Бразилска старлета се пожали: Ме исфрлија од супермаркет поради облеката (ФОТО) - Канал 5

Бразилска старлета се пожали: Ме исфрлија од супермаркет поради облеката (ФОТО)

Ѕвездата на OnlyFans вели дека е жртва на „фобија од жешки жени“ откако била исфрлена од локален супермаркет.

Бразилска старлета се пожали: Ме исфрлија од супермаркет поради облеката (ФОТО)

Керолај Чевс ја туркала количката за да купи бисквити во куси тексас шорцеви, бел кроп и апостолки, но 21-годишната девојка, која вели дека е „последната девица на OnlyFans“, набрзо била исфрлена од продавница во нејзиниот роден град Бело Хоризонте во Бразил, бидејќи нејзината облека „открива премногу“.

– Само што дојдов од супермаркет, каде ме малтретираа затоа што носев „прекратка облека“ – им порача на Инстаграм на своите 435.000 следбеници.

- Некои ме гледаа со предрасуди, други ме пцуеја и на крајот ме исфрлија од продавница. Мислам дека е апсурдно што нас жените сè уште нè третираат така само затоа што се облекуваме како што сакаме – изјавила Чавес и додала дека „и било жешко“.

Понатаму, 21-годишната девојка рече дека се чувствува навредена од непотребната омраза што ја „добила на интернет и во продавницата“.

– Мислам дека сите овие навреди имаат врска со „фобијата од убави жени“ со која се соочувам секој ден – напишала ѕвездата на OnlyFans. Исто така, инцидентот ги шокирал фановите, но не сите се согласија со манекенката и ѝ порачаа дека „нема потреба да оди така облечена во продавница“. Исто така, ѝ било кажано дека има „луѓе со деца на кои не би им се допаднало нејзиното разголување“.

- Тие би му го направиле истото на маж без кошула - образложил еден коментатор, додека други ги поддржувале ставовите на Чавес и ја убедувале дека менаџерите на продавницата грешат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Сабаленка ги шокираше навивачите со проѕирен фустан за УС Опен

Сабаленка ги шокираше навивачите со проѕирен фустан за УС Опен-Погледнете што ќе носи популарната „тигрица“.

Видео: Сабаленка ги шокираше навивачите со проѕирен фустан за УС Опен

Најдобрата светска тенисерка, Белорусинката Арина Сабаленка ја претстави својата облека за престојниот Грен слем УС Опен.

Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка, ја претстави својата опрема за УС Опен.

Откако неславно го заврши настапот на Вимблдон, таа ретко се појавуваше во јавноста, а сега одлучи да ги израдува навивачите со облеката што ќе ја носи на последниот Грен слем турнир во сезоната.

Брендот „Најк“ и тенисерката од Белорусија овојпат направија чекор понапред. „Тигрицата“ ја брани титулата на УС Опен, откако победи во 2024, а потоа и во 2025 година.

Ако се суди според најавите, ќе гледаме агресивна и енергична Сабаленка, каква што сме навикнати да ја гледаме. Облеката што ја претстави го навести токму тоа.

Сабаленка се одлучи за портокалова боја – маичка и шорцеви, а претходно ќе носи и мрежест фустан.

Иако популарниот бренд досега не ѝ овозможувал на Сабаленка уникатни спортски комплети, овојпат тоа секако ќе се случи. Јасно е дека опремата што ќе ја носи Белорусинката е инспирирана од „Спајдермен“, а се очекува и други тенисерки кои го носат овој бренд да се појават во слични изданија.

Црната мрежа што ја прекрива дводелната спортска опрема е директна асоцијација на филмот, чија премиера е закажана за јули 2026 година. Нема сомнеж дека изданието на Арина Сабаленка ќе предизвика бројни реакции, бидејќи коментарите постојано се менуваат – од позитивни до негативни – само неколку часа по објавувањето на видеото.

Фановите не ја изоставија ниту Наоми Осака, од која очекуваат уште поспектакуларно издание, слично на оние од претходните три Грен слем турнири. Воедно, ова веројатно е последниот Грен слем на кој Сабаленка ќе носи стандардна облека од „Најк“ (Nike) како и останатите тенисерки, бидејќи уште во 2027 година би можеле да ја видиме во персонализирани комбинации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Змија виси над волан на автомобил во БиХ

Корисниците на социјалните мрежи биле изненадени од видео од Сјеница кое неодамна кружи на интернет.

Фото: Змија виси над волан на автомобил во БиХ

Сопственикот на автомобилот снимил змија како виси од вратата на автомобилот.

Таа висеше веднаш над воланот, обидувајќи се да се ослободи; како успеа да се заглави во вратата на автомобилот останува непознато.

Оваа необична глетка ги забавуваше многу корисници. „Ја закачи како освежувач на воздух“, гласеше еден од коментарите.

https://www.instagram.com/reel/DbjENoYxfSq/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саша Зверев: „Новак има 400 милиони во банка, мислиш ли дека го интересира тоа?“

Еден од најдобрите свтески тенисери, Германецот, Саша Зверев застана во одбрана на најтрофејниот свтески тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој беше нападнат поради одлуката да се откаже од турнирот „Мастерс“ во Монтреал на 40-годишна возраст.

Саша Зверев: „Новак има 400 милиони во банка, мислиш ли дека го интересира тоа?“

Мастерс турнирот во Монтреал повторно ги разочара навивачите бидејќи не успеа да ги привлече најголемите тениски ѕвезди.

Ниту оваа сезона во Канада нема да ги видиме Новак Ѓоковиќ, Јаник Синер и Карлос Алкараз; тие одлучија да се повлечат од турнир кој, со оглед на случувањата таму со години наназад, можеби и не заслужува статус на турнир што носи 1.000 бодови.

Постојат различни причини поради кои тенисерите се откажуваат, но најважна е календарот. Турнирот се одржува по Вимблдон, а пред Синсинати и Ју-Ес Опен, и трае две недели. Токму затоа најдобрите во светот нема да настапат, иако некои почнаа да ги критикуваат, тврдејќи дека се незадоволни поради парите.

Поради тоа, Саша Зверев – овогодишниот победник на Ролан Гарос и моментално трет тенисер во светот – одлучи да застане во одбрана на своите колеги, а пред сè на Новак Ѓоковиќ:

„Дали мислите дека бонусите му се важни на Новак? Верувам дека тој има – ако можам да проценам – повеќе од 400 милиони во банка, така што не верувам дека тоа му е важно. Уште помалку го интересира пласманот на светската АТП-листа...“, се насмеа Зверев.

И додека челниците и организаторите на турнирите се обидуваат да најдат други виновници наместо да ја признаат грешката со форматот, Саша Зверев не може да поверува дека се размислува за одземање бодови од АТП-листата или за укинување на бонусите за тенисерите кои не сакаат да играат.

„Дали сакате да паднеме на светската ранг-листа ако не играме? Искрено, ако форматот се врати на стариот, со времетраење од седум дена, би можеле да разговараме за тоа. Но, ако треба да бидеме на овие натпреварувања две и пол недели, а притоа сме среде сезоната на Грен слем турнирите, тогаш не можете да нè присилувате“, додаде одлучно Зверев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер