3Продолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 170 загинати
ЗабаваБремената Криси Тајген се збуни на Инстаграм и случајно го откри полот на бебето(ВИДЕО)Манекенката Криси Тајген (34) е бремена по трет пат и сакаше да го скрие полот на детето до последен момент.Но, поранешната манекенка случајно открила дека очекува син. Се збуни додека се јавуваше во живо на Инстаграм. Криси, која ја следат повеќе од 30 милиони луѓе на социјалната мрежа, зборуваше во живо за својата бременост и се пофали дека се спасила од силните главоболки со третмани со ботокс. И тогаш и дојде реченицата: 'И тој расте и добро е што тој е всушност многу големо момче во моментов'. Брзо сфати што сторила и не криеше дека така не планирала, дури ја покри устата. ❤️ pic.twitter.com/HFtq2PLkdW — chrissy teigen (@chrissyteigen) September 17, 2020 Фановите и рекоа дека тоа е најдоброто откритие за полот на бебето и со воодушевување и честитаа. Поранешната манекенка Криси Тајген и сопругот, музичарот Џон Леџенд, инаку споделуваат најголем дел од приватниот живот на социјалните мрежи. Тие се запознале во 2006 година додека снимале видео запис за неговата песна „Стерео“ , а потоа не се гледале некое време. Но, Леџенд сфатил дека Тајген е вистинската, па ја обновија врската и се венчаа во 2013 година на езерото Комо во Италија. Ќерката Луна е родена во април 2016 година, а синот Мајлс две години подоцна. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТурскиот парламент одобри закон што би можел да го унапреди мировниот процес со ПККГолемо мнозинство пратеници во турскиот парламент го поддржаа законот што би можел да доведе до ослободување на голем број членови на забранетата Курдистанска работничка партијаГолемо мнозинство пратеници во турскиот парламент го поддржаа законот што би можел да доведе до ослободување на голем број членови на забранетата Курдистанска работничка партија, како дел од напорите за унапредување на мировниот процес меѓу милитантната група и турската држава. Предлогот, кој би им дал условни помилувања на членовите на ПКК, беше одобрен од 468 пратеници „за“ и 88 „против“, објави државната новинска агенција Анадолија.. ПКК го објави своето распуштање лани во мај, по повикот на нејзиниот затворен лидер Абдула Оџалан, со што заврши деценискиот бунт против турската држава.. Турција, Европската унија и Соединетите американски држави ја сметаат ПКК за терористичка организација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЗеленски: Украина ќе продолжи со удари длабоко во Русија, нема алтернатива на миротУкраинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Украина ќе продолжи да изведува прецизни напади врз цели длабоко на руска територија,Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Украина ќе продолжи да изведува прецизни напади врз цели длабоко на руска територија,со цел, како што рече, да ѝ покаже на Русија и на нејзините граѓани дека единствено решение е прекин на војната. Според Зеленски, украинските сили погодиле уште еден објект на руската нафтопреработувачка индустрија, кој се наоѓа во Тоболск, во Сибир, на повеќе од 2.500 километри од украинската граница. Неговата порака следи по вчерашните најсмртоносни украински напади врз Русија од почетокот на војната, кога во масовен напад со дронови во Татарстан беа убиени 13 луѓе, а повеќе десетици беа повредени..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПродолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 170 загинатиНајмалку 170 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди централна Колумбија, додека спасувачките екипи и денеска продолжуваат со потрагата по преживеани под урнатините.Земјотресот што вчера рано изутрината ја потресе областа позната по производството на кафе, предизвика големи разурнувања во повеќе градови, меѓу кои Кали и Переира, а сериозно е оштетен и историскиот центар на Манизалес, каде што се урна еден од високите делови на катедралата. Спасувачките екипи, со поддршка на полицијата, армијата и волонтери, цела ноќ ги пребаруваа урнатините со багери, но и со голи раце, во обид да пронајдат преживеани под урнатините. Најпогоден е градот кали каде што загинаа најмалку 85 лица, а неколку стотици се водат за исчезнати..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook