Бразилецот Артур Мело цел на Барселона во зимскиот преоден рок - Канал 5

Бразилецот Артур Мело цел на Барселона во зимскиот преоден рок

Шпанскиот гигант Барселона е сериозно заинтересиран во јануарскиот преоден рок да го доведе во своите редови младиот бразилски фудбалер Артур Мело.

Бразилецот Артур Мело цел на Барселона во зимскиот преоден рок
Техничкиот директор на Барселона, Роберт Фернандез го следеше настапот на 21-годишниот фудбалер од средниот ред на Гремио, во финалето од Копа Либертадорес против Ланус.

Артур, кој од неодамна е член на најдобрата репрезентација на Бразил, со Гремио има договор до 2021 година, во кој е вклучена и откупна клаузула од 50 милиони евра.

Како што пишуваат шпанските медиуми, сепак бразилскиот клуб е подготвен да го ослободи Артур за сума од 20 милиони евра.

Младиот Бразилец, сезонава е стандарден член на Гремио, а на 38-те одиграни средби постигна два гола, но и асистираше уште петпати на своите соиграчи.

Иако Барселона во средниот ред има на располагање неколку одлични фудбалери (Иниеста, Ракитиќ, Бускетс, Серџи Роберто), сепак раководството на клубот размислува за 21-годишниот Артир како за инвестиција за подолг временски период.

Покрај Барселона, интерес за Артур Мело пројавија и англиските премиерлигаши Челзи и Манчестер Јунајтед, како и францускиот шампион ПСЖ. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Од нив, седум управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.А.(41), Ш.Џ.(23), 20-годишната Е.Љ. и 16-годишник, сите од Скопје, Ф.И.(45) и С.К.(56), двајцата од скопско и С.Х.(44) од Тетово. Со активна мерка - забрана за управување на возило возеле Б.Д.(45) од Велес и С.Б.(25) од Гостивар. Додека, пак, под дејство на алкохол возел Т.Н.(37) од Гостивар. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државниот секретар Петрушевски учествуваше на 27. состанок на Советот на СЕЛЕК во Букурешт

На 21 октомври 2026 година, во Букурешт, Романија, се одржа 27. состанок на Советот на СЕЛЕК – Центарот за спроведување на законот на Југоисточна Европа.

Државниот секретар Петрушевски учествуваше на 27. состанок на Советот на СЕЛЕК во Букурешт

На состанокот учествуваше државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сашо Петрушевски, во својство на постојан член на Советот, предводејќи ја македонската делегација.

Во рамки на состанокот беа презентирани резултатите од оперативната работа на СЕЛЕК за 2025 и 2026 година, при што беше разгледан придонесот на Центарот во унапредувањето на регионалната соработка и координацијата меѓу надлежните институции во справувањето со прекуграничниот и организираниот криминал.

Во продолжение, се одржа гласање за избор на нов генерален директор на СЕЛЕК. За функцијата беа номинирани кандидати од Албанија, Романија и Србија. По спроведената изборна постапка, за генерален директор беше избрана кандидатката на Романија, Мадалина Сорина Влангар.

Состанокот претставуваше можност за размена на информации и искуства меѓу земјите членки, како и за унапредување на регионалната соработка во спречувањето и сузбивањето на прекуграничниот и организираниот криминал.

Република Македонија, преку своето учество во работата на Советот на СЕЛЕК, продолжува да придонесува кон зајакнување на соработката меѓу надлежните институции и унапредување на безбедноста во Југоисточна Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Го вративме вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска Македонија

Го враќаме спомен-обележјето, го чуваме споменот на едно одземено детство!

Ѓорѓиевски: Го вративме вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска Македонија

Го вративме вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска Македонија, во чест на нивните судбини, прекинатото детство и незгаснатата љубов кон родниот дом.

Истовремено, во тек се градежните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена-Борец“.

Го обновуваме просторот кој ја чува нашата колективна меморија и му го враќаме достоинството што го заслужува.

Градиме за иднината. Со почит кон минатото!, објави на ФБ градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер