Бремена жена шета по гробишта и бара име за своето трето дете, сите ја критикуваат (ВИДЕО) - Канал 5

Бремена жена шета по гробишта и бара име за своето трето дете, сите ја критикуваат (ВИДЕО)

Голем број корисници на TikTok разговараат за видеото на Хејли Хоџ (30), која откри дека таа и нејзиниот син и ќерка посетуваат гробишта барајќи соодветно име за нивното трето дете.

Бремена жена шета по гробишта и бара име за своето трето дете, сите ја критикуваат (ВИДЕО)

„Гробиштата се места каде што можете да ги најдете најубавите имиња“, напишала трудницата.

Ја гледаме Хејли како шета со децата и нејзиниот сопруг на гробиштата Олд Смитвил во Северна Каролина, додека поминува покрај надгробните споменици со имињата Ела, Вини, Виена... Американката потоа ги прашува своите следбеници дали „имаат омилено“.

@hodgehouse Fun fact: My sister came from someones gravestone 🤍 #babynames #southport #love #fyp #viral #weird #graveyard ♬ Beautiful Memories - Lux-Inspira

Клипот има „собрано“ повеќе од 2,5 милиони прегледи, со 3.500 коментари, па јасно е колкаво внимание предизвика, пренесува Bild.

Мислењата на корисниците се разликуваат. Некои сметаат дека тоа е начин да се „оддаде почит на починатите“, додека други тврдат дека тоа е „невкусно и неетички“.

„За мене гробиштата не се страшни места, туку „библиотека“ полна со приказни. Секој споменик го претставува животот на поединецот. Според мене, смртта не е крај. Тоа е почеток на нова авантура и верувам дека е рајот“, рече Хејли.

Таа истакнува дека не знае како ќе се вика третото дете.

„Ќе посетиме повеќе гробишта додека не добиеме комплетен список. Само тогаш ќе донесеме одлука“, рече таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во Гостивар

Уште еден човечки живот е загубен од западнонилска треска. Бројот на починати се искачи на осум.

СДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во Гостивар

Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без извештај за водата во Гостивар.

Две здравствени кризи, ист модел на однесување на власта на Мицкоски и Клековски: задоцнета реакција, институционален хаос, молк и никаква одговорност.

СДСМ со недели предупредуваше дека власта задоцни со превенцијата од западнонилската треска. Задоцни со прскањето против комарци, задоцни со системските мерки и со навремената заштита на граѓаните.

Бројот на заболени и починати расте, а одговорност нема.

Истото се случи и со здравствената криза во Гостивар.

Околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош, а осум недели подоцна јавноста сè уште го нема целосниот извештај за водата.

Што кријат Мицкоски и Клековски осум недели?

Цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, а за жал и со своите животи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“

Во Вила Водно утринава се одржува и панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“.

Панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“

На оваа панел-дискусија претседателката Сиљановска-Давкова и поранешни политичари, државни функционери, пратеници, новинари и јавни личности ја споделија својата перспектива за политичките,институционалните и општествените процеси што доведоа до создавањето на независна македонска држава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп

Од 07:40 часот, сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Р1101 Битола – Прилеп е во прекин, соопшти АМСМ.

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп

Товарно моторно возило излетело од патот Битола – Прилеп кај селото Беранци. Засега нема информации за повредени.

Според СВР Битола сообраќајот е во прекин за товарни возила, додека патничките возила се пропуштаа наизменично.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер