Бразил и Русија продолжуваат со победите на Светското првенство во одбојка - Канал 5

Бразил и Русија продолжуваат со победите на Светското првенство во одбојка

Селекциите на Бразил и на Русија продолжуваат со победите на Светското првенство во одбојка што се одржува во Полска.

Бразил и Русија продолжуваат со победите на Светското првенство во одбојка
И двете селекции во втортата фаза од шампионатот играат во Ф групата, а во оваа група четири од осумте репрезентации конкурираат за првите три места, што носат пласман во третата фаза, додека во групата Е пет селекции се во конкуренција да го продолжат шампионатот.

Резултати од синоќа одиграните натпревари:

Е група: Аргентина – Иран 0:3, Србија – САД 1:3, Полска – Италија, 3:1, Австралија – Франција 1:3.
Табела Е група: Франција 13 бодови, Полска 12, Иран 11, САД 10, Србија 9, Аргентина 3, Италија 2, Австралија 0.
Ф група: Бразил – Кина 3:0, Финска – Канада 0:3, Германија – Бугарија 3:1 и Куба – Русија 1:3.
Табела Ф група: Бразил 15, Русија 14, Германија 12, Канада 10, Бугарија 5, Финска 2, Куба 2, Кина 0.

Без шанси за пласман во следната рунда се: Аргентина, Италија и Австралија (Е група), Бугарија, Финска, Куба и Кина (Ф група).
Денеска на шампионатот е слободен ден, а последните две кола од втората фаза се играат во сабота и во недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарите се шират на југот на Франција, стотици пожарникари на терен

Пожарите и натаму се шират во неколку француски департмани, особено на југот од земјата, каде што стотици пожарникари продолжуваат да се борат со огнената стихија.

Пожарите се шират на југот на Франција, стотици пожарникари на терен

Во департманот Буш Ди Рон околу 150 пожарникари и денес интервенираат на повеќе локации, а противпожарната служба предупреди дека ризикот од нови пожари останува исклучително висок.

Поради сериозната опасност, властите целосно го забранија пристапот, движењето и работата во 11 шумски подрачја. Префектот на регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег соопшти дека мерката е воведена поради „многу висок ризик“ од избувнување и ширење на пожари.

Ситуацијата дополнително ја отежнува силниот ветер, кој во областите Алпи, Камарг и Кро достигнува брзина до 65 километри на час

Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нунјез, изрази сериозна загриженост, истакнувајќи дека сезоната на пожари започнала околу еден месец порано од вообичаено.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео- Тајна свадба на годината: Тејлор Свифт и Тревис Келси го кажаа судбоносното „да“ во „Медисон Сквер Гарден“

Пејачката Тејлор Свифт официјално му кажа „да“ на Тревис Келси, а целиот настан беше организиран во најголема тајност.

Видео- Тајна свадба на годината: Тејлор Свифт и Тревис Келси го кажаа судбоносното „да“ во „Медисон Сквер Гарден“

Селена Гомез, Џиџи Хадид и Бредли Купер беа меѓу последните гости што ја напуштија церемонијата на двојката во Медисон Сквер Гарден околу 1 часот по полноќ, објавува Page Six.

Најблиските пријатели на пејачката - вклучувајќи ја нејзината најдобра пријателка од детството Абигејл Андерсон, Селена Гомез, Џиџи Хадид и Ед Ширан - исто така беа дел од овој гламурозен настан.

Познатите личности го напуштаа „Медисон Сквер Гарден“ во различни периоди во текот на вечерта. Том Брејди беше еден од првите славни гости што си заминаа порано, а по него замина и Џорџ Стефанопулос.

Една од најголемите мистерии поврзани со свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси беше разрешена веднаш откако тие го кажаа судбоносното „да“, а таа се однесуваше на изборот на венчаницата и костумите за младенците.

Списанието „Пипл“ дознава дека и невестата и младоженецот носеле уникатни креации од модната куќа „Кристијан Диор Хаутр“ за нивниот голем ден.

Нивните свадбени фустани биле дизајнирани од Џонатан Андерсон, кој тесно соработувал со двојката на нивниот изглед.

Венчаницата на Тејлор е особено значајна бидејќи претставува прва високомодна венчаница што Андерсон ја создал за светски позната ѕвезда.

Своите свадбени комбинации ги заокружија со чевли изработени по мерка од модната куќа „Кристијан Лубутен“, додека Тејлор го комплетираше изгледот со накит од куќата „Картије“. Иако обожавателите со месеци шпекулираа каква венчаница ќе носи Тејлор, одговорот конечно пристигна од една од најпрестижните модни куќи во светот, преку уникатна креација на „Диор“, изработена специјално за најочекуваниот моден момент во нејзиниот живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Побезбедни и поуредени населби – се обновуваат детските и спортските игралишта во Општина Аеродром

Општина Аеродром продолжува со засилено темпо да ги обновува детските и спортските игралишта низ сите населби, со што се добиваат безбедни, уредени и современи простори за игра, рекреација и дружење.

Побезбедни и поуредени населби – се обновуваат детските и спортските игралишта во Општина Аеродром

Паралелно со санацијата на игралиштата, се реализира и обнова на урбаната опрема, со што јавните површини стануваат пофункционални, поуредени и попријатни за користење од страна на сите генерации.

Со секој реализиран проект, Општина Аеродром создава подобри услови за секојдневниот живот на граѓаните, инвестирајќи во јавна инфраструктура што придонесува за поквалитетно и побезбедно урбано живеење.

Целта е Аеродром да биде општина во која децата безгрижно играат, младите активно спортуваат, а семејствата уживаат во чиста, уредена и современа животна средина.

Општина Аеродром останува посветена на континуирано унапредување на јавниот простор и ќе продолжи со реализација на вакви проекти во секоја населба, затоа што грижата за јавниот простор претставува инвестиција во квалитетот на животот на сите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер