Бразил го има фудбалот, во Ирска се најдобрите скокачи од карпи - Канал 5

Бразил го има фудбалот, во Ирска се најдобрите скокачи од карпи

Англичанецот Гери Хант победи на третиот настан од светското првенство на Red Bull Cliff Diving

Бразил го има фудбалот, во Ирска се најдобрите скокачи од карпи
Ова лето не беше славно за Англија, но земјата има барем еден спортски херој: Гери Хант нанижа две победи по ред во светското првенство на Red Bull Cliff Diving, триумфирајќи на неделното натпреварување во Ирска, одржано на Инес Мор. Хант веќе има три титули, но во Ирска имаше незавршена работа по разочарувачкиот резултат пред две години и сега ја оствари личната цел победувајќи ги другите 13 скокачи од 10 земји, освојувајќи го првото место со скокови од 28 метри височина кон спектакуларната серпентинска дупка. Три илјадната публика беше сведок на дуелот за второто место меѓу Стивен Лобе од САД и Џонатан Паредес од Мексико, што Американецот го доби со минимална разлика и го комплетираше подиумот.

Сончевото време го придружуваше натпреварувањето во текот на двата дена, а Англичанецот успеа во својата мисија, поправајќи го својот резултат во фамозната „дупка“, остварувајќи го најтешкиот скок со траење од 8,5 секунди и најнаградениот скок од судиите со 158,10 поени, по што стигна до победата со вкупно 488,40 поени. На 30-годишниот Англичанец му се придружи Стивен Лобе со 475,40 поени кој беше втор по сите три рунди на скокови, како и ланскиот дебитант на годината, 24-годишниот Џонатан Паредес со 475,20 поени, кој беше водечки до последната серија и покрај тоа што имаше најнизок степен на тежина на изведбата.

Редоследот на овој подиум е ист како генералниот пласман по три од предвидените седум настани во календарот. Гери Хант сега има 150 бода предност во однос на Лобе (380 бода) и 170 од Паредес (360 поени), додека актуелниот светски првак Артем Силченко од русија во моментов е на петтото место поради повреда на рамото (270 бода).

Инис Мор е најголемиот од трите Арански острови кои се дом на легендарната „серпентинска дупка“, која локалното население ја нарекува „Poll na Peist“ и е влез во подземните пештери, а од која блика вода кога надоаѓа плимата. Ирска како домаќин на првата европска рунда приреди топол пречек и комплетно поразлично искуство за скокачите од карпи, за разлика од пред две години, кога тие беа пречекани со типичната ирска метеорологија и четири годишни времиња во еден ден.

Од Аранските острови, скокачите од карпи се упатуваат северно кон архипелагот Крагеро во Норвешка, каде што ќе се одржи следната рунда , со што ќе се дојде до средина од сезоната во 2014 година, по пауза од само две седмици.

Изјави на победниците:

Гери Хант (Англија)
- Ова беше специјална победа. Пред две години тука имавме навистина тежок натпревар и во него јас не бев во најдобра форма, па дури го забележав и најслабиот резултат во својата кариера, затоа е одлично да се освои победата. Мора да признаам дека бев малку нервозен кога ја видов оваа рунда во календарот. Предизвикот е навистина голем, но да се мине низ него и да се освои победата е нешто навистина специјално. Две победи во низа дефинитивно прават добра најава и ќе ми помогнат во борбата за највисокото место. Имам убава предност сега, но само една грешка може да доведе до пропуштање на финалето и тогаш се губи целата разлика, па затоа не можам да го земам ова за готово.

Стивен Лобе (САД)
- Навистина сум задоволен. Скокав конзистентно низ натпреварувањето и освојувањето на второто место е одлично. Моите скокови беа постојани и мислам дека сега сум во борба за титулата. Ќе биде тешко да се стигне Гери, но можеш да влијаеш само на своите скокови и се е во концентрацијата и продолжувањето на сезоната на идентичен начин како што и ја започнав.

Џонатан Паредес (Мексико)
- Скокав навистина добро и бев водечки по третата рунда, но степенот на тежина на изведбата не беше доволно висок за да победам. Среќен сум што стигнав до последната рунда и знаев дека за да останам на водечките позиции мора да имам добар скок. Не сфатив се до прогласувањето дека разликата од Стивен е само 0,2 бода. Сакам да ги задржам добрите скокови и да го подигнам степенот на тежина на изведбата. Ако подготвам нов скок сакам да трае 9 секунди и никако помалку.

Резултати, Инис Мор
1. Гери Хант (Англија) 488,40 бода, 2. Стивен Лобе (САД) 475,40 бода, 3. Џонатан Парадес (Мексико) 475,20 бода, 4. Орландо Дуке (Колумбија) 461,90 бода, 5. Михал Навратил (Чешка) 454,05 бода, 6. Блејк Олдриџ (Англија) 443,70 бода, 7. Дејвид Колтури (САД) 431,80 бода, 8. Артем Силченко (Русија) 417,50 бода, 9. Енди Џонс (САД) 292,15 бода, 10 Ален Кол (Луксембург 289,95 бода, 11. Мат Кауен (Англија) 276,90 бода, 12. Сирил Умеџкане (Франција) 259,00 бода, 13. Крис Коланус (Полска) 254.60 бода, 14. Жуселино Жуниор (Бразил) 229,25 бода

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шест повредени полицајци по насилниот протест во Тирана

Шестмина полициски службеници се повредени по насилните инциденти на вчерашниот протест во Тирана, соопшти албанската полиција.

Шест повредени полицајци по насилниот протест во Тирана

16 лица биле уапсени, а против 50-ина е покрената кривична постапка по протестот кој прерасна во судир со полицијата, кога дел од учесниците почнаа да фрлаат камења, бетонски плочи, пиротехнички средства и молотови коктели кон полицајците и кон зградата на министерството за образование.

Протестот го организираа студенти и млади луѓе незадоволни од состојбите во образованието, високите трошоци за студирање, недоволната финансиска поддршка и слабите можности за вработување по дипломирањето, објави Ројтерс.

Приведените се товарат за напад врз службено лице, незаконско постапување со експлозивни и запаливи материи и оштетување и палење имот..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Страшна сообраќајка во Словенија - возел во рикверц, двајца мртви, четворица повредени

Две лица загинаа, а четири лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа на автопат во Словенија. Меѓу повредените е и едно дете кое е во животна опасност.

Страшна сообраќајка во Словенија -  возел во рикверц, двајца мртви, четворица повредени

Несреќата се случила околу 1 часот по полноќ на автопатот Љубљана – Марибор, кај одморалиштето Луковица. Според првичните информации од полицијата, 28-годишен странски државјанин, кој управувал автомобил со романски регистарски таблички, откако го поминал излезот од одморалиштето застанал на десната лента на автопатот и потоа почнал да се движи наназад.

Во тој момент, во неговиот автомобил удрило комбе што доаѓало одзади. Загинатите се романски државјани, кои седеле на задните седишта од автомобилот. Повреденото дете е француски државјанин. Пожарникарите кои пристигнале на местото на несреќата морале да користат специјална опрема за да извлечат две лица кои биле заробени во уништениот автомобил.словенечката полиција отвори истрага поради сомнеж за сторено кривично дело.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФУЕН бара поддршка од МАЕИ за спроведување на Резолуцијата за македонското национално малцинство во Албанија

Федералната унија на европските националности (ФУЕН) упати официјално писмо до претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во врска со неодамна усвоената Резолуција за македонското национално малцинство.

ФУЕН бара поддршка од МАЕИ за спроведување на Резолуцијата за македонското национално малцинство во Албанија

Федералната унија на европските националности (ФУЕН) упати официјално писмо до претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во врска со неодамна усвоената Резолуција за македонското национално малцинство во Република Албанија.

Резолуцијата, која беше поднесена од Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, беше усвоена на Собранието на делегати на ФУЕН за време на годишниот Конгрес одржан на 19 септември 2026 година во Хелсинки, Финска.

Во своето обраќање, претседателката на ФУЕН, Оливија Шуберт, истакна дека организацијата — која ги претставува автохтоните национални малцинства во Европа и ги застапува нивните права пред ОН, Советот на Европа, ЕУ и ОБСЕ — бара поддршка од МАЕИ за ефективна имплементација на усвоената резолуција.

Со оваа резолуција, од албанските власти официјално се бара Владата на Република Албанија да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици, да им овозможи на припадниците на македонското малцинство слободно да се изјаснуваат и да преземе ефективни мерки против какви било надворешни политички притисоци насочени кон негирање или асимилација на македонскиот идентитет. Покрај тоа, се бара Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на новата реформа да не претрпи територијални промени, односно да не се спојува со други општин.

Во одговорот до ФУЕН, претседателот на МАЕИ, Васил Стерјовски, изрази искрена благодарност за континуираната грижа и посветеност на Унијата во заштитата и унапредувањето на правата, идентитетот, јазикот и културата на Македонците во Албанија.

„Усвојувањето на оваа резолуција е значаен чекор кон зајакнување на заштитата на малцинските права и обезбедување загриженоста и легитимните барања на македонското малцинство во Албанија да го добијат вниманието што го заслужуваат на европско ниво“, истакна Стерјовски.

Тој исто така го поздрави признанието што ФУЕН му го оддава на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана за неговата активна работа и изрази подготвеност за понатамошна заедничка соработка во насока на целосно спроведување на резолуцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер