ТехнологијаБританците вложуваат 1,6 милијарди долари за најсилниот компјутер на светот Британската влада ќе инвестира 1,6 милијарди американски долари во, како што го нарекоа најмоќниот светски суперкомпјутер, за да може да се прават точни временски прогнози.Новиот суперкомпјутер ќе го користи Државниот метеоролошки институт за да предвиди невреме, да ги избере најпогодните области за одбрана од поплави и да предвиди глобални климатски промени. Ова ќе им овозможи на аеродромите подобро да ги предвидат временските услови, додека енергетскиот сектор ќе користи точни податоци за да спречи прекин на електричната енергија и флуктуации на напон. Премиерата на суперкомпјутерот што ќе го има Метеоролошкиот завод е закажан за крајот на 2022 година. Новиот суперкомпјутер, како што вели владата, ќе ја зголеми компјутерската способност за шест пати во првата фаза.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
ЖивотВидео: Голема заплена во Индонезија: 2,6 тони метамфетамин скриени во резервоари за водаИндонезиските власти заплениле 2,6 тони течен метамфетамин на брод што пловел под танзаниско знаме и уапсиле десет члена на екипажот. Станува збор за една од најголемите заплени на дрога во историјата на земјата, а операцијата била спроведена завчера во близина на Бенгкалис, во провинцијата Риау, пренесува „Еуроњуз“. Бенгкалис се наоѓа во источниот дел на индонезискиот остров Суматра, во провинцијата Риау, долж Малајскиот Проток. Тоа е област свртена кон Малајскиот Полуостров и се наоѓа релативно блиску до Сингапур. Националната агенција за борба против наркотици соопшти дека добила информација за брод што испловил од Саравак, Малезија. Бродот пловел низ Андаманското Море, а властите се сомневале дека превезува дрога наменета за индонезискиот пазар. Агенцијата, заедно со царинските службеници, го пресретнала бродот „МВ Рејн Мејкер“ (MV Rain Maker) доцна синоќа и утврдила дека тој пловел под лажно име. „При прегледот на бродот, пронајдовме 2,6 тони течен метамфетамин. Дрогата била складирана во осум буриња за вода и еден резервоар за вода“, изјави Рој Харди Сиахаан, службеник во агенцијата за борба против наркотици. Кучиња-трагачи на бродот открија и повеќе од 1,5 милиони нелегални цигари. Уапсени се десет члена на екипажот, сите државјани на Мјанмар. Ова е втора голема заплена во која е вклучен брод под танзаниско знаме во овој регион во текот на месецов. KAPAL JARINGAN INTERNASIONAL DICEGAT: BAWA 2,6 TON NARKOBA CAIR & 1,5 JUTA BATANG ROKOK ILEGAL! 🚨⚖️ pic.twitter.com/1ljxRbO7XE — BNN Kabupaten Nunukan (@bnnknunukan) August 19, 2026 На 8 август, индонезиските власти запленија 1,3 тони кетамин од брод во водите околу островите Риау, во близина на Сингапур. Тогаш беа уапсени осум члена на екипажот: седум државјани на Мјанмар и еден државјанин на Тајван. Минатата година, властите ја забележаа најголемата заплена на дрога во историјата на Индонезија, откако на еден рибарски брод пронајдоа две тони кристален метамфетамин. И тој брод пловел од Андаманското Море кон островот Батам.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваКрива Паланка со богата програма во знакот на традицијата, културата и музикатаОпштина Крива Паланка ја најавува завршницата на августовската културна програма, која од 25 до 29 август ќе донесе значајни културни манифестации, меѓународни гости, традиционални содржини и голем музички настан.Од 25 до 27 август, на Градскиот плоштад ќе се одржи XXI Меѓународен фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, една од најпрепознатливите културни манифестации во градот, која повеќе од две децении ја негува традицијата и гради пријателства без граници. Годинава фестивалот ќе обедини фолклорни ансамбли од десет земји: Македонија, Полска, Холандија, Црна Гора, Турција, Словачка, Хрватска, Србија, Бугарија и Украина. Во текот на трите фестивалски вечери, со почеток во 19:30 часот, публиката ќе има можност да го доживее богатството на народните носии, песни, ора, ритми и обичаи од различни култури. Паралелно, од 25 до 27 август, на Кејот на Крива Река ќе се одржи „Шопско село“ – Фестивал на занаети, ракотворби и храна, посветен на народното творештво, традиционалните производи и домашната гастрономија. Дел од програмата ќе биде и традиционалната подготовка на гулаш, во духот на заедништвото и гостопримството. Кулминацијата на богатата августовска програма е на 29 август, кога на Градскиот стадион во Крива Паланка ќе се одржи голем целовечерен концерт со настапи на Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар. Со програмата што ги спојува културното наследство, традицијата, гастрономијата и современата музичка сцена, Крива Паланка продолжува да создава содржини што го збогатуваат културниот живот и го промовираат градот пред домашната и регионалната јавност. Општина Крива Паланка ги поканува сите љубители на културата, традицијата и добрата музика, како и гостите од земјата и регионот, да бидат дел од овие настани и да ја почувствуваат атмосферата на Крива Паланка. Добредојдовте во Крива Паланка – град во кој традицијата се чува, културата поврзува, а музиката обединува.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
ФудбалВидео: Изведе аут како корнерФудбалер од Иран изведе неверојатен аут, топката леташе цели 45 метри, неговата техника го претвори во интернет-сензација.Иранскиот фудбалер Надер Мохамади (29) повторно го привлече вниманието со својата необична техника на изведување аут. За време на натпреварот од руската Прва лига против Уфа, дефанзивецот на Спартак Кострома изведе аут со салто, исфрлајќи ја топката на импресивни 45,6 метри. Според податоците од руската аналитичка платформа „RuStat“, ова е најдолгиот измерен аут забележан во руската Премиер лига и Прва лига откако започнало следењето на овие податоци во 2021 година. Топката се искачи речиси 11 метри во височина Спартак Кострома и Уфа одиграа нерешено 1:1 во понеделникот, во рамките на шестото коло од руската Прва лига, а еден од најинтересните моменти на натпреварот не беше гол. 🤯🇮🇷🇷🇺Spartak Kostroma’s Nader Mohammadi launched a stunning 45.6m throw-in against Ufa! 🚀 The ball travelled 51.6m and reached a peak height of 10.8m — the longest throw-in recorded by an RPL or FNL player since RuStat began tracking the data in 2021. pic.twitter.com/xyGKZi1G5r — EF (@EURASIAFOOTBALL) August 18, 2026 „RuStat“ го измери аутот на Мохамади на растојание од 45,6 метри. Вкупната патека на движење на топката изнесуваше 51,6 метри, при што таа достигна максимална висина од 10,8 метри. Со овој потег, иранскиот фудбалер постави рекорд во базата на податоци на „RuStat“ за двете највисоки нивоа на рускиот фудбал. Истовремено, Мохамади не ја искористи класичната техника на залет. При изведувањето, тој се потпре на топката, направи салто нанапред и ја искористи силата на ротацијата за да ја фрли што е можно подалеку. За Мохамади, ова не е само потег смислен за да го привлече вниманието на публиката. Откако запиша асистенција на натпреварот против СКА-Хабаровск, тој објасни дека со години вежбал ваков начин на изведување аут. „Како дете се занимавав со гимнастика. Уште од млади години го вежбам ова изведување аут со салто“, изјави Иранецот за „Чемпионат“.Тагови: Фудбал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00