3Првиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболени
Шоу бизБредли Купер е снимен со ќерка му како навива на НФЛ натпревар (ВИДЕО)Актерот Бредли Купер (50) присуствувал на натпреварот помеѓу Вашингтон Командерс и Филаделфија Иглс.Актерот излегол на теренот придружуван од ќерката Ли де Сејн (7) која ја има со поранешната девојка, манекенката Ирина Шајк. Бредли мавна кон трибините, од каде му вратија со извици на воодушевување. На официјалниот Инстаграм профил на НФЛ е објавено видео од Бредли и неговата ќерка. „Доживотен фан на орлите“, гласи описот на видеото кое ги воодушеви обожавателите. „Овие двајца не може да бидат послатки“, се истакна еден коментар под видеото кое собра речиси 80.000 лајкови. View this post on Instagram A post shared by NFL (@nfl) Да потсетиме, Бредли исто така неодамна беше снимен како навива за Филаделфија Иглс. Тој беше на трибините со својата девојка Џиџи Хадид. Актерот и во двата наврати носеше јакна со логото на Eagles, тим кој го поддржува со години. Роден е во предградие на Филаделфија. View this post on Instagram A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid) Со победата Орлите обезбедија пласман во Суперболот кој ќе се одржи на 10 февруари. Таму ќе играат против Канзас Сити Чифс, каде што игра Тревис Келче, момчето на Тејлор Свифт. Пејачката и Тревис се бакнаа на теренот откако Чифс ги победија Бафало Билс и трет пат по ред се пласираа во Супер Боул.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранцуски воен брод отвори оган во Ламанш; Пукано кон чамецот во кој се наоѓал британскиот пратеникФранцуски воен брод пукаше кон чамец во Ламанш во кој се наоѓал британскиот пратеник Крис Филп.Филп го објави видеото на својот профил на X и наведе дека истрелите биле испукани без никакво предупредување. „Денес на каналот ги следиме нелегалните преминувања на мигранти. Додека пред малку давав интервју за Би-би-си, еден француски воен брод ни се приближи и испука 17 истрели зад нас. Немаше никакво известување или вежба. Изгледаше како истрели за предупредување или обид за заплашување“, напиша Филп на X. Мајкл Кеохејн, локален новинар на Би-Би-Си кој во тој момент бил со Филп, го опишал моментот како „надреален“. On the channel today monitoring illegal migrant crossings … as I was being interviewed by the BBC just now a French warship approached close and fired 17 live rounds behind us. There was no notice or training exercise in place. Felt like warning shots or attempted intimidation pic.twitter.com/tuDv4DOnFO — Chris Philp MP (@CPhilpOfficial) July 28, 2026 Тој изјавил дека „францускиот патролен брод се приближил до бродот на 300 метри и паднал кон нивниот крм (задниот дел од нивниот брод)“. „Фотографиите од францускиот брод покажуваат мал топ насочен кон морето. Беа испукани околу 17 истрели.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Двојните стандарди на СДС, ДУИ и Таравари повторно испливаа на површина„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче во предизборието на повторените локални избори во Гостивар.Филипче во повикот за поддршка на Валбон Лимани вели дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локална власт, со цел да се обезбеди поддршка за сите граѓани на Гостивар. Ако Филипче заборавил граѓаните знаат дека СДС е власт во општина Гостивар заедно со Ахмети и Таравари. СДС, ДУИ и Таравари уште еднаш покажаа дека за нив одговорноста важи само кога станува збор за политички противници. Додека секојдневно бараат оставки и политичка одговорност од сите други, се уште молчат и не бараат одговорност од својот кандидат Валбон Лимани. Локалното раководство кое раководи со општина Гостивар, а е предводено од СДС, ДУИ и Таравари, не успеа да го реши проблемот со загадената вода, па затоа владините институции мораа да ја земат работата во свои раце и да ја решат кризата во рекорден период. Се обезбеди флаширана вода за граѓаните, се користи повторно водата за техничка употреба, а во наредните денови ќе се обезбеди водата да биде користена и за пиење. Почитувани, Токму тоа се двојните стандарди на СДС, ДУИ и Таравари. Кога нивен функционер ќе потфрли, нема критика, нема осуда, нема барање за одговорност, туку молк и заштита. Граѓаните гледаат дека за СДС, ДУИ и Таравари принципите важат само кога им одговараат политички. Одговорноста не смее да зависи од тоа на која партија и припаѓа некој функционер. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Вознемирувачка снимка, фудбалерка шутира противничка во глава?!Бразилка го удира противникот со нога во глава, веднаш добила петгодишна забрана за настап во спортот.Извесна Лара до Насименто Коста предизвика скандал на натпревар во футсал напаѓајќи ги противничките, што доведе до сериозни последици и суспензија. На еден аматерски натпревар во футсал во Бразил, фудбалерката Лара до Насименто Коста физички нападна две противнички и го шокираше целиот свет. По еден прекршок, нејзината противничка падна на подот, а Лара изненадувачки наместо да и помогне двапати ја шутн во глава легнатата фудбалерка а потоа со тупаница нападна уште една противничлка фудбалерка која само се обиде да интервенира. Целиот напад траел пет секунди. Нападнатата играчка, Ана Жулија Аленкар, по инцидентот била пренесена во болница. Сè се случи во спортскиот центар на периферијата на Форталеза, главниот град на сојузната држава Сеара. Натпреварот од женското првенство на општината Еузебио се играше меѓу екипата „Ас Резенјас“ (As Rezenjas) и клубот „Прожето РДЈ Еспорт Феминино“ (Prožeto RDJ Esport Feminino). Во моментот на инцидентот, кој се случи на почетокот на второто полувреме, екипата „Ас Резенјас“ губела со 1:0. Brazilian futsal player Lara Do Nascimento Costa slide tackled Anna Julia Alencar and in a rush of adrenaline and emotion went ahead to kick her opponent twice in the head as she writhed in pain on the floor. The aftermath has seen her banned from the sport for 5 years while her… — The Football Assembly ⚽️ (@TF_Assembly) July 27, 2026 Натпреварот веднаш по инцидентот бил прекинат. По дисциплинската расправа, е одлучено на Лара до Насименто Коста да ѝ се изрече петгодишна забрана за учество во сите натпреварувања организирани од Спортската лига на Еузебио. Поради инцидентот, санкционирана беше и нејзината екипа. На крајот, постои можност против неа да биде поднесена кривична пријава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook