Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија
1Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија
СветБританците ги откажаа летовите за Абу Даби до крајот на годината„Бритиш ервејс“ објави дека ги откажа сите летови до и од Абу Даби до крајот на оваа година поради војната на Блискиот Исток.Компанијата соопшти дека летовите до и од Аман, Манама, Доха, Дубаи и Тел Авив се откажани до крајот на овој месец. „Постојано ја следиме ситуацијата и сме во контакт со нашите патници за да им понудиме различни опции“, соопшти авиокомпанијата. Исто така, соопшти дека останал ограничен број седишта на летовите за репатријација од Оман до аеродромот Хитроу, кои беа планирани за утре и четврток. Војната што ја започнаа САД и Израел против Иран предизвика откажување на бројни летови низ Блискиот Исток. Со оглед на тоа што поголемиот дел од воздушниот простор во регионот е сè уште затворен поради заканата од ракети и беспилотни летала, некои патници се свртуваат кон приватни авиони, додека чартер летовите и ограничен број комерцијални авиокомпании се обидуваат да евакуираат десетици илјади луѓе.Тагови: Абу Даби летовите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на СрбијаМинистерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација. По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите. Кабинет на Министер за Јавна АдминистрацијаТагови: Минчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДиректорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново СелоВчера (23.06.2026) директорот на БЈБ Јанев оствари работни посети во Струмица, Полициското одделение Ново Село и Граничниот премин Ново Село, каде се запозна со состојбите и предизвиците на полициските службеници на терен.На средбите беше разговарано за безбедносната состојба, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за спречување на прекуграничниот криминал. Посебен акцент беше ставен на унапредување на условите за работа, техничката опременост и зајакнување на координацијата со надлежните служби и соседните држави. Беше истакнато дека ГП Ново Село е важна точка за проток на патници и стоки, при што останува приоритет обезбедување на ефикасна, професионална и безбедна услуга за граѓаните.Тагови: БЈБ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоВо изминатите 24 часа најмногу дожд во Битола, Демир Капија и ВиницаДадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР.КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2) 26 Битола, 24 Демир Капија, 21 Виница, 17 Лазарополе, 14 Берово, 13 Крива Паланка, 8 Гевгелија, 2 Скопје – Петровец, 1 Кавадарци, Крушево, Маврови Анови. Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter