Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска
1Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска
МакедонијаБриселскиот регион постави нов рекорд во Белгија во „период без Влада“Политичките партии во бриселскиот Регионален парламент сè уште не успеаја да се договорат за формирање нова Влада. Регионот Брисел веќе 542 дена од изборите во јуни минатата година нема нова Регионална влада, со што го надмина досегашниот рекорд на периодот потребен за формирање влада во Белгија од 541 дена, што беше поставен во 2010 година пред формирањето на белгискиот Федерален кабинет на Елио Ди Рупио. Политичките партии во бриселскиот Регионален парламент сè уште не успеаја да се договорат за формирање нова Влада, а според последните информации, преговорите се во ќорсокак и на повидок нема изгледи за договор. Партиите не можат да се договорат за владината програма и покрај засилениот притисок за постигнување договор во услови кога Регионот на Брисел се соочува со сериозни финансиски проблеми. Техничкиот министер за буџет во бриселската Регионална влада, Дирк де Смет неодамна изјави дека финансиската состојба на Регионот на Брисел е во таква состојба што е можен прекин на јавните услуги. - Ризикот од „затворање“ на Брисел е реален, изјави Де Смет во гостување на државното Радио 1. Поради неусвојување на Буџетот за следната година, Брисел веројатно ќе ја изгуби кредитната линија од 500 милиони евра, кои се предвидени за покривање за неочекувани проблеми со ликвидноста. Минатата недела беше објавено и дека банката ИНГ ќе го повлече својот кредит, исто така, од 500 милиони евра, но банкарската групација подоцна соопшти дека „сè уште не е донесена конечна одлука“ за тоа. Професорот на Слободниот универзитет на Брисел, Херман Матејс за јавниот радиодифузен сервис ВРТ изјави дека доколку ИНГ ја повлече кредитната линија, првите последици од тоа ќе се почувствуваат веќе следниот месец. - Во јануари, првиот бран невработени лица ќе ги изгубат своите бенефиции. Тие ќе се обратат до општините, но тие се исто така банкротирани и ќе го повикаат (техничкиот) претседател на Регионалната влада Руди Вервурт (PS), кој исто така нема пари. Потоа, тој ќе мора да се обрати до (белгискиот) премиер Барт де Вевер, што повторно ќе го покрене прашањето за федерално старателство, изјави Матејс. Поради ваквите состојби вчера беа организирани протести пред седиштето на Регионалниот парламент на Брисел, од кои беше побарано од политичарите „под итно да преземат мерки“. На протестот беше изнесен предлог и за организирање еден вид „папска конклава“, при што партиските лидери би биле заклучени во една просторија и би биле држени таму сè додека не постигнат договор за формирање Влада. Иако Регионот на Брисел го собори белгискиот рекорд во „период без Влада“, засега сè уште е далеку од светскиот рекорд од 729 дена, што го држи Северна Ирска.Тагови: Брисел влада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврскаДиректорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска се обрати на Централниот меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители 2001–2015, кој се одржува во спортскиот центар „Борис Трајковски“. На настанот се обрати и министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој го отвори Меморијалниот турнир. Пред членовите на семејствата на загинатите бранители, претставниците на Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, колегите и натпреварувачите, директорот Јанев истакна дека турнирот веќе 24 години ја чува жива меморијата за оние кои ги положија своите животи за Македонија, нејзиниот мир и безбедноста на граѓаните. „Денес не сме тука само поради традицијата. Тука сме затоа што имаме обврска да паметиме. Да ги паметиме нашите колеги, пријатели, браќа, сопрузи, татковци и синови кои ја носеа униформата со чест и кои, извршувајќи ја својата должност, ја дадоа најголемата жртва што човек може да ја даде. Нивните имиња не се само дел од историјата на нашите безбедносни сили. Тие се дел од историјата на Македонија“, истакна Јанев. Тој нагласи дека обврска на денешните генерации е споменот за загинатите бранители да се пренесува и на генерациите што доаѓаат, потсетувајќи дека слободата, мирот и безбедноста не треба да се земаат здраво за готово. Посебна почит им оддаде на семејствата на загинатите, нагласувајќи дека институциите имаат обврска да покажат дека жртвата на нивните најблиски никогаш нема да биде заборавена. Министерот за одбрана Владо Мисајловски истакна дека мора да се чува споменот за оние кои го дале својот живот за татковината и да се пренесе на следните генерации. „Она што треба да го направиме е да се сплотиме и да покажеме дека хероите не се забораваат. Се заблагодарувам на секој еден припадник на Армијата, сите што ја носат униформата кои секојдневно работат за нашата држава. Министерството за одбрана ќе биде секогаш тука да помогне и достојно да покаже почит кон хероите“, истакна министерот Мисајловски. На крајот, директорот Јанев изрази благодарност до Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, Министерството за внатрешни работи и сите кои веќе 24 години ја одржуваат оваа традиција, порачувајќи дека хероите живеат сè додека ги паметиме и дека им должиме да ги паметиме со гордост, достоинство и благодарност.Тагови: Александар Јанев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВЛЕН: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата доби 140 милиони евра од Планот за растВЛЕН ја поздравува позитивната оценка на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за напредокот во спроведувањето на Планот за раст. За време на посетата во Скопје, таа го оцени постигнатиот напредок како импресивен и најави нови исплати во наредните недели. Северна Македонија досега доби 140 милиони евра од овој план. Овие средства се резултат на сериозната работа и посветеноста на институциите во исполнувањето на преземените обврски. Министерството за европски прашања, предводено од првиот вицепремиер Беким Сали, го координира спроведувањето на Реформската агенда и го следи исполнувањето на обврските на институции. За нас, оваа оценка е дополнителен поттик да продолжиме со работата и навреме да ги исполниме следните обврски. Ги поздравуваме заложбите на Брисел за деблокирање на европскиот пат на земјата и очекуваме да се надминат пречките за земјата да напредува во преговорите со Европската Унија. ВЛЕНТагови: ВЛЕН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБројни шкотски навивачи низ улиците на Скопје пред вечерашниот фудбалски дуелШкотските навивачи веќе ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска?Килтови, знамиња, песна и навивачка еуфорија веќе е присутна во главниот град, пооради натпреварот вечерва ќе има и посебен сообраќаен режим, на арената Тодор Проески се очекува да присуствуваат околу 4000 шкотски навивачи, познати како Тартар арми. За нив е резервирана источната трибина на националната арена „Тодор Проески“. Еве дел од атмосферата во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16