3Од понеделник се отвораат шалтери на „Алта банка“ и во Тетово и Струмица, неделниот лимит 15.000 денари
3Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
СветБразил го блокира доаѓањето на американски функционери поради страв од мешање во изборите Бразил им одби визи на двајца функционери од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, кои планираа да патуваат во земјата за да фрлат сомнеж врз интегритетот на изборниот систем на Бразил.Функционерите во изјава за Ројтерс, кои зборуваа под услов да останат анонимни поради чувствителноста на ова прашање, рекоа дека американскиот план е обид да се влијае на претседателските избори во Бразил во октомври. Левичарскиот актуелен претседател Луиз Инасио Лула да Силва ќе се соочи со десничарскиот сенатор Флавио Болсонаро, сојузник на Трамп и син на поранешниот претседател Жаир Болсонаро, кој ги загуби последните избори од Лула. „Обид за политичка експлоатација на ситуацијата“ Бразил во петокот им одби визи на американската делегација, во која ќе беа вклучени помошникот државен секретар Рајли М. Барнс од Бирото за демократија, човекови права и труд на Стејт департментот, и Самуел Самсон, заменик-помошник секретар, соопштија бразилски функционери. Одбивањето се базираше на „докази што укажуваат на обновен обид за политичка експлоатација на ситуацијата и поткопување на изборниот систем“, рече еден од функционерите. Подоцна во саботата, портпарол на американскиот Стејт департмент изјави дека Барнс и Самсон ќе ја посетат Бразилија од 27 до 30 јули за да се сретнат со владини претставници, верски лидери и претставници на граѓанското општество за да разговараат за интегритетот на изборите, верските слободи и слободата на говорот. Портпаролот отфрли секаков предлог за план за поткопување на изборите во Бразил, нарекувајќи ги таквите тврдења „неосновани“ и опишувајќи ја посетата како рутинска и во согласност со законскиот мандат на Канцеларијата за демократија, човекови права и труд. Тактики на Трамп Американскиот план првпат беше објавен од Вашингтон пост, а подоцна потврден од Ројтерс. Администрацијата на Трамп се обидува да влијае на политичките избори и трендови низ Латинска Америка. Неговата неодамнешна „целосна и безусловна поддршка“ на новоизбраниот колумбиски претседател Абелардо де ла Есприела следи по поддршката за лидери како што се претседателот на Аргентина Хавиер Милеа и претседателот на Чиле Хозе Антонио Каста. Жаир Болсонаро, поранешен капетан на армијата и страствен застапник на крајната десница, постојано се обидува да ја поткопа довербата во изборниот систем на Бразил пред изборите во 2022 година, повторувајќи ги тактиките што ги користеше Трамп во САД. Во тоа време, директорот на Централната разузнавачка агенција на САД, под водство на поранешниот претседател Џо Бајден, ѝ рече на администрацијата на Болсонаро да престане да фрла сомнеж врз системот за гласање во Бразил. Забрана за кандидатура на Болсонаро Сепак, во месеците пред изборите во 2022 година, на кои Лула на крајот победи, Болсонаро ги повика странските дипломати за да изнесе неосновани тврдења дека електронскиот систем за гласање во Бразил е подложен на измама. Неговата кампања се врати како бумеранг. Врховниот изборен суд на Бразил, кој ги надгледува изборите, последователно пресуди дека Болсонаро ја злоупотребил својата позиција и му забрани да се кандидира за јавна функција до 2030 година. Болсонаро подоцна беше осуден на 27 години затвор за заговор за поништување на изборниот резултат и останување на власт. Тој ја издржува казната во домашен притвор. Сега Флавио Болсонаро повторно ги разгоре сомнежите за изборниот систем на земјата, кои се шират преку социјалните мрежи.Тагови: Бразил изборите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Црна хроникаУапсен е гостиварец, кој ја принудувал својата 80 годишна неподвижна мајка на питачење Лишено од слобода лице кое ја принудувало својата мајка на питачење, поднесена кривична пријава за „трговија со луѓе“.На 06.11.2026, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Н.Н.(60) од Гостивар за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, по член 418-а, став 1 од Кривичниот законик. Во текот на 2025 и 2026 година, Н.Н. делото го сторил со цел стекнување противправна имотна корист, на начин што ја искористил ранливоста и зависната положба на неговата мајка З.С(80) од Гостивар, како и нејзината физичка неспособност, (истата се движи со инвалидска количка и не ги извршува самостојно секојдневните активности), и ја принудувал на питачење. Имено Н.Н. својата мајка подолг временски период во континуитет ја носел на локација во Гостивар, и ја изложувал на трудова експлоатација по пат на питачење, додека за целото време бил присутен во нејзина непосредна близина, ја надгледувал и контролирал нејзината активност, по што насилно и на дрзок начин и ги одземал паричните средства, кои потоа ги користел за свои потреби. Врз основа на издадена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, на подрачје на Гостивар извршен е претрес во дом и други простории кај Н.Н., при што лицето е лишено од слобода. Од извршениот претрес пронајдени и привремено одземени се мобилни телефонски апарати и парични средства кои потекнуваат од извршување на кривичното дело, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНајмалку двајца загинати и над 20 повредени во автобуска несреќа во Франција (ВИДЕО)Во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во градот Лен, во департманот Ен во источна Франција, загинаа две лица - едно малолетно лице и едно возрасно лице, соопшти префектурата на департманот Ен. Во несреќата се повредени уште 20 лица, од кои тројца се здобиле со тешки повреди. Според информации од извор близок до истрагата, објавени од BFMTV, автобусот завршил во канал. Истиот извор наведува дека се евидентирани неколку десетици жртви или лица кои некако биле вклучени во несреќата. Две лица доживеале срцев удар Автобусот „излетал од патот и удрил во дрво во канал“, потврди за АФП градоначалникот на Лен, Ив Кристан, наведувајќи дека две лица доживеале срцев удар, додека голем број луѓе се повредени. По несреќата, министерот за транспорт Филип Табаро објави на социјалната мрежа X дека се упатува кон местото на несреќата. „Секогаш е тешко кога нашите ученици, нашите деца, се жртви на несреќа од ваков вид. Им нудам на семејствата сета моја поддршка, како и поддршката од владата и целата образовна заедница што е со нив“, изјави министерот за образование Едуар Жефр за новинарите. Министерот, кој беше во посета на средно училиште во Конфлан-Сен-Онорен, во департманот Ивлин, рече дека во овој момент нема дополнителни информации за несреќата. Префектот на департманот Ен објави дека е активиран оперативниот центар на департманот (COD) за да ги координира активностите на различните служби вклучени во управувањето со кризата. Службите за итни случаи и полициските службеници беа распоредени на местото на несреќата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд понеделник се отвораат шалтери на „Алта банка“ и во Тетово и Струмица, неделниот лимит 15.000 денариНародната банка ги олеснува условите за располагање со средствата во „АЛТА банка“ АД Битола. Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, со цел да им се овозможи полесен пристап до нивните средства и непречено користење на банкарските услуги. Денеска гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и соопшти на јавноста три нови олеснувања, кои се однесуваат на проширување на мрежата за исплата на готовина, зголемување на лимитите за користење на платежните картички и располагање со приливите од плати, пензии и социјални трансфери. · Од понеделник, 9 ноември, ќе бидат отворени шалтерите и во Тетово и Струмица, на кои граѓаните што немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари. На овој начин, клиентите од овие градови и околните населени места ќе можат да ги подигнат средствата без да патуваат до Битола. Воедно, Народната банка ќе им излезе во пресрет на граѓаните од околните градови во Битола, а тоа се Прилеп, Ресен и Охрид, ќе организира автобуски превоз до филијалата на Алта Банка АД Битола, со цел и тие да можат да си подигнат своите пензии и социјална помош. · Исто така, од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажни места со платежните картички на Банката се зголемува од 10.000 на 15.000 денари. · Третото олеснување се однесува на сите идни нови приливи од плати, пензии и социјални трансфери, коишто доаѓаат од институции или фирми кои имаат сметки во други банки ̶ нив граѓани ќе можат да ги повлечат во целост, без ограничување на износот. Во таа смисла, клиентите на Банката немаат потреба од отворање платежна сметка во друга банка, бидејќи ќе може да располагаат со пристигнатите приливи врз овие основи во целосен износ, со користење платежна картичка или подигање готовина преку отворените шалтери на Банката. Инаку, исплатите на клиентите досега се одвиваат според утврдениот распоред. Како што знаете, од вчера започна исплатата на средствата на граѓаните коишто немаат платежни картички. Исплатата продолжува и во следните денови. Филијалата во Битола работи во две смени, а ќе работи и во сабота, 7 ноември. Исплатата на средствата на корисниците на социјална помош започна од денеска. Денес, во експозитурата во Битола беа услужени околу 660 клиенти. Просечниот повлечен износ по клиент вчера беше околу 19 илјади денари, а денес околу 16 илјади денари, што е очекувано поради пониските износи на социјални трансфери. „АЛТА банка“ АД Битола продолжува да работи, не е во стечај и не ѝ е одземена дозволата за работа. Администрацијата е привремена мерка, која се применува до промена на сопственоста. Состојбата во Банката е добра, таа е ликвидна и висококапитализирана, со солиден квалитет на кредитното портфолио. Средствата на клиентите остануваат на нивните сметки. Привремените ограничувања се однесуваат на начинот на располагање со средствата и се воведени со цел да се зачува ликвидноста на Банката и да се заштитат интересите на сите штедачи. Народната банка континуирано ја следи состојбата и ги приспособува мерките во согласност со нејзиниот развој, при што приоритет останува уредното опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката. Народната банка ги повикува граѓаните да ги следат информациите објавени преку официјалните канали на информирање на Народната банка, се наведува во соопштението од НБ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter