Бразилската влада официјално се извини за приодот на ропство на црното население - Канал 5

Бразилската влада официјално се извини за приодот на ропство на црното население

Федералната влада на Бразил јавно му се извини на црното население за ропството на црнците и последиците од тие дела, со порака дека борбата против расната дискриминација во земјата треба да продолжи, објави lnginnorthernbc.ca .

Бразилската влада официјално се извини за приодот на ропство на црното население

„Унијата јавно се извинува за ропството на црнците, како и за неговите последици. Признава дека е неопходно да се вложат напори за борба против расната дискриминација и промовирање на еманципацијата на црниот бразилски народ. Конечно, таа е посветена на зајакнување на фокусот за креирање јавни политики за оваа намена“, се наведува во пораката што во главниот град Бразилија ја прочита државниот обвинител Хорхе Месијас.

Министерката за човекови права и државјанство, Макае Еваристо, во текот на настанот потсети на борбата на црното население за слобода, еднаквост и остварување на правата. Таа изјави дека за неа признанието е резултат на борбата и делата на многу актери на црното движење./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче од Крушево: Сеќавањето на Илинден има вредност ако градиме подобра иднина

Денес во Крушево оддаваме почит на хероите на Илинден и на Крушевската Република - на оние кои пред повеќе од еден век се бореа за слободна и достоинствена Македонија.

Филипче од Крушево: Сеќавањето на Илинден има вредност ако градиме подобра иднина

Нивната жртва не беше за изолација.

Не беше за страв.

Не беше за поделби.

Тие се бореа за слобода, за правда и за правото на овој народ сам да ја одлучува својата судбина.

Денес, повеќе од еден век подоцна, имаме должност да го продолжиме токму тој пат.

Македонија не смее да остане заробена во минатото.

Не смее да биде држава во која младите заминуваат, во која пензионерите едвај преживуваат, во која водата за пиење е опасна, а институциите служат на тесен круг луѓе.

Сеќавањето на Илинден има вистинска вредност само ако ни служи да градиме подобра иднина.

Затоа ние се бориме за Македонија во која владее правото, а не партискиот интерес.

За Македонија во која има чиста вода, достоинствени плати и перспектива за младите.

За Македонија која е дел од европското семејство - слободна, демократска и просперитетна.

Илинденците се бореа против тиранијата на своето време.

Денес нашата борба е против корупцијата, против изолацијата и против лажниот патриотизам што ја држи државата во место.

Ние се сеќаваме на минатото.

Но ја избираме иднината.

За многу години Илинден!

Да живее Македонија.

Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ, Венко Филипче

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Честитка од министерот за одбрана Владо Мисајловски по повод „2 Август – Илинден“

Во име на вработените во Министерството за одбрана и во мое лично име, упатувам искрени честитки по повод 2 Август – Илинден.

Честитка од министерот за одбрана Владо Мисајловски по повод „2 Август – Илинден“

Почитувани граѓани, припадници на македонската Армија и вработени во Министерството за одбрана,

Во име на вработените во Министерството за одбрана и во мое лично име, упатувам искрени честитки по повод 2 Август – Илинден.

Нашиот најголем празник и најсветлиот датум во националната историја нè потсетува на највозвишените идеали - слобода, самобитност, патриотизам и љубов кон татковината.

Илинден е темелот врз кој е изградена современата македонска држава. Од херојството на илинденците и визијата со која беше издигната Крушевската Република, преку државотворните одлуки на АСНОМ до денес, се протега една иста идеја – Македонија да биде слободна, суверена и независна држава.

Таа идеја живее и денес во секој од нас, затоа што слободата и мирот што ги уживаме се платени со жртвата на нашите предци. Денешниот празник нè обврзува да ги чуваме вредностите на единството, солидарноста, слободата и меѓусебното почитување, градејќи општество во кое секој граѓанин ќе има можност достоинствено да живее и да придонесува за заедничката иднина.

Во духот на славното илинденско наследство, да продолжиме со мудрост, единство и решителност да ја градиме Македонија како држава на мирот, демократијата, просперитетот и надежта за идните поколенија.

Нека илинденскиот пламен секогаш ни го осветлува патот кон единство, напредок и мир.

Нека ни е честит 2 Август – Илинден!

Нека ни е вечна Македонија!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

Во Илинден ја гледам искрата на македонскиот револуционерен оган, што им го осветли патот на партизаните до исконската цел – слободата!

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

Драги сограѓани,

За мене, 2 Август, Илинден, е најсветиот македонски ден, денот на којшто во 1903 година, македонската републиканска идеја се отелотвори во Крушевската Република и денот кога во 1944 година, на АСНОМ, по вековна борба, се реализира правото на македонскиот народ на национална држава, во којашто се гарантираат правата на малцинските заедници.

Во Илинден ја гледам искрата на македонскиот револуционерен оган, што им го осветли патот на партизаните до исконската цел – слободата!

Илинден е персонификација на исконска желба, решеност, стаменост и храброст за соочување и прифаќање на личната жртва како неминовна!

Илинденската епопеја е македонска битова драма.

Низ крвавите страници на тешката историја, испишани со Делчевата мисла, Каревата републиканска визија, Питугулиевата саможртва, Чентовиот трибунски дух и делата на бројни знајни и незнајни јунаци, натопени со реки од солзи, се градеше и обликуваше македонската република.

Илинден нè обврзува да бидеме достојни и одговорни наследници, а не само благодарни потомци на славните предци.

Кој, ако не ние, ќе биде чувар на илинденскиот завет?

Кога, ако не сега, ќе ја оправдаме довербата на илинденците и асномците?

Каква Република ќе им оставиме на нашите сакани деца и внуци?

И денес, почитувани граѓани, без оглед на етничката, верската, политичката, партиската или друга припадност, мора да ја разбудиме илинденската и асномската совест и свест, влегувајќи во неминовна и неодложна борба за нашата заедничка македонска, европска, демократска република, како правна држава заснована врз начелото на поделба на власта и ефективни спреги и кочници меѓу законодавната, извршната и судската власт, одлучна да ги победи насилството, корупцијата и криминалот, со компетентна, етичка и ефикасна администрација, развиено цивилно општество вклучено во процесот на одлучување и објективно новинарство, бескомпромисно во одбраната на општото добро.

Да ја градиме македонската држава како дом на среќни граѓани.

Честит Илинден!

Гордана Сиљановска-Давкова

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер