Браун верува дека Верстапен ќе го напушти Ред Бул на крајот на годината - Канал 5

Браун верува дека Верстапен ќе го напушти Ред Бул на крајот на годината

 Извршниот директор на Мекларен, Зак Браун, е убеден дека возачот на Ред Бул, Макс Верстапен ќе го напушти својот тим по завршување на сезоната 2025.

Браун верува дека Верстапен ќе го напушти Ред Бул на крајот на годината

- Според мене, тој ќе го напушти својот сегашен тим на крајот на годината и најверојатно ќе се пресели во Мерцедес. Имаше гласини за можна преселба во Астон Мартин, каде што се приклучи Адријан Њуи. Сепак, и покрај големината на Адријан, за успех е потребен кохезивен тим, култура, а за тоа е потребно време. Ако треба да се обложувам, би го избрал Мерцедес. Во последните 10 години седум-осум пати го освоија шампионатот за конструктори. Минатата година победија на пет трки. Тие се стабилни. Познато е дека на Тото Волф му се допаѓа Макс. Покрај тоа, на Мерцедес им оди добро со своите погонски единици во контекст на новите регулативи за следната година, изјави Брауна за „The Telegraph“.

Верстапен кој е актуелен светски шампионат во Формула 1 ги сподели своите очекувања за втората етапа сезонава.

- Се ближи првиот спринтерски викенд и за нас е важно да се погрижиме болидот да биде оптимално поставен. Ќе имаме само еден тренинг за корекции и има малку време, но тимот се труди. Отсекогаш уживав во трките во Шангај, има многу можности за претекнување таму, истакна Верстапен.

Втората етапа од Формула 1 сезоната 2025 година ќе се одржи од 21 до 23 март на патеката во Шангај, Кина.

Камион товарен со дрва во обид да избега од полицијата и излетал од патот

 Камион „застава" без регистерски ознаки, кој превезувал огревно дрво излетал од патот и удрил во паркиран автомобил, при обид да избега од полицијата, три лица избегале од местото, соопшти денеска СВР Охрид.

Камион товарен со дрва во обид да избега од полицијата и излетал од патот

Според информацијата, ноќеска еден час по полноќ, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при ОВР Струга, на локален пат во атарот на струшкото село Мислешево, затекнале товарно моторно возило „застава“ без регистарски ознаки, кое превезувало огревно дрво.

- Откако ги забележал, возачот ја зголемил брзината и тргнал со возилото кон полициските службеници, кои се обиделе да го сопрат по што, изгубил контрола, излетал од патот и удрил во паркиран автомобил „форд сиера“ со струшки регистарски ознаки. Возачот и уште две лица од возилото го напуштиле местото, по што возилото и огревното дрво се предадени на Шумската полиција, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

ОВР Струга презема мерки за целосно расветлување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ретаљо: Уапсено 21 лице во голема акција против нарко-картелите во Марсеј

Министерот за внатрешни работи на Франција, Бруно Ретаљo, соопшти дека рано утринава е спроведена голема полициска акција во која се уапсени 21 лице, осомничени дека припаѓаат на организиран нарко-картел кој дејствува во Марсеј.

Ретаљо: Уапсено 21 лице во голема акција против нарко-картелите во Марсеј

Операцијата беше спроведена многу рано утринава и доведе до 21 апсење поврзани со нарко - картел, пишува Ле Фигаро.

„Очекуваме ова да овозможи разбивање на значајна мрежа во Марсеј“, рече Ретаљо на прес-конференција за време на посетата на градот.

Операцијата се фокусираше на мрежа во населбата Ла Кастелан, лоцирана во северните делови на Марсеј, позната како жариште на трговија со дрога и симбол на борбата против организираниот криминал во вториот по големина град во Франција, јавувааат француските медиуми.

Министерот нагласи дека „речиси сите цели“ на акцијата се идентификувани и приведени.

Во операцијата учествуваа 170 истражители, вклучително и елитните единици РАИД и специјализирани интервентни бригади, како и меѓународната агенција Европол.

„Стануваа збор за виссокорангираани членови на мрежата“, рече Ретаљо, изразувајќи надеж дека акцијата му нанела „смртоносен или барем многу сериозен удар“ на криминалниот синџир.

Иако минатата година беше спроведена голема операција, трговијата со дрога во Ла Кастелана не е целосно запрена.

Над 50.000 луѓе досега му оддадоа почит на папата во базиликата Свети Петар

 Базиликата Свети Петар во Ватикан изутрината повторно е отворена по кратко затворање во текот на ноќта, за вториот ден од поклонението пред папата Франциск. 

Над 50.000 луѓе досега му оддадоа почит на папата во базиликата Свети Петар

Од 11 часот вчера до 11 часот денеска повеќе од 50.000 луѓе се собраа во базиликата Свети Петар за да се простат од починатиот папа, соопшти прес-службата на Ватикан.

Поради огромната редица луѓе кои чекаат, базиликата, која првично требаше да се затвори на полноќ, остана отворена до 5:30 часот утрината, пред повторно да ги отвори вратите во 7 часот.

Телото на 88-годишниот Френсис, кој почина во понеделникот во неговата резиденција Санта Марта по мозочен удар, вчера беше пренесено во базиликата Свети Петар во погребна поворка.

Над 170 делегации, вклучително и шефови на држави и влади, се очекува да пристигнат од целиот свет на погребот в сабота. Церемонијата ќе се емитува и на телевизија ширум светот.

„Едно поглавје во историјата на црквата е затворено“, изјави Герхард Лудвиг Милер, германски кардинал познат како конзервативец кој ќе биде еден од учесниците на конклавата на која ќе се избере 267. поглавар на Римокатоличката црква, во интервју за италијанскиот дневен весник „Ла Република“.

притисни ентер