Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
Осаменоста го менува мозокот и ја зголемува желбата за алкохол? Научници открија изненадувачки механизам
2 Осаменоста го менува мозокот и ја зголемува желбата за алкохол? Научници открија изненадувачки механизам
ЖивотБританец е однесен во лудница, а ќе заврши во затвор зашто не носел маска Бенџамин Глин, 39-годишен Британец, кој бил уапсен во Сингапур поради одбивање да стави заштитна маска додека се возел во метро, е приведен во психијатриска болница, пишува Телеграф.Судењето за Глин започнало вчера и тој изјавил дека никогаш нема да се изјасни за виновен или невин. „Одбивам да бидам роб“, рече Глин на општо задоволство на противниците на носењето заштитни маски што го следеле неговото појавување на судот од јавната галерија. „Мислам дека е лудо што ме судат затоа што воопшто не носам заштитна маска“, додаде Глин, татко на две деца од Јоркшир, Англија. Глин бил уапсен на 7 мај годинава бидејќи не носел маска. Тогаш му беше дозволено да се брани од слобода ако плати кауција од 2.700 фунти, но таа одлука била укината на 19 јули. Глин е дополнително обвинет за кривично дело неносење заштитна маска при појавување на судот во јули. Заменик јавниот обвинител Тимотеус Кох побарал од судот да го испрати Глин на психијатриско испитување откако семејството на Глин рекло дека тој „значително се променил“ од почетокот на пандемијата. „Однесувањето на обвинетиот во судот зборува само за себе“, рече Кох. - Мојот ум е кристално чист. Јас сум целосно нормален. Јас сум просветлен “, одговорил Глин со засилен тон. За време на судењето, Британецот тврдел дека „владее“ со себе и дека обвинувањата против него „не се однесуваат“ на него. Глин бил во Сингапур од 2017 година и е вработен во британска компанија која има филијала таму. Британецот бил снимен како ја крши наредбата на сингапурските власти да се носат маска, а полицијата го лоцирала, идентификувала и го ставиле во притвор, откако видеото каде може да се види без маска станало вирална сензација. Глин изјавил дека неговото семејство во меѓувреме се вратило во англискиот град Лидс без него. „Сакам да си заминам од Сингапур како и да е, пуштете ме“, рекол Глин. До неодамна, Глин немал адвокат, а вчера изјавил пред судот дека правен совет му дал Абдул Рашид Абдул Рахман, лице кое првично било задолжено за обработка на кауцијата. Меѓутоа, судот му забранил на Рахман да му дава правни совети на Глин, бидејќи тој не поседувал соодветни квалификации. Судот одлучил да го држи Глина под набљудување на Институтот за ментално здравје во Сингапур, додека судењето не продолжи на 19 август. Додека полицијата го изведувала од судницата, Глин извикувал дека полицијата го лови како „глутница животни“ и дека оваа одлука „не е праведна“. Глин е обвинет за малтретирање во два наврати, за нарушување на јавниот ред и мир и за неносење маска пред судската зграда. Во случај да биде прогласен за виновен за малтретирање, му се заканува максимална затворска казна од една година и максимална парична казна од 2.600 фунти. Доколку биде прогласен за виновен за кршење на мерките за борба против ширењето на Ковид-19, може да биде осуден на шест месеци затвор и парична казна од 5.300 фунти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МагазинНедостатокот на овој витамин го зголемува ризикот од вирусни инфекции и воспаленијаВитаминот Д игра важна улога во правилното функционирање на телото, а во последниве години, сè повеќе внимание се посветува на неговото влијание врз имунолошкиот систем.Витаминот Д е еден од важните хранливи состојки што придонесуваат за правилно функционирање на имунолошкиот систем. Телото може да го произведува кога кожата е изложена на сончева светлина, но во текот на зимските месеци, оваа можност е значително намалена. Затоа, доволната количина на витамин Д може да се обезбеди и преку храна или додатоци во исхраната. Покрај учеството во бројни процеси во телото, витаминот Д игра важна улога и во одбраната од инфекции. Неговото дејство е поврзано со неколку механизми што му помагаат на имунолошкиот систем правилно да реагира на различни закани. Витаминот Д придонесува за зачувување на природната заштитна бариера на телото. Мукозните мембрани претставуваат една од првите линии на одбрана од вируси и други микроорганизми, а нивното правилно функционирање е важно за заштита на телото. Витаминот Д, исто така, му помага на имунолошкиот систем правилно да реагира на разни предизвици. Тој придонесува за способноста на телото да се справи со респираторни инфекции, како што се настинки и грип. Ниските нивоа на витамин Д може да бидат почести во текот на зимата, кога изложеноста на сончева светлина е ограничена. На ова посебно се изложени постарите лица, луѓето со потемна кожа и луѓето кои поголемиот дел од времето го поминуваат во затворен простор. На нивото на витамин Д може да влијае и на начинот на живот. Ако поминувате помалку време на отворено и не внесувате доволно од овој витамин преку вашата исхрана, неговите резерви може да се исцрпат. Што значи недостатокот за имунитетот? Кога на телото му недостасува витамин Д, имунолошкиот систем може да нема оптимална поддршка за извршување на своите функции. Ова може да влијае на способноста на телото ефикасно да се заштити од одредени инфекции. Ниските нивоа на витамин Д се поврзани и со потешки симптоми кај одредени респираторни инфекции, како и со подолг период на закрепнување во одредени случаи. Затоа, важно е да водите сметка за внесувањето на овој витамин. Сончева светлина, соодветна исхрана и, кога е потребно, додатоци во исхраната можат да помогнат во одржувањето на оптимални нивоа на овој витамин во телото.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Магазин Осаменоста го менува мозокот и ја зголемува желбата за алкохол? Научници открија изненадувачки механизамИстражувањето е спроведено на глувци.Според истражување објавено во списанието „Nature Neuroscience“, истражувачи откриле механизам во мозокот кај глувци мажјаци што би можел да поттикнува поголема желба за алкохол кога животните се социјално изолирани. Истражувачите, предводени од Риша Пател од Универзитетот Нортвестерн во Чикаго, ја проучувале врската помеѓу два дела од мозокот - амигдалата и префронталниот кортекс, пренесува „Шпигел“. Кога глувците што претходно живееле во групи биле изолирани, оваа невронска врска станала значително поактивна, додека пак, мажјаците покажале поголема склоност кон консумирање алкохол. На животните им било дадено да бираат помеѓу две чинии за пиење - едната со чиста вода, а другата со раствор од 15 проценти алкохол. По изолацијата, мажјаците почесто избирале алкохол, додека женките ја намалиле консумацијата. „Нашето истражување покажува дека одреден сигнален пат станува преактивен за време на изолацијата и директно доведува до зголемена консумација на алкохол, и дека мажјаците и женките прибегнуваат кон различни невронски стратегии кога се сами“, изјавила Пател. Истражувачите веруваат дека наодите би можеле да придонесат за подобро разбирање на алкохолизмот кај луѓето. Тие велат дека нарушувањата во слични невронски патишта кај луѓето покажуваат одредени обрасци поврзани со желбата за алкохол и враќање на консумирањето алкохол, додека клиничките истражувања сугерираат дека префронталниот кортекс игра важна улога во овие процеси. Слично и кај луѓето Слични разлики во половите се забележани во истражувања врз луѓето. Минатата година, научници анализирале податоци од околу 17.800 учесници во три големи студии во Германија и откриле дека осамените мажи се посклони кон почесто пиење алкохол и имаат поврзани здравствени ризици. Од друга страна, осамените жени се помалку склони кон пиењето од жените кои не пријавиле осаменост. Сепак, истражувачите нагласуваат дека сè уште не е познато до кој степен наодите извршени врз глувците би можеле да влијаат и кај луѓето, и дека тоа е предмет на идни истражувања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизКетрин Зета-Џонс: Бракот со Даглас ќе пропаднеше ако престаневме да работимеКетрин Зета Џонс (56) откри дека нејзиниот брак со Мајкл Даглас (81) е успешен веќе 26 години. Клучот, тврди, е што времето го поминуваат одделно, посветено на кариерата. Холивудската двојка се заљубила пред речиси три децении, а Даглас наводно и рекол на првата средба: „Јас ќе бидам татко на твоите деца“. Двојката која има две деца Дилан (26) и Керис (23) исто така помина низ тешки времиња. Тие накратко се разделија во 2013 година, кога на Даглас му беше дијагностициран рак на грлото, а Зета-Џонс се справуваше со биполарно растројство. Набрзо се смириле, а актерката за „The Sunday Times Culture“ објаснила како опстанала нивната врска. „Мајкл ми вели: „Прифати ја работата, супер е“. Потоа може да лета и да ме посети. Многу е подобро отколку да се разбудите со прашањето: „Што сакаш за појадок, душо?“ Мислам дека нашиот брак немаше да опстане ако изгледаше така“, рече таа. View this post on Instagram A post shared by Catherine Zeta-Jones (@catherinezetajones) Посветеност на работата и семејниот живот Додека Даглас се повлече од актерството во 2022 година по речиси 60-годишна кариера и рече дека ќе се врати само за „специјална“ улога, Зета-Џонс продолжува да работи. По успехот на серијата на Нетфликс „ Wednesday“, нејзиниот следен проект е главната улога во серијата „Kill Jackie“. Кога не снимаат, парот живее во Њујорк, каде што се преселиле откако живееле на Бермуди десет години. Нивните деца, Дилан и Керис, исто така градат актерска кариера по завршувањето на факултетот. „Тие се обидуваат. Мора да ја следите вашата страст“, рече Зета-Џонс. View this post on Instagram A post shared by Catherine Zeta-Jones (@catherinezetajones) Театарско деби на ќерката Керис Керис, која дипломираше на Универзитетот Браун минатата година, дебитираше во театарот во Њујорк во јули. Таа глумеше во претставата на Чехов „Галеб“, која беше одиграна на крајот на јуни во Бруклин, а видеото од нејзиниот настап стана вирално на социјалните мрежи. Семејна пријателка потврди дека нејзините родители се „многу горди“ на нејзиниот успех. Самата Керис зборуваше за списанието „People“ за нејзината желба да продолжи да глуми. „Пораснав во театар. Не студирав глума, но среќна сум што сум во креативна средина и се надевам дека ќе продолжам по тој пат“, вели таа. Во 2018 година, таа го опиша растењето со познати родители за „Town & Country“: „Ме држат приземјена и ме потсетуваат: „Погледни околу себе. Животот што го имаш е извонреден“. Извор: Индекс.хрТагови: Кетрин Зета-Џонс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter