Принцот Хари и неговата сопруга , Меган , војвотката од Сасекс го посетија местото Биркенхед , каде ја поддржааа локалната власт и нивните проекти во корист на жените и децата. Воедно , тие му одадоа почит на поетот Вилфред Овен , кој почина во Франција на 25 годишна возраст.
Освен што Меган го покажа трудничкиот стомак , со изборот на облека и целиот стајлинг испрати порака дека идол на дворот и е починатата принцеза Дајана, мајка му на Хари и нејзина свекрва. Меган беше облечена во црвен капут и слични чевли со виолетов фустан .
Иста комбинација носела и принцезата Дајана во 1992 , кога заедно со принцот Чарлс биле во посета на Индија.