Бразилка се омажила за кукла од партали, имаат и три деца: Добар е, ама мрзелив (ВИДЕО) - Канал 5

Бразилка се омажила за кукла од партали, имаат и три деца: Добар е, ама мрзелив (ВИДЕО)

Меиривоне Роча е девојка од Бразил која го привлече вниманието на светската јавност со својата необична венчавка.

Бразилка се омажила за кукла од партали, имаат и три деца: Добар е, ама мрзелив (ВИДЕО)

Можеби очекувавте некоја необична дестинација, црна венчаница или нешто слично – но не! Меиривоне се омажи за кукла од партали.

Нејзината мајка ѝ направила кукла од партали по име Марсело бидејќи нејзината ќерка била многу несреќна што сите нејзини пријателки имаат некој, а таа била сама. Кога го видела Марсело на нејзината мајка, веднаш почувствувала „пеперутки во стомакот“ и знаела дека тој е „оној“.

Нивната романса била многу бурна, вели девојката, па дури решиле да се венчаат. Односно, Меиривоне одлучила, а претпоставуваме дека Марсело само кимнал со главата. На свадбата одржана во 2018 година присуствувале 250 гости.

37-годишната сопруга го опишува својот сакан како „прекрасен, но мрзелив“.

"Кога бев помлада, често немав партнер за форро (традиционален танц на североисточен Бразил). И тогаш Марсело влезе во мојот живот и одеднаш сè имаше смисла. Затоа решив да се омажам за него и беше убаво, и потоа се забавувавме и на првата брачна ноќ“, открила возбудената невеста, пишува Дејли Мејл. Меден месец го поминале уживајќи една недела во куќа на плажа во Рио де Жанеиро и веднаш се фатиле за работа.

"Тоа беше прекрасен ден за мене, многу, многу емотивен. Тој е човекот кој отсекогаш го посакував во мојот живот. Нашиот брачен живот е прекрасен. Не се караме и тој целосно ме разбира, тој е многу добар и верен сопруг. Им завидувам на сите жени“, гордо додава таа.

Сепак, нејзиниот брачен живот не бил секогаш „мед и млеко“, со оглед на тоа што таа е единствената која работи и ги плаќа сметките.

"Марсело има толку многу одлични квалитети, но неговата мана е што е мрзелив. Воопшто не прави ништо. Сепак, јас сум борец, па работам и за двајцата", се пожалила таа.

Парот го добил првото дете, а Меиривоне откри дека го ’родила’ за само 35 минути. Со помош на медицинска сестра и лекар таа родила „бебе кое многу личи на својот татко“.

Таа признава дека ја вознемирува тоа што луѓето ѝ кажуваат дека сѐ е лага, бидејќи, како што вели, била воспитана секогаш да ја кажува вистината. Таа ги уверува сите дека е многу среќна со својот сопруг.

И тогаш во 2022 година, бракот станал турбулентен. Открила дека нејзиниот Марсело ѝ праќал пораки на друга жена. Нивниот брак висел на конец поради измамата. Таа за Дејли Мејл изјавила дека открила дека тој одел во мотел со друга жена и нашла пораки на неговиот мобилен телефон.

"Бев многу тажна и едвај можев да спијам. Многу го сакам мојот сопруг, а тој негираше дека ме изневерувал. Дознав преку пријателка која ми кажа дека го видела Марсело како влегува во мотел со друга жена, додека јас бев во болница три ноќи и три дена со нашиот син Марселиња, кој фати некој вирус, на почетокот мислев дека ме лаже, но потоа му прекопав преку мобилниот телефон и ги видов нивните разговори, а потоа бев сигурна дека ме изневерува.“, откри таа во видеото на TikTok, кое собра повеќе од 1,6 милиони прегледи. После тоа спиеле во посебни соби, но таа не го оставила поради децата.

Успеаја да ја надминат таа криза и на почетокот на годината добија близначки - ќерките Марсела и Емилија, кои исто така личат на нивниот татко.

„Не ни е лесно, но е многу емотивно. Во секојдневниот живот, јас и Марсело имаме многу работа со децата, а мораме да се грижиме и за првороденото. Кога сум уморна, мојот сопруг помага при капење, хранење и заспивање на децата“, открива таа за Daily Mail.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Возач нема моќ да вработува, но Јанушев има, истрагата мора да се прошири

Скандалот со митото на возачот на Јанушев во Владата на Мицкоски не може да се заташка и истрагата мора да се прошири.

СДСМ: Возач нема моќ да вработува, но Јанушев има, истрагата мора да се прошири

Овој скандал отвора едно клучно прашање: каква била улогата на Јанушев во овој случај со мито?

Возачот на Јанушев бил фатен со претходно обележани банкноти затоа што наводно барал 1.500 евра за да посредува во вработување пожарникар во Град Скопје.

Возач нема никаква моќ да вработува. Но генерален секретар на Влада, како Игор Јанушев, кој воедно е член и на Извршниот комитет на ВМРО-ОКГ има.

Ова е само еден аспект кој отвора сериозен сомнеж.

Дали возачот е само негова продолжена рака и посредник?

Ова е втор скандал оваа година поврзан со кабинетот на Јанушев.

Посебен советник за економски прашања во кабинетот на Генералниот секретар на Владата беше дел од групата осомничени за лихварство и за перење пари.

Премногу скандали врзани со Јанушев, за неговиот имот, за неговата фирма во Бугарија, за неговите соработници....

Обвинителството се врати ли од екскурзија?

Истрагата мора да се прошири.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колку мечки има во Македонија?

Македонското еколошко друштво и Министерството за животна средина и просторно планирање го започнуваат првото генетско пребројување на кафеавата мечка.

Колку мечки има во Македонија?

Со почетокот на новата учебна година стартуваше и генетскиот мониторинг на кафеавата мечка, којшто во земјава за првпат ќе се спроведува на национално ниво. Активноста ја предводи Македонското еколошко друштво (МЕД) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), во рамките на петгодишниот меѓународен проект „Зачувување на популацијата на кафеава мечка во Динарско-пиндскиот масив“ (LIFE24-NAT-DE-LIFE DinPin Bear/101214048).

Генетското пребројување ќе ја опфати целата динарско-пиндска популација на кафеавата мечка, од Алпите до Егејското Море, која е и најголема во Европа со околу 4000 единки. Во Македонија истражувањето ќе се спроведе во западните делови на државата, од Скопска Црна Гора и Шар Планина на север до Пелистер, Ниџе и Кожуф на југ, а целта е до крајот на 2026 година да се соберат 900 генетски примероци. Досегашните искуства во Словенија и Хрватска покажуваат дека успешноста на генетскиот мониторинг директно зависи од бројот на собрани примероци, поради што исклучително важна улога во процесот имаат шумарите, ренџерите во заштитените подрачја, ловочуварите, ловџиите, собирачите на лековити растенија, шумски плодови и печурки, но и планинарите, велосипедистите и локалните ентузијасти и љубители на природата со кои МЕД спроведува соодветни обуки.

„Генетскиот мониторинг претставува неинвазивно собирање генетски примероци од материјал што животните го оставаат во околината. Во случајот со мечката, ќе собираме примероци од измет од кои потоа ќе го читаме генотипот на секоја единка како своевиден генетски ‘отпечаток од прст‘. Така, секогаш кога подоцна ќе најдеме измет од истото животно, ќе знаеме дека му припаѓа нему, па може да го препознаеме дури и откако ќе угине“, објаснува Александар Стојанов, координатор на проектот во МЕД.

Освен за бројноста на кафеавата мечка, која е строго заштитен вид во земјава, генетското пребројување ќе даде податоци и за нејзината распространетост и генетска разновидност, со што ќе се овозможи подобро разбирање на нејзината екологија. Токму затоа, тоа претставува неопходен прв чекор кон градењето сеопфатна стратегија за зачувување на кафеавата мечка низ Динарско-пиндскиот Регион, што е главната цел на проектот кофинансиран преку Програмата LIFE на Европската Унија во кој учествува 21 партнер од дури 9 европски земји.

„Како надлежен државен орган за заштита и зачувување на биолошката разновидност, Министерството за животна средина и просторно планирање останува посветено во мисијата да ја заштити и соодветно да управува со популацијата на кафеавата мечка. Долгорочната заштита на видот и неговите живеалишта бара и координација со релевантните институции и засегнати страни, поради што на самиот почеток на септември одржавме состанок со претставници на релевантните национални институции, каде што ги претставивме методологијата, планираните активности и временската рамка, како и начинот на спроведување на генетскиот мониторинг во следниот период. Токму тој ќе ни даде основа за натамошното планирање и спроведување конзерваторски мерки при управувањето со популацијата на овој животински вид“, велат од Министерството.

Проектот ќе се фокусира и на креирање на неопходните правни, управувачки механизми и социо-економски услови за да се осигура зачувувањето на кафеавата мечка долж Динаро-пиндскиот планински масив и да се надминат конфликтите меѓу човекот и мечката и загрозените живеалишта, што е клучната закана за одржливоста на оваа популација во земјава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

РАБОТИ НА ПАТ:

Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод

Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата.

Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности.

Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности.

Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт.

Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај.

На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна).

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер