Мажот кој беше влечен по Широк Сокак е жив – починатиот е оној кој влечел, на настанот му претходела физичка преметка
1Мажот кој беше влечен по Широк Сокак е жив – починатиот е оној кој влечел, на настанот му претходела физичка преметка
3СДСМ: Седум починати од западнонилска треска - осум недели молк за водата во Гостивар, одговорни нема
ЗабаваБразилец потрошил 70.000 евра на операции за да личи на куклата Кен (ФОТО)Бразилецот Жуниор Бевилаква потрошил повеќе од 70.000 евра на операции за промена на својот изглед.Прелистувајќи го неговиот Инстаграм профил, можеби ќе помислите дека се работи за кукла, бидејќи тој навистина личи на Кен и по изглед и по начинот на кој се облекува, но тој е вистинска личност. View this post on Instagram A post shared by Júnior Beviláqua 💖 (@kenhumanobrasileiro) Жуниор не сака да открие колку години има, но лаже дека имал повеќе од 80 пластични операции. Многумина, како што вели, го нарекувале Кен, иако тој немал намера да изгледа така. View this post on Instagram A post shared by Júnior Beviláqua 💖 (@kenhumanobrasileiro) "Никогаш не ми беше намерата да личам на Кен. Само имав стил многу близок до него. Имав иста боја на коса, светли очи и модерна облека, па луѓето автоматски велеа дека личам на него, дури и пред операциите. Сите операции што ги имав беа за да го подобрам мојот изглед", изјави тој за Дејли Стар. View this post on Instagram A post shared by Júnior Beviláqua 💖 (@kenhumanobrasileiro) На Инстаграм, во описот на неговиот профил дури пишува „официјален Бразилец Кен“. На Жуниор, вели, му приоѓаат многу луѓе кои сакаат да се фотографираат со него, а тој сега е задоволен од својот изглед. View this post on Instagram A post shared by Júnior Beviláqua 💖 (@kenhumanobrasileiro) View this post on Instagram A post shared by Júnior Beviláqua 💖 (@kenhumanobrasileiro) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМажот кој беше влечен по Широк Сокак е жив – починатиот е оној кој влечел, на настанот му претходела физичка преметкаТепачката, која се случила во центарот на градот во четири часот наутро, ја расчистила полицијата.Пресврт во случајот во Битола, лицето кое на видеото што ја вознемири јавноста се гледа како го влечат на „Широк Сокак“ е живо потврдуваат од МВР, а неофицијално, дознава Канал 5, починат е токму оној кој влече и подоцна беше пронајден во дворот на битолскиот клинички центар. Тепачката, која се случила во центарот на градот во четири часот наутро, ја расчистила полицијата, но зошто дошло до истата и што се случувало допрва ќе се утврдува. -Во врска со видео снимките од социјалните мрежи, ве информираме дека од страна на СВР Битола утврден е идентитетот на лицата кои се на снимката, при што за расчистување на настанот повикани се повеќе лица на службен разговор. Потенцираме, дека споменатато починато лице, Ј.И. во дворот на КБ Битола не е лицето кое на видео снимката е влечено од страна на друго лице.- Гоце Андреевски – Портпарол на МВР Сега починатиот 39 годишник од Струмица по физичката пресметка, рано утрото во понеделникот, со итна медицинска помош завршил на ургентниот центар во битолската болница, каде му биле извршени низа прегледи, и бил испратен на дополнителни, но наместо тоа ја напушти болницата и по кратко време бил пронајден мртво во дворот. Неофицијално, причина за смртта е срцев застој. -Во ургентниот центар е донесен со екипа на итна медицинска помош, од таму на одделение за психијатрија, хирургија и неврохирургија каде е уредно прегледан и упатен на рентгнен, каде што не се јавил. После тоа ја напуштил болницата. – Велат од битолската клиника за Канал 5 Но, дали 39 - годишникот имал видливи траги од насилство, што точно утврдиле прегледите и дали физичката пресметка е причина за смртта, допрва треба да се дознае, од обвинителството велат дека обдукцијата е во тек, а во меѓувреме се преземаат и сите мерки за расветлување на случајот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај ГрачаниСпоред податоците на IQAir, во Скопје денеска индексот на квалитетот на воздухот е околу 69, што значи умерено загадување, при што главен загадувач се ситните PM2.5 честички.Армиски и полициски хеликоптери, како и „ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување, од утрово даваат воздушна поддршка на скопските пожарникари и на огнените тимови со „пинцгауери“ на ДЗС, кои заедно дејствуваат врз големиот пожар кај село Грачани, кој се уште е активен и од македонска и од косовска страна и во последнотo деноноќие го загади воздухот во Скопје. Според податоците на IQAir, во Скопје денеска индексот на квалитетот на воздухот е околу 69, што значи умерено загадување, при што главен загадувач се ситните PM2.5 честички. На чадот и мирисот се жалат и дел од граѓаните. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов им изрази благодарност од пилотите кои учествуваат во гаснењето на пожарот и откри дека на Китка биле подметнати два пожара – во Студеничани и Зелениково. Иако скопските пожарникари брзо ги локализирале, тој предупредува дека ваквите случаи ги распрскуваат силите и го отежнуваат концентрирањето на екипите кон големиот пожар. Од вкупно 31 пожар што избувнале, Ангелов вели дека посериозен е пожарот на територијата на Струга којшто граничи со општина Дебар.На овој пожар работат струшките пожарникари. Останува апелот за внимателност, но и прашањето колку долго ќе траат последиците од чадот и загадувањето доколку пожарите не бидат ставени под контрола. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаСДСМ: Седум починати од западнонилска треска - осум недели молк за водата во Гостивар, одговорни немаОсум недели поминаа од труењето со водата во Гостивар, каде 5.000 граѓани завршија во болница и сè уште нема одговори, нема извештај за видата и нема кој е одговорен.Во околу 50 населени места низ државата беа регистрирани проблеми со безбедноста на водата. Проблеми имаше и со четири реки и локални извори од кои граѓаните користат вода. Одговори нема, одговорност нема. Трагедијата со западно нилска треска продолжува да отвора сериозни прашања за институционални пропусти. Уште еден човечки живот е загубен, судум лица се починати досега. Власта задоцни со реакција, задоцни со прскање против комарци, задоцни со преземање мерки. Одговорни нема. За секој скандал – молк. За секое прашање – криење. За одговорност – никој надлежен. Мицкоски и неговите функционери должат одговори, а институциите должат постапување. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook