Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ЖивотБразилски судија ја укина забраната за социјалната мрежа Х– Судијата на Врховниот суд на Бразил, Алехандре де Мораес ја укина забраната за социјалната платформа X на технолошкиот милијардер Илон Маск.- Наредувам крај на суспензијата и овластувам итно продолжување на активностите на Х, рече Де Мораес во својата одлука. Националната агенција за телекомуникации АНАТЕЛ доби инструкции да преземе чекори за обновување на услугата на платформата. Тимот за глобални владини прашања на X напиша на платформата дека е „горд“ што се враќа во Бразил. - Да им се даде пристап на десетици милиони Бразилци до нашата неопходна платформа беше најважно во текот на целиот овој процес, напиша компанијата. - Ќе продолжиме да ја браниме слободата на говорот, во границите на законот, секаде каде што работиме, истакна компанијата. Де Мораес нареди укинување на X на крајот на август, откако платформата дозволи да помине судскиот рок за назначување правен застапник. Компанијата исто така одби да ги блокира профилите на десничарските активисти кои шират теории на заговор и дезинформации. X поднесе барање за укинување на блокадата откако назначи правен застапник за Бразил како што беше побарано и ги блокираше профилите на девет корисници кои се под истрага на Врховниот суд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРомански екстремно десничарски политичар приведен поради измама, планирал и државен ударРоманските власти денеска покренаа нови обвиненија против поранешниот екстремно десничарски претседателски кандидат Калин Џорџеску.Тој е задржан во 24-часовен притвор поради обвинувања дека тој и уште двајца осомничени измамнички прибавиле 1,1 милион евра и ги искористиле средствата за финансирање изборна кампања, пренесува ДПА. Џорџеску, познат како политичар наклонет кон Кремљ, неочекувано освои најмногу гласови на претседателските избори во Романија во 2024 година. Уставниот суд ги поништи изборите поради недостаток на транспарентност во финансирањето на неговата кампања, а гласањето беше повторено во 2025 година. Обвинителите денеска девет часа го пребарувале неговиот дом, по што осомничениот бил одведен на испрашување. Измамата вклучувала ветување од страна на осомничениот и неговите соучесници до еден бизнисмен во 2021 година дека ќе му обезбедат заем од странска банка. Тој ја задржува поддршката од втората најсилна политичка сила во парламентот За возврат, тие побарале гаранција од 1,1 милион евра од бизнисменот;,според Дирекцијата за истрага на организиран криминал и тероризам (DIICOT), тој ја платил сумата, но парите никогаш не му биле вратени. Истрагата започнала во 2024 година по пријава поднесена од измамениот бизнисмен, јавуваат романските медиуми. Се очекува Џорџеску да одговара и за обид за вооружен државен удар, кој наводно го планирал заедно со платеник претходно активен во Африка. И покрај тоа, тој продолжува да ја ужива поддршката на романската екстремно десничарска партија АУР, втората најсилна политичка сила во парламентот, пренесува ДПА. Извор: Индекс.хрТагови: Романија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРуската антивоена партија „Јаблоко“ освои место во регионалниот парламентРуската антивоена партија „Јаблоко“ изненадувачки успеа да освои место во регионалниот парламент, и покрај тоа што во голема мера ѝ беше оневозможено учество на изборите низ земјата.Неочекуван успех на регионалните избори Оваа либерална опозициска партија освои 6,38 отсто од гласовите во регионот Нижни Новгород на реката Волга и во понеделник за првпат доби место во регионалната Дума. Резултатот привлече значително внимание низ Русија бидејќи на партијата ѝ беше забрането да истакнува кандидати во речиси целата земја по одлуката на Врховниот суд. Реакција на партијата и поддршка за активистката против корупција „Мир, слобода и живот без страв – тоа се вредностите што одекнаа во срцата и душите на луѓето“, соопшти регионалниот огранок на „Јаблоко“ во Нижни Новгород. Партијата ѝ честиташе на својата регионална претседателка Ана Черепанова, позната противничка на војната и активистка против корупцијата. Зошто Кремљ го ограничи учеството на партијата Експертите сметаат дека партијата веројатно била исклучена од националните избори бидејќи Кремљ проценил дека таа навистина би можела да освои пратенички места. Лидерот на „Јаблоко“, Николај Рибаков, ја позиционираше партијата како единствена сила што се залага за прекин на огнот во руската војна против Украина. Сите други партии ја поддржуваат инвазијата, која трае повеќе од четири и пол години. Извор: Индекс.хрТагови: русија Јаблоко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотМакедонците во Мала Преспа го одбележаа Раѓањето на Пресвета Богородица на островот Мал ГрадМакедонците во Мала Преспа го одбележаа големиот православен празник Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица, со богослужба во црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град во Преспанското Езеро.Во древниот храм „Света Богородица“, кој потекнува од 1345 година, беше одржана свечена богослужба, продолжувајќи ја вековната традиција на одбележување на празникот на островот Мал Град. На богослужбата, во чест на Рождеството на Пресвета Богородица, богослужеше митрополитот Корчански, Неговото Високо Преосвештенство Анастасиј, заедно со отец Алексо од Пустец и други свештеници од Корчанската митрополија. На празничната богослужба присуствуваше и претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој на верниците им посака здравје, мир и благосостојба. Црквата „Света Богородица“ на Мал Град претставува еден од најзначајните културно-историски споменици во Преспа. Сместена на островот Мал Град, во областа Мала Преспа, црквата датира од XIV век и претставува значаен споменик на средновековното македонско културно наследство во Преспанскиот регион. Особено значаен е нејзиниот фрескоживопис, по кој храмот се издвојува меѓу пештерските и островските цркви распространети долж бреговите на Преспанското и Охридското Езеро. Празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица има посебно значење и во традицијата на Македонците во Албанија. Голем број македонски семејства го одбележуваат како домашна слава, пренесувајќи ја традицијата од поколение на поколение. Одбележувањето на празникот на Мал Град и годинава беше можност жителите на Преспа да ја продолжат вековната верска и културна традиција поврзана со овој значаен храм и со Преспанскиот крај.Тагови: Мала Преспа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00