Бразил без Алисон против Франција и Хрватска - Канал 5

Бразил без Алисон против Франција и Хрватска

 Првиот голман на бразилската репрезентација, Алисон Бекер, ќе ги пропушти претстојните пријателските натпревари против Франција и Хрватска, поради повреда, објави Бразилската фудбалска конфедерација.

Бразил без Алисон против Франција и Хрватска

Алисон беше на голот на Ливерпул во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Галатасарај во средата, но, потоа, наводно, се повредил на тренинг.

Бразилскиот селектор Карло Анчелоти го повика голманот на Коринтијанс, Уго Соуза, како замена за Алисон.

Бразил на 26 март во Бостон ќе игра против Франција, а на 31 март во Орландо против Хрватска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада

Осум месеци затворска казна и 3300 евра парична казна  доби Игор Дашковски Стојановски за  палењето на двете дипломатски возила на Бугарската амбасада во Скопје.

8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за  палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада

Инцидентот што се случи на 15 јуни годинава. Пресудата е за кривично дело загрозување лица и објекти под меѓународноправна заштита.

44-годишниот скопјанец претходно ја призна вината за делото, изјавувајќи пред судот дека сам ја донел одлуката да ги полее со бензин и да ги запали возилата.

Инцидентот предизвика осуда од македонските власти и зголемени тензии и реторика меѓу Скопје и Софија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познати составите на сите „шешири“ за квалификациите за ЕУРО 2028,Македонија во третиот шешир

 По одигрувањето на сите преостанати натпревари во Лигата на нации, познат е составот на сите шешири за квалификациите за Европското првенство во 2028 година.

Познати составите на сите „шешири“ за квалификациите за ЕУРО 2028,Македонија во третиот шешир

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија по очајните резултати во Лигата на нации е во третиот шешир, што значи дека за противници во квалификациите не може да ги добие селекциите на Украина, Полска, Шкотска, Грузија, Израел, Романија....

Ждрепката за квалификациските групи ќе се одржи на 7 декември во Белфаст, главниот град на Северна Ирска, еден од кодомаќините на ЕУРО 2028 заедно се Велика Британија.,

Составот на шеширите е следен:

Прв шешир: Шпанија, Португалија, Франција, Англија, Холандија, Грција, Италија, Белгија, Данска, Германија, Хрватска, Норвешка

Втор шешир: Велс, Чешка, Србија, Турција, Швајцарија, Шведска, Австрија, Босна и Херцеговина, Словенија, Северна Ирска, Унгарија, Ирска

Трет шешир: Македонија,, Украина, Полска, Шкотска, Грузија, Израел, Романија, Словачка, Црна Гора, Исланд, Албанија

Четврти шешир: Белорусија, Финска, Кипар, Естонија, Бугарија, Луксембург, Фарски Острови, Ерменија, Молдавија, Казахстан, Латвија, Сан Марино

Петти шешир: Малта, Азербејџан, Литванија, Гибралтар, Андора, Лихтенштајн .

Термините за одигрување на квалификациските кола за Европското првенство 2028 се следни:

1. коло: 26–27 март 2027 г. (само за групи со 5 екипи)

2. коло: 29–30 март 2027 г. (само за групи со 5 екипи)

3. коло: 11–12 јуни 2027 г. (само за групи со 5 екипи)

4. коло: 14–15 јуни 2027 г. (само за групи со 5 екипи)

5. коло: 23–25 септември 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи)

6. коло: 26–28 септември 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи)

7. коло: 30 септември – 2 октомври 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи)

8. коло: 3–5 октомври 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи)

9. коло: 11–13 октомври 2027 г. Ноември 2027 година (за групи со 4 и 5 екипи)

10. коло: 14–16 ноември 2027 година (за групи со 4 и 5 екипи) .

Полуфиналните натпревари од плеј-офот се играат од 23 до 25 март 2028 година, а финалето од плеј-офот – од 26 до 28 март.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: И Трамп пристигна во Шенжен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес пристигна во Шенжен, град во јужната кинеска провинција Гуангдунг, каде што ќе присуствува на дводневниот 33-ти самит на економски лидери на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC).

Видео: И Трамп пристигна во Шенжен

Претседателот на Кина Си Џинпинг лично го пречека Трамп на аеродромот во Шенжен.

Со овој гест, Си отстапи од вообичаената практика. Откако ја презеде функцијата, Си никогаш претходно нема пречекано американски претседател на аеродром.

Во Кина, каде што протоколот се сфаќа исклучително сериозно, појавувањето на Си на пистата претставува јасен сигнал за важноста што Пекинг ѝ ја придава на својата врска со Соединетите Држави.

Трамп инаку е првиот американски претседател кој го посетил овој град во Кина за време на неговиот тековен мандат. Шенжен инаку е еден вид престолнина на вештачката интелигенција (ВИ) и кинески одговор на Силиконската долина, каде што се наоѓаат кинеските технолошки гиганти, според CNN.

Се очекува Трамп во Шенжен да оствари историска средба со кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин, а невидената трилатерална средба е закажана за утре.

Пред Трамп, рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Шенжен, а тој веќе се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг, според руските и кинеските медиуми.

Путин и Си се сретнаа на маргините на самитот на АПЕК и разговараа за билатералните односи и меѓународната ситуација, пренесува РИА Новости.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер