Британците го испитуваат Ибупрофен за лекување на симптомите на коронавирусот

Британските научници започнуваат со истражување за да утврдат дали ибупрофен може да им помогне на лицата кои имале коронавирус и кои завршиле во болница.

Екипите на болниците во Лондон и Кинг колеџ веруваат дека овој лек може да помогне во лекувањето на ваквите пациенти.

Истражувањето наречено Liberate ќе користи специјален ибупрофен, а не обичниот што е во продажба.

Половина од пациентите во студијата ќе добијат ибупрофен со редовен третман, а половина ќе добијат само редовна терапија.

Досега, истражувањето врз животни покажаа дека ибупрофен може да излекува акутен респираторен синдром, што е еден од најчестите компликации на тешките случаи на коронавирус.

Проф. Митул Мета, еден од членовите на студијата од колеџот Кинг, вели дека истражувањето е потребно за да добијат докази дали лекот делува како што се очекувало.

На почетокот на пандемијата, се зборувало дека ибупрофен може да помогне, но се појавила и загриженост за тоа дали треба да го земаат лица со поблаги симптоми.

Тогаш, сето тоа ескалира кога францускиот министер за здравство Оливер Веран рече дека ваквите лекови може да ја влошат инфекцијата и наместо тоа препорача парацетамол.

Подоцна, Комисијата за лекови заклучила дека ибупрофенот е безбеден како и парацетамолот и може да ја намали температурата.

Обвинение против 95-годишен старец кој бил чувар во злогласен нацистички логор

Во германскиот град Вупертал е поднесено обвинение против 95-годишен старец, кој наводно бил чувар во нацистичкиот концентрационен логор Штутоф близу Гдањск, на територијата на Полска.

Официјални лица во моментов проценуваат дали неименуваниот маж може да се појави на суд и не се откриени дополнителни детали за обвинението.

Слично судење се спроведува во Хамбург против 93-годишен старец , кој исто така бил чувар на логор во близина на градот, тогаш познат како Данзиг. Тој е обвинет за учесник во најмалку 5.230 убиства.

Двајцата старци биле малолетни во моментот кога биле испратени во кампот, поради што предметите ги решаваат малолетнички судови.

Најмалку 60.000 луѓе загинале во Штутоф и тоа бил еден од последните ослободени логори, во мај 1945 година.

Премиерот на Федерацијата БиХ има коронавирус

Премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ е позитивен на коронавирусот, јавуваат босанските медиуми.

Новалиќ ги почувствувал првите симптоми на неодамнешното одбележување на 25-годишнината од геноцидот во Сребреница со Мировен марш, а денеска имал треска, болки во мускулите и гадење.

Според медиумите, самиот Новалиќ побарал да биде тестиран.

БиХ денес има 90 нови случаи и ова е прв пат по подолго време бројот на ново заразени во таа земја да се спушти под 100. Пред два дена имало дури 316, што е највисоко од почетокот на епидемијата во таа земја.

Тој сега е во изолација, како и луѓето со кои комуницирал. Не се знае точно колку лица се во прашање, пишува Аваз. Ќе бидат тестирани и министрите со кои бил во врска последниве денови затоа што тој се приклучил на Мировниот марш по владината седница на ФБиХ.

Роналдо има проблеми поради видеото објавено од сестра му (ВИДЕО)

Аргентинскиот весник  Оле пишува дека Кристијано Роналдо ќе биде казнет со парична казна поради неговиот син Кристијано Роналдо Џуниор кој нелегално вози џет-ски во Мадеира, Португалија.

Не би било откриено толку лесно ако сестрата на Кристијано, Елма Авеиро, не објавила видео во кое 10-годишното дете вози џет-ски. Јасно е, споменатото видео наскоро исчезна од сите социјални мрежи.

„Дејли мирор“ пишува дека полицијата испитува кој е сопственик на спорниот џет-ски, а доколку се покаже дека Португалецот е сопственик, тој би можел да добие сериозна казна.

Шефот на крајбрежната полиција во Португалија, Гереиро Кардозо изјави дека е покрената истрага и дека е свесен за сè што се случило, со објавување на парична казна на ѕвездата на Јувентус.

Патем, Роналдо, игра во топ форма за Јувентус. 35-годишниот играч има постигнато 32 гола на 40 натпревари, а клубот од Торино се доближува до новата италијанска титула.

притисни ентер