Бред го возвраќа ударот: Анџелина предизвика пекол, ќе се борам за децата! (опширно) - Канал 5

Бред го возвраќа ударот: Анџелина предизвика пекол, ќе се борам за децата! (опширно)

Бред Пит ја предупреди Анџелина Џоли дека ќе се бори за заедничко старателство над децата. Тој наводно е лут поради барањето за развод кое смета дека ќе им наштети на децата, и нема намера да и го препушти старателството на Џоли.

Бред го возвраќа ударот: Анџелина предизвика пекол, ќе се борам за децата! (опширно)
Извори на ТМЗ велат дека Бред Пит не може да и прости на Аџелина што ширела приказни дека тој ги доведува децата во ризик поради тоа што е „гневен и злоупотребува супстанци“. Пит наводно рекол дека Анџелина „предизвикала пекол“ поради тоа што папараците сега нема да ги остават на мир ниту нив ниту нивните деца. Тој сакал да се чува разводот далеку од очите на јавноста, за да се заштитат децата.Image result for бред пит анџелина деца



Домот на Џоли и Пит е „опколен“ од папараци, а полицијата на Л.А. постојано партолира поради можни проблеми во целата мешаница.

Анџелина поднесе барање за развод од Бред Пит само 2 години откако се венчаа. Таа наведе непомирливи разлики, но медиумите пишуваат дека не можела да ги прифати методите на Бред за воспитување на децата и ризично однесување поради неговата употреба на марихуана, заедно со алкохол.

Иако се тврди дека Бред не знаел за нејзината намера за развод и дознал само еден ден пред да го добие документот, други медиуми јавуваат дека тој со денови се обидувал да ја убеди Анџелина сето тоа да го направат тивко, далеку од очите на јавноста, за да не бидат жртви децата.

Извор за „The Sun“ изјави дека Џоли подолго време била несреќна во бракот.

- Таа се обидуваше да го спаси бракот поради децата но не успеа, нивните животи одат во сосема спротивни насоки. Анџелина е посветена на хуманитарната работа а тој сака да живее холивудски живот, и поминува еден вид криза на средни години. На почетокот на месецов му рече дека не може така да продолжи. Тој беше скршен но се е завршено.

Во меѓувреме извор за US Weekly вели дека причина Анџелина конечно да се одлучи за развод е инцидент кој се случил пред една недела, но не се открива за каков инцидент сe работи.

Page Six пишува дека Џоли преку приватен детектив кој го ангажирала, дознала дека Бред ја изневерува со актерката Марион Котилард, со која тој го снимаше филмот „Allied“. Но, изворот кој ја пренесува оваа информација вели дека не е точно дека Бред ја изневерил Џоли, и дека тој нема да ги вади валканите работи пред медиумите, за децата да не можат да прочитаат ништо лошо за него или за нивната мајка.

Извор за Mirror изјави дека Бред Пит е сеуште љубовта на животот на Џоли, и одлуката за развод и паднала тешко.

Таблоидите пишуваат дека кавгите меѓу Џоли и Пит во последно време биле чести, а тој за да ги избегне заминувал во Франција.


The gang's all here: Pitt and Jolie with their six children at LAX in June 2015 (above)


- Цела година тие не живееја заедно. Бред патуваше од едно до друго место, а Анџелина седеше дома со децата. Се оддалечија - пишуваат таблоидите.

Разводот на Бред Пит и Џоли долго време ќе биде главна вест за американските таблоиди. Тие одат дотаму што пишуваат дека на Бред му се здосадило во бракот бидејќи Анџелина се смирила, како претходно Анистон, и не сакала да живее активен живот. Дури пренесуваат извесен извор кој вели дека Анистон ја прокоментирала веста за разводот со зборовите: Еве, те стигна кармата!



Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американците се воодушевени од малечкиот „Fiat“ што едвај достигнува 40 км/ч

Електричниот „Fiat Topolino“ привлече купувачи во американските туристички места.

Американците се воодушевени од малечкиот „Fiat“ што едвај достигнува 40 км/ч

Малиот електричен модел на „Fiat, Topolino“, предизвика значителен интерес кај купувачите во САД, иако има максимална брзина од само 40 км/ч и е првенствено дизајниран за кратки градски патувања и затворени станбени комплекси.

„Fiat“ испорача 300 примероци од моделот „Topolino“ до дилерите во САД, а повеќето од нив се веќе продадени. Ова претставува пилот-лансирање, кое ѝ овозможува на компанијата да процени дали во САД постои доволно голем пазар за електрични возила слични на возилата за голф.

Ендрју Вотерхаус, директор на „Fiat“ за Северна Америка, потврди дека повеќето од 300-те испорачани возила веќе нашле купувачи, иако напомена дека продажбата се одвива постепено, бидејќи станува збор за експериментално воведување на пазарот.

Интересно е што 60 отсто од купувачите се одлучиле за верзијата „Dolce Vita“ – која нема врати ниту покрив – и е дизајнирана за возење на отворено. Оваа конфигурација е особено погодна за туристички дестинации, одморалишта и затворени станбени комплекси.

Достапни се и стандардна верзија со целосни врати, како и варијантата „Open Air“ која има платнен покрив што може да се отвора. Според Вотерхаус, затворената верзија е посоодветна за градските корисници кои сакаат да ги остават своите лични предмети во заклучено возило.

Во САД, „Topolino“ спаѓа во категоријата возила со мала брзина (Low-Speed ​​Vehicles – LSV). Тоа значи дека неговата брзина е ограничена на максимум 40 км/ч и е наменет за употреба на локални патишта со одредени ограничувања на брзината. Не може да се користи како конвенционален автомобил на автопатишта.

Моделот за 2027 година има максимална брзина од 40 км/ч, батерија со капацитет од 5,4 kWh и електричен мотор со моќност од шест киловати. Наведениот досег изнесува приближно 74 километри, додека полнењето преку стандарден домашен штекер трае од четири до пет часа. Почетната цена изнесува 14.985 долари – нешто помалку од 15.000 долари – без дополнителните трошоци за опции за специјални бои. Понатаму, „Fiat“ нуди бесплатен пакет за надградба за моделите од 2026 година, со цел да се осигура дека тие ги исполнуваат новите барања.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Се пушти во употреба детската градинка „Лавче“ во Инџиково

Уште еден ден, уште еден завршен проект, уште еден навистина прекрасен проект – детска градинка.

Мицкоски: Се пушти во употреба детската градинка „Лавче“ во Инџиково

„Добар ден и од мене.

Уште еден ден, уште еден завршен проект, уште еден навистина прекрасен проект – детска градинка. Кога се пушта во употреба ваков проект, тоа значи дека има повеќе среќа, повеќе радост, повеќе убави моменти, пред сè за најмилите, за дечињата, и нема како човек да ја скрие емоцијата, бидејќи ова се навистина за мене прекрасни моменти.

Би сакал да се заблагодарам и на министерот, и на градоначалникот, и на пратениците во македонското Собрание, на советниците, на вработените во Општина Гази Баба, на колегите од Владата, што овие проекти, коишто ги започнавме уште при самото формирање на Владата во јуни 2024, полека, но сигурно добиваат своја смисла, односно еден по еден се завршуваат, се пуштаат во употреба и веќе имаме корисници коишто го ползуваат сето тоа коешто го планиравме, а наша цел беше да го направиме животот поубав, поедноставен и да го подобриме, во суштина, квалитетот.

Продолжуваме во оваа насока и во иднина и продолжуваме да испорачуваме проекти. Има уште многу проекти во периодот којшто следи, којшто ќе финишираат, ќе бидат завршени, ќе бидат пуштени во употреба, така да што, еве, ве повикувам вас, медиумите, да го проследиме сето она коешто значи како Македонија се гради, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова неизвесност во Јунајтед: Фернандеш го одби договорот

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, ја одби втората понуда на клубот за продолжување на договорот, додека преговорите за неговата иднина на „Олд Трафорд“ се одвиваат во услови на нови промени на тренерската клупа .

Нова неизвесност во Јунајтед: Фернандеш го одби договорот

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, ја одби втората понуда на клубот за продолжување на договорот, додека преговорите за неговата иднина на „Олд Трафорд“ се одвиваат во услови на нови промени на тренерската клупа и незадоволителни резултати на тимот.

Актуелниот договор на Португалецот истекува на крајот од сезоната, сепак, Јунајтед има опција да активира клаузула за продолжување, со што тој би останал во клубот уште 12 месеци – со што договорот практично би се продолжил до 2028 година. Раководството на клубот сака да постигне согласност за нов договор со 32-годишниот капитен пред тој момент.

Разговорите со неговите претставници траат веќе неколку месеци, но според извори на „Би-Би-Си Спорт“ (BBC Sport), втората понуда е одбиена. Не е сосема јасно кога точно Фернандеш ги одбил предложените услови, а моменталната нестабилна ситуација во клубот го отежнува предвидувањето кога би можеле да завршат преговорите.

Доколку двете страни не успеат да се договорат за нов договор, речиси е сигурно дека Манчестер Јунајтед, пред 1 јануари, ќе ја искористи опцијата за продолжување на постоечкиот договор за уште една година.

Со ова би се спречило Фернандеш да влезе во последните шест месеци од својот договор – период во кој тој би имал право да потпише преддоговор со странски клуб за трансфер, откако ќе заврши неговиот престој во Јунајтед.

Активирањето на оваа клаузула би ѝ овозможило на управата повеќе време за преговори и за одлучување за иднината на еден од најважните играчи во тимот. Сепак, само по себе, ваквиот потег не би го решил прашањето за долгорочната иднина на португалскиот репрезентативец во клубот.

Неизвесноста околу иднината на Фернандес се совпаѓа со уште една промена на клупата на Манчестер Јунајтед. Мајкл Керик доби отказ во четвртокот, по најлошиот старт на клубот во домашна натпреварувачка сезона во последните 40 години.

Според „Би-Би-Си Спорт“ (BBC Sport), се очекува него да го наследи Маурисио Покетино, кој моментално е селектор на Соединетите Држави. Аргентинецот треба за првпат да го предводи Јунајтед на 22 ноември, на гостувањето против Ливерпул на „Енфилд“. Од клубот се надеваат дека доаѓањето на Покетино би можело да влијае врз одлуката на Фернандес и да го убеди да ја поврзе својата иднина со „Олд Трафорд“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер