Шоу бизБред Пит во нова авантура, додека неговите деца се одрекуваат од него (ФОТО)Актерот Бред Пит отишол на авантура со мотор во Исланд, само неколку недели откако неговиот син Пакс доживеа несреќа со електричен мотор, поради која беше во болница, пренесува TMZ.Како што е познато, посвоениот син на Пит и актерката Анџелина Џоли со сета сила удрил во паркиран автомобил. Brad Pitt Motorcycle Touring Iceland, Pax's Accident Fresh in His Mindhttps://t.co/BHahxZOP0D — hasink (@hasink173753) August 22, 2024 Со оглед на тоа дека Пакс не носел кацига и имал мало крварење во мозокот, тој бил накратко хоспитализиран. Изворите тврдеа дека актерот бил многу загрижен за својот син и сакал да стапи во контакт со него, но не успеал. Brad Pitt Motorcycle Touring Iceland, Pax’s Accident Fresh in His Mind | TMZ https://t.co/m0B6sC7i72 #LiveTube — LiveTube Alerts (@livetubealerts) August 22, 2024 Пит сега одмара на Исланд, а на социјалните мрежи кружат фотографии на холивудската ѕвезда како става кацига, се качува на мотор и го напушта паркингот. Актерот се движел низ градот во придружба на уште неколку мотоциклисти, но не се знае каде се упатиле. #BradPitt♥️ Brad Pitt at Skool Beans cafe, Iceland (Via skool_beans) 🫶🫶🫶 pic.twitter.com/I0euCUWibN — Brad Pitt Mania (@legendstarfan) August 22, 2024 #BradPitt♥️ Brad Pitt was spotted in Iceland 2 or 3 days ago pic.twitter.com/QTFtEGT2nO — Brad Pitt Mania (@legendstarfan) August 22, 2024 Да потсетиме, Бред Пит во последно време е во фокусот на јавноста бидејќи децата што ги има од бракот со Анџелина Џоли се откажуваат од неговото презиме штом ќе станат полнолетни. Последна во низата што го направи тоа е Шајло, која е биолошка ќерка на Бред Пит и Анџелина Џоли. Колку што е познато, ниту едно од децата на Анџелина Џоли и Бред Пит - Медокс (22) Пакс (20), Захара (19), Шајло (18) и Нокс и Вивиен (16) - веќе не се блиски со нивниот татко, а презимето Пит го отфрлија и Захара и Вивиен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветГолема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинатиБројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП. Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица. „Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса. Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка. Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата. Извор: Б92Тагови: Кенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПосебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратонМВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија. Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.Тагови: Скопски маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДрама: Авион исчезна над океанотСпоред неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него. Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс. Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“. Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа. Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата. BREAKING: Gulfstream G100 with 6 persons on board has reportedly crashed into the Atlantic while flying from Bermuda to Boston pic.twitter.com/gHZI5Sq2vc — Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) October 3, 2026 Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter