СветБРИКС од 1 јануари 2024 година ќе има шест нови членкиПовиците за проширување на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) доминираа на агендата на нејзиниот тридневен Самит и ги разоткрија поделбите меѓу блокот околу темпото и критериумите за прием на нови членки.Претседателот на Јужноафриканска Република, Сирил Рамафоса денеска соопшти дека клубот на земјите во развој БРИКС ќе прими шест нови членки, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати и Иран, на почетокот на следната година. - Одлучивме да ги поканиме Аргентинската Република, Арапската Република Египет, Сојузна Демократска Република Етиопија, Исламската Република Иран, Кралството Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, да станат полноправни членки на БРИКС од први јануари 2024 година, истакна Рамафоса на Самитот во Јоханесбург. Повиците за проширување на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) доминираа на агендата на нејзиниот тридневен Самит и ги разоткрија поделбите меѓу блокот околу темпото и критериумите за прием на нови членки. - Но, групата, која донесува одлуки со консензус, се согласи за водечките принципи, стандарди, критериуми и процедури на процесот на проширување на БРИКС, посочи Рамафоса. Дваесетина земји формално се пријавија да се приклучат на БРИКС, кој претставува четвртина од глобалната економија и повеќе од три милијарди луѓе. Околу 50 други шефови на држави и влади присуствуваат на самитот во Јоханесбург, што завршува денеска. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook