Бред Пит е снимен во Лос Анџелес- го сменил личниот опис поради новата улога (ФОТО) - Канал 5

Бред Пит е снимен во Лос Анџелес- го сменил личниот опис поради новата улога (ФОТО)

Фотографите го уловија Бред Пит пред киното „Беверли“ во Лос Анџелес.

Бред Пит е снимен во Лос Анџелес- го сменил личниот опис поради новата улога (ФОТО)

61-годишниот актер привлече внимание со својот нов имиџ - сега има мустаќи и носеше карирани панталони и лежерна бела маица.

Актерот пушти мустаќи за својата улога во „Авантурите на Клиф Бут“, продолжението на хитот „Once Upon a Time in Hollywood“.

Неодамна откри со кого би сакал да соработува

Бред Пит има импресивна кариера, но неодамна ја откри својата неостварена желба. За време на гостувањето во подкастот „New Heights“, тој откри со кој режисер никогаш не соработувал, но навистина сака.

„Јас сум голем обожавател на Пол Томас Андерсон. Мислам дека е едноставно брилијантен, гениј“, рече Пит. Иако работел со великани како Тарантино, Дејвид Финчер, Ридли Скот и браќата Коен, Андерсон е сè уште неостварена желба за него.

Интересно е што и Пит и Андерсон ги започнаа своите кариери во исто време. Андерсон го сними краткиот филм „Приказната за Дирк Диглер“ во 1988 година, кој подоцна стана „Ноќи за буги“, додека Пит ја доби својата прва голема улога во филмот „Темната страна на сонцето“ истата година. Сепак, нивните професионални патишта сè уште не се вкрстиле.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сенатот му зададе удар на Трамп: Усвоена резолуција за прекин на воената акција против Иран

Американскиот сенат усвои резолуција со која од  Трамп се бара да ја прекине американската воена акција против Иран, што претставува сериозен политички притисок врз администрацијата во екот на конфликтот на Блискиот Исток.

Сенатот му зададе удар на Трамп: Усвоена резолуција за прекин на воената акција против Иран

Со тоа, за првпат по донесувањето на законот за воени овластувања во 1973 година, двата дома на американскиот конгрес усвојуваат мерка со која се бара повлекување на американските вооружени сили од тековна воена операција. Гласањето ја одразува растечката загриженост кај дел од конгресмените, вклучително и некои републиканци, поради конфликтот што започна на 28 февруари, кога САД и Израел започнаа воени напади врз Иран. Иако резолуцијата најверојатно нема директно да ја запре воената кампања, таа се смета за значаен политички удар за Трамп, кој долго време уживаше речиси целосна поддршка од сопствената партија во конгресот. Трамп остро реагираше на одлуката на сенатот, оценувајќи ја како „бесмислена и лошо темпирана“, а пратениците кои гласаа за резолуцијата ги обвини дека со своите постапки му одат во прилог на Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Денеска на собраниска седница е  интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од опозицијата.

Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран политички реваншизам кон опозицијата“; командна одговорност за полициските пропусти кои доведоа до трагедијата во Кочани; непостапување на македонската полиција во случаи на семејно, врсничко и родово базирано насилство и говор на омраза. Меѓу другото, забележуваат и за, како што наведуваат, непрофесионални „двојни стандарди“ при постапувањето на полицијата со различно однесување за исти или слични случаи проследено со злоупотреба на овластувањата при употреба на сила. Ова е трета интерпелација за министерот Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Денеска  официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава. 

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Проектот е воспоставен во рамки на европската заедница за пресметување со високи перформанси, кофинансиран од Европската унија и координиран од факултетот за компјутерски науки и инженерство при УКИМ во соработка со министерството за дигитална трансформација.

Проектот е од важност за зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Има за цел и да ја зајакне соработката меѓу институциите, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер