ЖивотБрегот на Дебарско Езеро прекриен со угинати школкиПоради големиот пад на нивото на Дебарско Езеро, брегот е преплавен со угинати школки, појава која добива загрижувачки размери.Угинати школки можеа да се видат и изминатите години, но во многу помал обем, од оној кој е присутен последните неколку години, кога нивото на езерото се намалува по 100 и повеќе метри. -Нивото моментно е намалено за најмалку 150 метри. Тоа секако има директно негативно влијание врз флората и фауната. Еве и сами гледате каква жална слика е ова, не се гледа песок од угинати школки. До каде ќе оди ова не знам. Редовно реагираме, но никој не презема никаква активност за заштита на потребното ниво на езерото кое ќе гарантира нормален живот на флората и фауната во езерските води, вели Дритан Боцку, претседател на спортското риболовно друштво „Трофта" и концесионер на езерото. Проблемот со намалувањето на нивото на езерото е тема на расправа на многу граѓански организации, но и на Советот на општината, на кои се констатира дека тоа е последица на неконтролираното користење на водата од страна на ХЕ „Шпилје" за производство на електрична енергија. На последното барање на Советот упатено до ЕСМ во одговорот стои дека строго се почитува предвидениот минимум на нивото на водата. Несомнено врз намаленото ниво на езерото секако директно влијание има и долгиот сушен период, што условува намален дотек од реките Радика и Црн Дрим, како и останатите помали реки и потоци кои се влеваат во езерото.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветХамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, им нареди на воените команданти да ги ажурираат своите листи со цели и да ја подобрат одбраната, со порака веднаш и ефикасно да одговорат на секоја закана.За време на состанокот со високи воени команданти, Хамнеи нагласи дека високото ниво на борбена готовност за силен одговор кон противниците е еден од клучните предуслови за постигнување максимално одвраќање. „Доколку непријателите повторно извршат воени или терористички напади, вооружените сили на Исламската Република и иранскиот народ ќе ги одредат времето и условите за нивниот крај“, изјави Хамнеи, според иранската новинска агенција ИРНА. Според него, ажурирањето на списокот со цели треба да овозможи различни материјални и нематеријални ресурси на Соединетите Американски Држави и Израел да бидат во дофат на иранските вооружени сили. Хамнеи, исто така, укажал на потребата од зајакнување на воено-разузнавачката инфраструктура, подобрување на одбранбените и безбедносните капацитети преку примена на нови технологии, како и развој на домашните воени капацитети во однос на доктрината и тактиката. Зборувајќи за состојбата во регионот, тој ја пофалил, како што се наведува, истрајноста на „фронтот на отпорот“ во различни земји, оценувајќи дека единството на неговите членови има стратешко значење за обликување на нов политички и безбедносен поредок во Западна Азија. Пораките на Хамнеи доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, придружени со постојани закани од страна на САД за можни нови воени напади по изборите за американскиот Конгрес на 3 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади.Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади врз енергетската инфраструктура. Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека во текот на ноќта руски беспилотни летала ја погодиле термоелектраната во Киев, четири електрични потстаници во Днипропетровската област и термоелектраната во Шостка. Според него, цел на нападот била и железничката инфраструктура во Днипро и Харков, како и еден дистрибутивен објект во Днипропетровската област. Екипи за поправка работат на отстранување на последиците од нападот и на воспоставување на снабдувањето со електрична енергија, рече Зеленски. Истовремено, тој ја повика меѓународната заедница да ѝ пружи дополнителна поддршка на Украина, предупредувајќи на опасноста од понатамошно проширување на руската ескалација во Европа. Тој побара нови пакети помош за Украина и воведување дополнителни санкции против Русија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТри маскирани лица ограбиле обложувалница во ЧаирОграбена обложувалница во Чаир, тројца вооружени со маски му се заканувале на вработениот.Три маскирани лица ограбиле спортска обложувалница на подрачјето на Чаир во Скопје, при што со огнено оружје му се заканувале на вработениот, објави ТВ21. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 30 октомври, во 23:54 часот. „Три лица од машки пол, со закана со огнено оружје, му ги одзеле на вработениот парите од дневниот промет“, соопшти МВР. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook