3Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега
РакометБрестовац повика 18 ракометари за турнирот во Полска Селекторот на кадетската ракометна репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, ги објави имињата на 18. играчи повикани на првиот собир на за подготовка и настап на меѓународниот турнир во Плок, Полска. На списокот на Брестовац се: голмани: Марко Кизиќ (Вардар), Виктор Василевски (Металург 2), Андреј Петковски (Вардар); крила: Симон Гучевски (КЛ-7 Струга), Марко Божиновски (Металург 2), Дарко Кондев (Металург 2), Ален Ќосевски (Вардар), Васе Наков (Вардар); бекови: Илија Меловски (Металург 2), Тони Атанасовски (Вардар), Дејан Џигеровски (КЛ-7 Струга), Бобан Каковски (Еурофарм Работник), Мартин Карапалевски (Вардар), Мартин Серафимов (Металург), Димитар Ристовски (Металург 2); Пивотмени: Кристијан Симоновски (КЛ-7 Струга), Андреј Митиќ (Металург 2), Мартин Мајсторовски (Вардар). Собирот е закажан за 22 октомври во салата „Расадник“ во Скопје со почеток од 18 часот. Според планот во текот на ЕХФ неделата наменета за репрезентативни подготовки и настапи, Македонија ќе се подготвува во Скопје во периодот од 22 до 26 октомври. Потоа селекцијата заминува на меѓународен турнир во Плок, Полска, кој ќе се игра до 30 октомври. Овие подготовки и овој турнир се во склоп на подготовките за настапот на ЕХФ Шампионатот за кадети летово, односно за Светското кадетско првенство кое наредното лето ќе се игра во Скопје. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаГолем пожар во Германија, евакуирани околу 1.800 луѓеГерманските власти наредија евакуација на околу 1.800 луѓе рано утринава, откако шумски пожар во западниот дел на земјата се прошири кон село во близина на белгиската граница, пренесува Ројтерс. Во соопштението објавено во 4:00 часот наутро, општинските власти им наложија на жителите на селото Гај (Gey) веднаш да ги напуштат своите домови. Тие беа упатени кон прифатниот центар организиран во основното училиште во блискиот град Страс (Strass) и замолени со себе да ги земат само најнеопходните работи, личните документи и потребните лекови. Во четвртокот, надлежните потврдија дека е започната голема интервенција поради пожар што зафати околу 25 хектари од блиската шума. Пожарникарите и службите за итни интервенции се обидуваат да го стават пожарот под контрола, а патот Б399 во тој дел е затворен за сообраќај. You always see these apocalyptic scenes on the news, but you never, ever think it will be the view from your own balcony.... A massive forest fire has been raging in my small town in Germany since yesterday, and the firefighters are still struggling to get it under control 😔.… pic.twitter.com/LfL7ExBBos — Angelika (@Angelika250193) August 14, 2026 Метеоролозите предупредуваат дека големи делови од Германија се соочуваат со суша и висок ризик од шумски пожари. Европа е континентот што најбрзо се загрева во светот и оваа година се соочува со невообичаено интензивна сезона на пожари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
Балкан14 хоспитализирани, а изгорени се куќи и автомобили во Хрватска кај Омиш Хрватското крајбрежје кај градот Омиш се соочува со пожари.36 лица биле примени во сплитската болница ,а 14 лица се хоспитализирани, изгорени се куќи и автомобили. Пожарот што избувна во Локва Рогозница синоќа се прошири и во градот Омиш. Неколку стотици луѓе се евакуирани, а за жал повредени се и локални жители и пожарникари. Информации пристигнуваат и од терен за изгорени куќи и автомобили. Пристигнуваат и канадери за да им помогнат на исцрпените противпожарни екипи.изгорената површина се проценува помеѓу 900 и 1000 хектари. Во текот на ноќта, пожарот, носен од силни ветрови, се проширил сè до Омиш. Во еден момент, пожарот се приближил на 50 метри од центарот на градот. Некои делови од градот останале и без електрична енергија. Нема информации дали има македонски граѓани затеканати во градот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд денеска се очекува укинување на забраната за пиење вода во ГостиварГостиварци извесно е дека од денеска ќе имаат безбедна вода од градскиот водовод. Третото тестирање на водата, по претходните две задоволителни лабораториски анализи, покажувало значително подобрување на физичко-хемиските и микробиолошките парОд локалниот кризен штаб за Канал 5 вчера потврдија дека до примероците земени вчера се добри и доколку резултатите ја потврдат исправноста на водата, се очекува денеска да биде укината забраната за нејзино користење за пиење.-трите лабаратории земале мостри на секои 12 часа. Резултатите што ги добиле се добри, и покажале дека водата е исправна според физичките, хемиските и микробиолошките параметри. Се очекуваат уште едни резултати. Од кризниот штаб апелираат граѓаните да не брзаат со користењето на водата за пиење сè додека не добијат официјално зелено светло од институтот за јавно здравје и агенцијата за храна и ветеринарство дека водата е безбедна за употреба.Тагови: вода за пиење Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook