Бразил и Аргентина во финалето на СП во футсал - Канал 5

Бразил и Аргентина во финалето на СП во футсал

Бразил и Аргентина ќе играат во финалето на десеттото издание на Светското првенство во футсал кое се одржува во Узбекистан.

Бразил и Аргентина во финалето на СП во футсал

Откако Бразил во средата ја победи Украина со 3-2, Аргентина синоќа со истиот резултат ја совлада Франција.

Тоа ќе биде седмо финале за Бразил, кој зад себе има рекордни пет светски титули, додека Аргентина влезе во третото последователно финале, а ќе се обиде по втор пат да стане светски првак.

Иако Бразил и Аргентина имаат освоено вкупно шест титули на светските првенства, ова ќе биде прво финале меѓу двете јужноамерикански репрезентации.

Дуелот за бронзениот медал меѓу Украина и Франција, како и финалето меѓу Бразил и Аргентина ќе се играат на 6 октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младите: ВМРО нè нападнаа физички сега јавно со украдени полициски документи од ПС Струмица, бараме истрага

Денес стоиме пред вас не како обвинети, туку како нападнати. Криминалната група ВМРО ги штити тепачите што ги пратија врз нас во Ново Село. Прво нè нападнаа физички.

Младите: ВМРО нè нападнаа физички сега јавно со украдени полициски документи од ПС Струмица, бараме истрага

Сега нè напаѓаат јавно - со лаги, со навреди и со украдени полициски документи – кои се доверливи. ВМРО на прес-конференција објави податоци од документи од Полициската станица Струмица.

Податоци до кои немаат право на пристап. Податоци што се водени како службена тајна. Тоа не е политика тоа е кривично дело.

Бараме од Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага и да поднесе кривична пријава против:

• Полициски службеници од Полициската станица Струмица, кои неовластено извадиле и предале доверливи полициски податоци,

• Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, кој како прв човек на МВР сноси одговорност за злоупотребата на полицијата,

• Валентин Манасиевски, кој јавно ги објавил тие податоци и ги искористил за јавен линч врз младите.

Истовремено бараме Внатрешната контрола на МВР итно да утврди кој им овозможил пристап на функционери на ВМРО до службена тајна и кој ставил потпис. За што ќе бараме и посебно вештачење.

Ако институциите не постапат, ние ќе поднесеме кривична пријава. За сите. Погрешивте што дигнавте рака на младите.

Погрешивте што направивте уште едно кривично дело за да нè замолчите. Не успеавте во Ново Село. Нема да успеете ниту сега.

Ние не се плашиме.

Вистината е на наша страна.

И доаѓа време кога сите ќе одговарате.

YouTube video

Центар за комуникации на СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изложба „Дома“ во Прилеп

Во преполната Ликовна галерија од ЦК"Марко Цепенков" во Прилеп, синоќа беше отворена изложбата на фотографии и дигитални дела "Дома" од прилепските уметници Александра Ацеска и Илија Ацески.

Изложба „Дома“ во Прилеп

Изложбата ја отвори Филип Димкоски, кој посочи дека станува збор за поставка на

фотографии и фотоманипулации, кои носат спој на две различни уметнички перцепции.

"Илија Ацески е конкретен, прецизен и рационален. Ја застапува аристотеловата теорија дека објектот постои само во онаква форма каква што ја гледа набљудувачот. Спротивно на таа прагматичност, за Александра Ацеска, водата не е само вода, ниту пак планината е само планина. Таа во водата ја бара длабочината, а по планинските височини трага до врвот на мудроста. Овде имаме спротивставеност на машката и женската енергија, на визијата на таткото и визијата на ќерката, на мудроста на искуството и на полетноста на младоста, на цврстината на коренот и на силата на крилјата...Слободата со која се создавани делата, им дава слобода и на посетителите делата индивидуално да ги толкуваат и да извлечат свои пораки, поенти и заклучоци, но упатува на тоа дека домот не е конкретен простор, туку специфична состојба на духот. Добредојдовте дома" - рече Димкоски на отворањето на изложбата.

Академската уметница Александра Ацеска живее и работи во Кина, има реализирано повеќе самостојни и групни изложби, а Илија Ацески долги години се занимава со фотографија.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СВР Скопје лиши од слобода едно лице во врска со сообраќајната несреќа на ул. Радишанска

По преземени мерки и активности, СВР Скопје лиши од слобода едно лице во врска со сообраќајната несреќа во Скопје во која вчера загина 19-годишен мотоциклист од скопско.

СВР Скопје лиши од слобода едно лице во врска со сообраќајната несреќа на ул. Радишанска

На 07.08.2026 во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје со привремен престој во Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски таблички, управуван од Н.М.(19) од с.Побожје, скопско.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот Н.М.. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Додека, со телесни повреди се здобил возачот С.Б., констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“. За време на вршење на увидот и по преземени мерки и обезбеден видео запис дојдено е до сознание дека во предизвикување на несреќата, но без физички контакт, учествува и патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот со возилото го напуштил местото без да им укаже помош на повредените.

По дополнително преземени мерки, околу 19:40 часот во с.Арачиново, скопско, пронајдено е возилото и возачот С.О.(46) од с.Арачиново. Тој е лишен од слобода, спроведен е во полициска станица и со него е извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер