Бред сам и напуштен се соочува со тешка болест?

Можно е дека Бред Пит се соочува со многу поголема животна драма од разводот со Анџелина Џоли. Извор за „radaronline.com“ открива дека актерот рано наутро секој ден посетува специјалист за инфективни болести во Беверли Хилс.

- Бред доаѓа во болницата секое утро многу рнао, пред да дојдат другите пациенти. Најверојатно тоа го прави за никој да не го види и да не го препознаат. Доаѓа во 7.30 и вработен во болницата му отвара - вели изворот за radaronline.com.

- Но едно утро, никој не дојде да му отвори да влезе на паркингот од болницата бидејќи беше многу рано и работата уште не работеше. Бред чекаше надвор пред паркингот во својот автомобил додека да дојде некој од вработените. Кога една вработена се појави и ја употреби својата картичка да влезе на паркингот, Бред влезе зад неа. Таа викна обезбедување кое му се развика зошто се обидел така да се провре - вели изворот.

- Бред стоеше покрај Анџелина и ја поддржуваше кога таа правеше двојна мастекектомија и хистеректомија. Сега еројатно е оставен сам да се соочува со здравствени проблеми без поддршка од неа или од децата кои толку ги сака - вели изворот за radaronline.com.

Бајден: Економскиот раст на Кина, Јапонија, Индија и Русија слабее поради ксенофобијата

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека економиите на Кина, Јапонија, Русија и Индија немаат раст бидејќи тие земји се „ксенофобични кон имигрантите“.

„Зошто Кина заостанува економски толку далеку, зошто Јапонија е во неволја, зошто Русија, зошто Индија, затоа што се ксенофобични. Тие не сакаат имигранти. Имигрантите се тие што не прават силни“, рече Бајден на настанот за собирање средства во Вашингтон за неговата претседателска кампања.

„Една од причините зошто нашата економија расте е поради вас и многу други. Зошто? Затоа што им овозможуваме добредојде на имигрантите“, додаде Бајден. /МИА

Терзиќ: Можевме да победиме со поголема разлика

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ е задоволен од победата над ПСЖ синоќа со 1:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, иако смета дека разликата можеше да биде и поголема.

- Ова е заслужена победа, добра тимска игра. Можевме да постигнеме повеќе голови, исто како и тие. Затоа, од моја гледна точка, резултатот не е лош. Многу се движевме, но тоа е неопходно во ваков натпревар. Мора да се стекнеме со право да играме на „Вембли“. За тоа ни треба само реми во реваншот, но секако дека сакаме и да победиме следната недела. Имаме мала предност и добра можност, изјави Терзиќ за сајтот на УЕФА.

Реваншот ќе се игра на 7 мај во Париз.

Другата полуфинална двојка во елитното фудбалско натпреварување е Реал Мадрид – Баерн Минхен (2:2 прв натпревар). /МИА

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид

Италијанскиот тенисер Јаник Синер објасни зошто решил да се повлече од турнирот во Мадрид.

Во четвртфиналето на Мастерсот требаше да игра со Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим, кој сега автоматски се пласираше во полуфиналето, каде што ќе игра со победникот од двојката Данил Медведев - Јиржи Легечка.

- Многу е тажно да го пропуштам мојот следен натпревар овде во Мадрид. Колкот ме мачи оваа недела и болката постепено се влошува. Следејќи ги советите на лекарите, решивме дека е подобро да не играме понатаму. Во текот на следните неколку дена ќе спроведам други тестови и ќе ги следам советите на специјалистите за закрепнување. Ви благодарам за поддршката, напиша Синер на социјалните мрежи.

Оваа сезона 22-годишниот Италијанец освои три турнири - Австралија опен, како и турнирите во Ротердам и Мајами. /МИА

притисни ентер