална заштита и долгорочен развој на државата. Како дел од реформите во социјалниот сектор, потпишан е нов Колективен договор со кој платите на вработените во центрите за социјална работа се зголемуваат за 20 проценти. Со ова се исправа долгогодишната неправда кон социјалните работници и се вреднува нивниот професионален ангажман во обезбедувањето поддршка за најранливите категории граѓани. Воедно, Владата го донесе Националниот план за управување со Европската младинска картичка за периодот 2026 – 2028 година и во тек се активности за објавување јавен повик за избор на оператор кој ќе биде задолжен за имплементација, развој и одржливо управување со нејзиниот систем. Оваа мерка на младите ќе им овозможи полесен пристап до бројни поволности, услуги, образовни и културни содржини, како и можности во државата и низ Европа. Паралелно, во соработка со УНФПА започна подготовката на Национална стратегија за демографски развој и отпорност, која, преку инвестиции во човечкиот капитал и рамномерниот регионален развој, ќе овозможи креирање сеопфатни политики за поттикнување на повратните миграции, поголема поддршка за семејствата и справување со негативните демографски предизвици. Владата останува доследна на својата определба да спроведува политики што даваат конкретни резултати и ќе продолжи да применува мерки кои ги јакнат институциите, ги подобруваат условите за работа, отвораат нови можности за младите и создаваат сигурна иднина за македонските семејства. Граѓаните заслужуваат ефикасни институции и политики што носат долгорочни придобивки, а токму тоа е правецот по кој се движи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Непроштено ќе се одбележат 25 години од киднапирањето и свирепото убиството на жителитеВо тетовското село Непроштено денеска ќе се одбележат 25 години од киднапирањето и свирепото убиството на жителите на ова населено место.Комеморацијата ќе се одржи во спомен-паркот со панихида и полагање цвеќе пред спомен-обележјето. Потоа ќе следува и обраќање на иницијативниот одбор.Со ова се одбележува годишнина од свирепото убиство на Стојан Михајловски, како и од исчезнувањето на крсто гоговски, цветко михајловски и васко Михајловски кои се дел од 12-те македонци киднапирани во 2001 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗакони за високото образование и студентскиот стандард на дневен ред во СобраниетоЧетири закони што се однесуваат на високото образование, студентскиот стандард и научноистражувачката дејност ќе се најдат пред пратениците на седница на Собранието.Меѓу точките на дневниот ред е предлог-законот за изменување и дополнување на законот за студентскиот стандард, кој ќе се разгледува по скратена постапка. Пратениците ќе дебатираат и за предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката, кој е во фаза на прво читање.на седницата ќе бидат разгледани и предлог-законот за научноистражувачката дејност, како и предлог-законот за високото образование, кој исто така е ставен на дневен ред во прво читање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook