3Другар од детството му пукал во глава поради „црна лотарија“- детали за убиството на бугарскиот бизнисмен
Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
1Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
БалканБрисел испраќа позитивни сигнали - камионџиите влегуваат во посебна категоријаБрисел испраќа позитивни сигнали, но се уште без конкретни најави за скорешно решение за транспортерите, кои четири дена ги блокираат граничните премини.. Европската Комисија ја објави новата стратегија за визи во која за прв пат камионџиите се прифатени како професионалци. Во кусата визна стратегија која беше презентирана попладнево наведено е дека за проблемот со превозниците се работи на прагматични решенија со земјите – членки и се истражува можно воведување на ново законодавство со специфичен сет на продолжени правила за престој во Унијата. Според актуелните правила од почетокот на системот за „влез и излез“ превозниците се должни да имаат престој од 90 во последните 180 дена. Од Комисијата велат дека свесни се за проблемите кои превозниците го имаат со овој систем, а решение најавуваат дека допрва ќе се бара од самата стратегија. „Свесни сме за овие загрижености покренати од транспортерите во Западен Балкан. Мислам дека е важно да се подвлече сега дека кога говориме за овој систем за влез и излез, тој не донесе некакви нови барања кога станува збор за должината на кратките престои во Шенген зоната. Но, свесни сме за овие потешкотии сега во оваа област и во стратегијата за визи исто така го адресираме тоа прашање. Предлагаме исто така да разгледаме повеќе флексибилности, без притоа да ја ризикуваме безбедноста во исто време.“ Документот што попладнево беше презентиран во Брисел, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски го оцени како одлична вест за земјава. Во објава на социјалните мрежи тој порача дека македонските позиции нашиле на разбирање во Брисел и дека возачите конечно се третираат како професионалци. Според него, во периодот што следи Европската Унија ќе излезе со стратегија за визи, со која треба да се надминат проблемите на превозниците. „Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е тоа што го баравме. После протестите и силната офанзива изминатиот период Брисел ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи.“ Превозниците од Србија, Босна и Херцеговина и Македонија четврти ден го блокираат товарниот сообраќај на граничите премини со земјите од Шенген зоната. Здружението на транспортери на Црна Гора, во меѓувреме ја прекина блокадата. Од таму, по средбата со владините претставници порачаа дека биле дефинирани решенија за повеќе теми и очекуваат тамошната влада да го решени проблемот со Унијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево време со температура до 29 степениУтре времето ќе биде сончево и релативно топло, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 14 Попова Шапка, 17 Крушево, 21 Претор, Маврови Анови, Охрид, 23 Берово, 24 Прилеп, Виница, Битола, 25 Крива Паланка, 26 Тетово, Штип, Демир Капија, 27 Кавадарци, Велес, Скопје Петровец, 28 Струмица, Скопје Зајчев Рид, Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец. До крајот на денот ќе биде стабилно и ведро. ВРЕМЕТО УТРЕ Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната во интервал од 22 до 29 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во четврток времето ќе биде сончево и релативно топло со променлива облачност во текот на денот. Во петок и за време на викендот, времето ќе биде променливо облачно со услови за врнежи од дожд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГаши се сретна со поранешните претседатели на Собранието Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешната трета средба со поранешните претседатели на Собранието, ја потпиша Одлуката за формирање на Совет на поранешни претседатели на Собранието на Македонија. Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешната трета средба со поранешните претседатели на Собранието, Тито Петковски, Никола Поповски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески, ја потпиша Одлуката за формирање на Совет на поранешни претседатели на Собранието на Македонија. За идејата, односно целта за донесувањето на одлуката претседателите на Собранието беа известени на претходните две средби, одржани на 21 октомври 2025 година и на 7 април 2026 година. Имено, целта за формирањето на Советот, како неформално советодавно и консултативно тело, е обезбедување континуитет на институционалната меморија на Собранието; унапредување на парламентарната практика и демократијата и давање стручни и советодавни мислења за прашања од значење за работата на Собранието. Покрај ова на средбата беа разменети мислења за одделни процедурални прашања во работењето на Собранието, прашања што се однесуваат на дигитализацијата на работењето на Собранието во рамките на Националната стратегија за дигитализација, идејата за Библиотека на Собранието и за други актуелни прашања од интерес на работењето на Собранието и прашања од интерес на државата, с е наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НаукаГенетски модифициран квасец е градежно решение за станбен простор на Марс Научниците во Хонг Конг развија брз и евтин „жив“ градежен материјал за домови за идните колонисти на Марс, направен од генетски модифициран квасец, желатин и песок, кој може да се печати со помош на 3Д технологија.Идните колонисти на Марс ќе имаат потреба од домови, но тие се соочуваат со изборот да потрошат огромни суми пари за транспорт на градежни материјали од Земјата или да користат огромна количина енергија за да ја претворат марсовската почва во тули. Научниците од Технолошкиот универзитет во Хонг Конг (HKUST) развија иновативен, евтин и енергетски ефикасен „жив“ градежен материјал за куќи за 3Д печатење на Марс, направен од комбинација од генетски модифициран квасец, желатин и марсовска почва, реголит. Студијата на научниците од Хонг Конг, објавена минатиот месец во онлајн изданието на списанието „Chem Circularity“, опишува биолошко врзивно средство кое врзува грануларни материјали, според порталот Scmp. Оптимизираната смеса имала компресивна јачина од околу 12 мегапаскали (MPa), што е околу 170 проценти повисоко од контролната смеса и спаѓа во опсегот на вредности карактеристични за конвенционалните градежни материјали. Главните карактеристики на ова решение се природно замрзнување-сушење, потоа исклучителна цврстина, како и заштеда на ресурси. Кога оваа смеса се печати 3D на површината на Марс, изложеноста на екстремно ладна и сува марсовска атмосфера предизвикува материјалот да се замрзне и исуши. Како што е наведено, за време на овој процес, квасецот делува слично на природно лепило, претворајќи ја смесата во лесен, но изненадувачки цврст материјал чија издржливост е споредлива со полесните видови бетон. Процесот не бара печки со висока температура, што драстично ја намалува потрошувачката на енергија потребна за градење колонии на Марс. Иако досега се успешно отпечатени само мали тест структури, ова откритие на научници од Хонг Конг има огромно значење за развојот на живот надвор од Земјата.Тагови: марс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08