ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со потсмев ја поздрави одлуката на Абази со која беше ослободен од одговорност за трагедијата со модуларната болница
1ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со потсмев ја поздрави одлуката на Абази со која беше ослободен од одговорност за трагедијата со модуларната болница
ЗабаваБрејкденсот - од улиците на Бронкс до олимписки спортЗа неколку недели брејкденсот ќе го има своето деби на Олимпијадата, иако овој спорт, што некои некогаш го сметаа само за уличен танц, се појавил едвај пред 50 години.Брејкинг е името под коешто новиот олимпски спорт се води на претстојните Олимписки игри, и со кое го нарекуваат на некои места од каде што потекнува. Оваа улична игра првпат стана популарна во 70-тите години во САД. Се појавила во њујоршката општина Бронкс, кога танчери се обиделе да импровизираат со стилизирани движења кон „брејк-битовите“ на ди-џејот. Акробатскиот стил на улично танцување набрзо станал еден од четирите столбови на хип-хоп културата, покрај диџејството (диск-џокеите), рап-рецитирањето и графитите. Танчерите ги добија називите б-момчиња и б-девојки, а она што го правеа е повеќе од обичен танц или спорт - таа нова култура ја изградува заедницата на Бронкс, пишува „Дојче веле“. Според „Њујорк тајмс“, голем број лекари уште на почетокот предупредуваа дека оваа „мода“ е опасна, бидејќи може „да предизвика скинати лигаменти, скршеници на коските и многу посериозни повреди“. А, доколку танчерите не се во форма или ја немаат флексибилноста на младите ‘брејкери’, велат лекарите, тие секако би можеле да завршат со сериозни повреди, се надоврза „УС дејли“. Како што се зголемуваше популарноста на брејкденс, така растеше и неговиот натпреварувачки елемент. Се појавија и дуели меѓу индивидуалци и сопернички тимови, па тие битки станаа централен дел од оваа култура. Меѓународните натпревари првпат се одржаа во 90-тите години од минатиот век. Така, во тоа време сѐ погласни станаа и повиците - спортот брејкинг да се вклучи во спортските настани. На почетокот на ова десетлетие почнаа и дискусиите за вклучување во Олимписките игри. А потоа - во 2018 година, брејкингот е вклучен во Летните младински олимписки игри во Буенос Аирес. Само една година подоцна, организацискиот комитет на Олимпијадата во Париз 2024. предложи брејкингот првпат да биде вклучен во редовната олимписка програма. Кон крајот на 2020 година, Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) објави дека овој спорт ќе биде вклучен во Летните игри оваа 2024 година. - Ќе биде одлично за „брејкденсерите“, бидејќи ни дава поголемо признание, како и на спортот... И за Олимпијадата ќе привлече млади луѓе кои можеби нема да ги следат традиционалните спортови, изјави британскиот брејкденсер Карам Синг за Би-би-си. Додека вклучувањето на брејкингот во Олимпијадата е во голема мера поздравено од заедницата, некои се загрижени дека сега тој станува „премногу мејнстрим“. - Имаше многу контроверзии за тоа на сцената. Во основа, грижите се околу тоа да ја зачуваме суштината и културата и да не се изгуби во натпреварувачката машина додека продолжуваме да напредуваме и да се приближуваме до Олимпијадата, изјави б-девојката Логан „Логисткс“ Едра за „УСА тудеј“, како една од американските олимписки надежи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:30
ФудбалВидео- Фото: Халанд со нова фризура во нови победи со СитиСветската фудбалска ѕвезда, норвешкиот стрелец Ерлинг Халанд со нов имиџ, кратка коса се појави на старот на новата сезона со Манчестер Сити во Премиер лигата. Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд (26), ја скрати долгата коса и ја започна сезоната во Премиер лигата со драстично поинаква фризура. На милиони негови фанови ќе им биде тешко да се навикнат на фактот дека норвешката машина за голови сега изгледа вака: Халанд се појави на натпреварот против Борнмут на стадионот „Етихад“ со кратка коса, а пред почетокот на мечот објави видео од својата нова фризура на својот профил на социјалната мрежа X. Поради новиот изглед на Халанд на социјалните мрежи се јавија и неговиот долгогодишен тренер, легендарниот Пеп Гвардиола и светската ѕвезда Златан Ибрахимовиќ. Во видеото во кое Халанд е со новиот имиџ може да се види и изненадената реакција на неговиот поранешен тренер Пеп Гвардиола, кој не можеше да поверува во она што го гледа. Шпанецот реагираше побурно, па дури и опцу за време на нивниот видео-повик. „Не е можно... Среќник си што воопшто имаш коса, и јас би сакал да имам“, рече Гвардиола со насмевка. Haaland Cut His Long Hair 🤫#ManCity #bournemouth #ManchesterCity #Haaland pic.twitter.com/qGw4D7l1AN — Starr-lyncy Ofori-Atta (@Starrlyncy) August 23, 2026 „Што по ѓаволите си направил? О Боже, што е ова? Да не изгуби во некој облог или слично? Блокирај ме, избриши ми го бројот“, му рече Златан Ибрахимовиќ. Секако реагираа и многу соиграчи на Халанд. Haaland FaceTiming Jack Grealish, Noel Gallagher & Zlatan Ibrahimović… 😂 📱 And then Zlatan notices the haircut: “What the f*** did you do?” 🤣🩵 pic.twitter.com/eQvvGHJ5E4 — Blueprint (@Cityblueprint_) August 23, 2026 Ерлинг Халанд со години носеше долга коса и беше препознатлив по неа. Последен пат настапи со косата врзана во опавче на Светското првенство во Америка, каде што испиша историја со националниот тим: го елиминираа Бразил и стигнаа до четвртфиналето, откако во нокаут-фазата ја совладаа Брегот на Слоновата Коска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче со потсмев ја поздрави одлуката на Абази со која беше ослободен од одговорност за трагедијата со модуларната болница Филипче со потсмев ја поздрави одлуката на Абази со која беше ослободен од одговорност за трагедијата со модуларната болница во Тетово.Откако 5 години предметот за модуларната болница во Тетово се чуваше во фиоките на Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО, во која животите ги изгубија 14 лица, Венко Филипче, како тогашен министер за здравство, не беше повикан ниту на разговор. За да биде појасно што се случувало, треба да се потсетиме дека модуларните болници биле поставувани без соодветен надзор, без одобренија од општините и без одобрение од надлежното министерство, односно спротивно на правилата предвидени со Законот за градење. Филипче склучил анекс на договорот со фирмата која ги поставувала модуларните болници, со што цената била зголемена за 20%. Овој случај, во кој 14 луѓе го загубија животот, Абази го затвори со тоа што го спаси Венко Филипче. A што станува со измените на Законот за градење, за отсуството на елаборат за електрична енергија, како и за недостатокот на основни технички спецификации? Досега, условни затворски казни добија поранешните директори на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими и Артан Етеми, додека и самата болница како правно лице беше парично казнета. Но, Абази оценил дека нема основ за одговорност од Венко Филипче. Очигледно за Абази не биле доволни документите и вештачењата за да се отвори постапка против Филипче. Па така, не е ни чудно што Филипче со потсмев ја поздравува оваа одлука, затоа што Абази си ја заврши задачата за која беше поставен во време на СДС, а тоа е да аргати за Заев, Филипче и Ахмети. Секако, се појават нови докази, постапката за истото дело може повторно да биде отворена. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:30
МакедонијаДемант: Собранието не плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците и вработенитеСобранието на Република Македонија не плаќа и не обезбедува приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените во Собраниската служба.Во врска со објавите во повеќе медиуми во кои се пласираат информации и се создава впечаток дека Собранието на Република Македонија обезбедува и плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените во Собраниската служба, ја информираме јавноста дека станува збор за неточно и манипулативно претставување на фактите. Собранието на Република Македонија не плаќа и не обезбедува приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените во Собраниската служба. Постапката на која се повикуваат медиумските објави се однесува на обезбедување систематски, односно превентивни здравствени прегледи, кои претставуваат законска обврска на работодавачот, а не дополнително или приватно здравствено осигурување. Согласно член 22 став (1) од Законот за безбедност и здравје при работа, работодавачот е должен да обезбеди здравствени прегледи за вработените најмалку на секои 24 месеци. Оваа законска обврска не се однесува само на Собранието, туку се применува на работодавачите во јавниот и во приватниот сектор, согласно одредбите на Законот. Видот, начинот и обемот на овие прегледи дополнително се уредени со Уредбата за видот, начинот, обемот и ценовникот на здравствените прегледи на вработените, донесена врз основа на член 22 од Законот за безбедност и здравје при работа. Прегледите ги врши овластена здравствена установа од областа на медицината на трудот. Оттука, јавната набавка што ја спроведува Собранието е за конкретни здравствени и превентивни прегледи во рамки на систематскиот преглед, а не за набавка на полиси за приватно здравствено осигурување. Станува збор за две суштински различни категории. Приватното здравствено осигурување подразбира склучување осигурителна полиса со осигурително друштво со која на осигурените лица им се покриваат определени здравствени услуги во согласност со условите на полисата. Собранието нема склучено такво осигурување за пратениците и вработените во Собраниската служба. Во конкретниот случај се работи за јавна набавка на здравствени услуги за реализација на систематски преглед, кој Собранието, како институција и работодавач, е должно да го обезбеди согласно законските прописи. Дополнително, ваквите систематски прегледи не претставуваат нова практика или новововедена привилегија. Собранието и во претходните години спроведувало постапки за набавка на превентивни здравствени прегледи, токму заради исполнување на обврските што произлегуваат од прописите за безбедност и здравје при работа. Собранието во целост ја почитува слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана и да ги анализира начините на трошење на буџетските средства. Истовремено, очекуваме информациите што се однесуваат на работата на Собранието да бидат презентирани точно, целосно и со јасно разграничување меѓу факти и интерпретации. Уште еднаш потенцираме, Собранието на Република Македонија не обезбедува приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените во Собраниската служба. Станува збор за систематски и превентивни здравствени прегледи кои се спроведуваат согласно законска обврска на работодавачот. Апелираме до медиумите што ја пренесоа неточната или непрецизно формулирана информација да го објават овој демант и да извршат соодветна корекција на содржините со цел јавноста да биде правилно и целосно информирана.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter