Брендан Фрејзер се врати во полна слава по сексуалната злоупотреба и повлекувањето од сцената - Канал 5

Брендан Фрејзер се врати во полна слава по сексуалната злоупотреба и повлекувањето од сцената

Брендан Фрејзер ја почна својата кариера во 90-тите, а прва голема улога му беше онаа во филмот „Калифорнискиот човек“ (California Man) од 1992 година.

Брендан Фрејзер се врати во полна слава по сексуалната злоупотреба и повлекувањето од сцената

Неговата улога во „Џорџ од џунглата“ (George of the Jungle) во 1997 година го лансираше меѓу ѕвездите. Во 2000 година глумеше со Елизабет Харли во комедијата „Заслепен од ѓаволот“ (Bedazzled), па во три филма од серијалот „Мумија“. Американскиот глумец ноќеска го освои „Оскарот“ за најдобар глумец, за филмот „Кит“ (The Whale)...

- Почнав да се занимавам со овој бизнис пред 30 години. Работите не ми доаѓаа лесно, но имаше и предност што ја ценев во тоа време, сѐ дури не ја снема... Сакам само да ви кажам благодарам за ова признание!, изјави емотивно Фрејзер на сцената откако оскаровките Џесика Честејн и Хали Бери му го доделија „Оскарот“.

Но, на врвот на својата кариера, Фрејзер се повлекол поради, како што вели - инцидент со поранешниот претседател на Здружението на странски новинари во Холивуд, Филип Берк. Во една прилика јавно опиша како Берк сексуално го нападнал во хотел во Беверли Хилс, и подробно, без никакви задршки го раскажа тоа.

- Тој ме фати за задникот со левата рака, а со неговиот прст го допре делот меѓу ректумот и пенисот. И ја движеше раката. Се чувствував лошо. Се чувствував како мало дете. Како да имав „топка во грлото“. Мислев дека ќе заплачам, појасни глумецот.

Тој настан, според кажувањата, го принудил да се повлече од јавниот живот и оти се чувствувал непожелен.

Покрај случката со Берк, Фрејзер имал и неколку операции, како и речиси седум години поминати во болница поради здравствените проблеми со 'рбетот. Имаше и проблеми со колената и гласните жици.

Сепак, омилениот американски глумец денес, сега се врати во полна слава, освојувајќи ја најпрестижната статуетка во светот на филмот. Инаку, уште во септември лани, тој го привлече вниманието на Филмскиот фестивал во Венеција со пофалбите за улогата во „Кит“ на Дарен Аронофски. По премиерата и неколкуминутното ракоплескање на присутните во киносалата, Фрејзер едноствно прсна од плачење, и тоа, според многумина остана во сеќавање како огромна, моќна пресвртница во животот и кариерата на веќе легендарниот глумец.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Единственото што го направија овие млади луѓе беше што носеа транспарент со порака дека водата во Гостивар е отруена.

СДСМ: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Одговорот на организираната криминална група ВМРО беше моментален: група тепачи, по наредба на Христијан Мицкоски, нападнаа млади луѓе.

Мицкоски ја премина секоја граница.

Бараме од полицијата и Обвинителството веднаш да реагираат.

Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село.

Вчера Обвинителството со молскавична брзина го пронајде оној што го навредил Мицкоски.

Денеска очекуваме со истата брзина

Насилниците што синоќа ги нападнаа младите активисти во Ново Село мора веднаш да бидат идентификувани и приведени.

Веќе е познато дека во нападот учествувал и возач на градоначалник на Струмица од ВМРО - Наско Димитриев.

Значи - лесно ќе ги пронајдат.

Панче Тошковски, наместо да се занимава со хиперхлорирање, анализи на водата и пуштање на водата да истекува од цевките, нека си ја работи својата работа и уште денеска нека ги пронајде насилниците и нивните налогодавачи.

Полицијата и Обвинителството мора да го работат својот работа.

Без селективност.

Без заштита.

Насилството по налог не смее да помине неказнето - Без разлика што нарачател е премиерот Мицкоски.

Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Манекенка која „не излегува“ од бикини

Таа е „жив оган“ и не се разделува од бикинито.

Фото: Манекенка која „не излегува“ од бикини

Легендарниот топ модел Алесандра Амброзио е уште една од славните убавици кои во овој период уживаат далеку од градската врева, а потоа ги воодушевуваат своите следбеници на социјалните мрежи со фотографии во бикини.

Бразилската манекенка Алесандра Амброзио (45) летото го поминува со своето момче, Бак Палмер, кој е заслужен за нејзините совршени фотографии на Инстаграм.

Сезоната на бикини е во полн ек, а убавата Бразилка дефинитивно има што да покаже.

Фаталната убавица искористи уште една можност да го покаже телото што со години е во центарот на вниманието на медиумите и модните писти, и иако е во петтата деценија од животот, Алесандра дефинитивно сè уште нема конкуренција.

„Најзгодната пензионерка“, како што ја нарекуваат во јавноста, не крие дека напорно тренира за да ја одржи линијата, па затоа не изненадуваат бројните позитивни коментари под нејзините објави.

„Совршена си“, „Најубавиот модел си“, „Секси мама“, „Те сакам“, „Само продолжи така“, „Вистински оган“ – беа дел од реакциите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сексапилната Хали Бери

Холивудската ѕвезда, актерката Хали Бери објави серија фотографии кои се најсекси досега.

Фото: Сексапилната Хали Бери

Атрактивната актерка Хали Бери ужива во жешкото лето и дава сè од себе за да го направи уште пожешко со провокативни фотографии.

59 годишната Хали Бери е позната по провокативните фотографии на кои не се двоуми да го покаже и своето голо тело, а неодамна објави и серија жешки слики.

Добитничката на „Оскар“ спакува разновидни комбинации за плажа за својот одмор на Фиџи со свршеникот Ван Хант, но изгледа дека не облече ниту една од нив...

Додека се сончаше покрај базенот, таа ја соблече речиси целата облека, што може да се види на фотографијата што ја сподели на Инстаграм за време на викендот – една од многуте што ги направи за време на ова идилично патување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер