ЖивотБританец на 88 годишна возраст завршил осмо одделение во музичко училиште Британецот Реја Ивли, 88-годишен пензионер, по 67 години, со одлични резултати го положи осмото одделение на музичкото училиште, отсек пијано.Ајвли, пензиониран свештеник кој живее во селото Килхам во Источен Јоркшир, во близина на Бридлингтон, рече дека бил запрепастен од интересот на јавноста откако неговата приказна била прикажана на локалната радио станица на Би-Би-Си, телевизија и во локалните весници, пишува Гардијан. „Изненаден сум што мојата приказна привлече толку големо внимание и толку многу публицитет, бидејќи има толку многу вести за други проблеми, војни и секако политичката ситуација во Америка“, изјави Реј Ајвли за лондонскиот дневен весник.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Сексипилната Никол повторно во бикиниСветската музичка ѕвезда Никол Шерцингер уште еднаш покажа дека и нема рамна кога е во прашање изгледот, иако наполни 48 години.Мегапопуларната Никол Шерцингер ја покажа својата фигура што го одзема здивот додека споделуваше серија заводливи фотографии по повод нејзиниот 48-ми роденден. Ѕвездата од „Pussycat Dolls“ изгледа прекрасно во објава на Инстаграм додека ужива на егзотичните Хаваи, во серија фотографии и видео. „Последен ден на овие години, се чувствував слатко на зајдисонце, како дома на нејзината омилена плажа“, напиша Никол за себе. Тагови: Никол Шерцингер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Скопје повторно работат над 220 фонтани за пиење водаПовеќе од 220 јавни фонтани за пиење вода се повторно ставени во функција низ Скопје, соопшти денеска градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.Тој во објава на фејсбук наведе дека градот мора да обезбеди основни услови за граѓаните, особено во летниот период, кога високите температури ја зголемуваат потребата од пристап до вода за пиење. Со години, поради неажурност, ситни дефекти и негрижа, голем дел од фонтаните беа оставени надвор од функција. Во координација со ЈП „Водовод и канализација“ ги мапиравме, сервисиравме и повторно ги ставивме во употреба повеќе од 220 фонтани за пиење вода – наведе Ѓорѓиевски. Градоначалникот најави дека, покрај обновувањето на постојните, се работи и на поставување нови фонтани на повеќе фреквентни локации во Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветХаос на дел од бензинските пумпи во Русија, властите го ограничуваат точењето горивоВо Иркутска област во Русија, полицијата е на должност на бензинските пумпи за да управува со долгите редици и да ги спречи возачите да полнат резервоари со гориво.Во Иркутска област во Русија, полицијата е на должност на бензинските пумпи за да управува со долгите редици и да ги спречи возачите да полнат резервоари со гориво, бидејќи кризата со снабдувањето се продлабочува поради украинските напади врз руските рафинерии. Мерката беше воведена откако гувернерот на Сибирската област Иркутск, прогласи режим на зголемена готовност поради недоволни залихи на гориво. Недостатокот на гориво се прошири низ многу руски региони откако украинските напади со беспилотни летала уништија околу една четвртина од вкупниот капацитет на рафинериите во Русија. Рускиот претседател Владимир Путин призна дека нападите врз енергетската инфраструктура создале проблеми со снабдувањето со гориво. Тој рече дека има недостиг, но дека, според него, тој не е критичен..Тагови: Бензин русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter