Братучетка му на Касиљас ги возбуди Шпанците (ФОТО) - Канал 5

Братучетка му на Касиљас ги возбуди Шпанците (ФОТО)

Мадридска Марка ја објави веста дека Алба Касиљас, братучетка на Икер Касиљас, која се прослави со учеството во разни шпански реални шоуа, ја потврдила својата романтична врска со славниот актер Хесус Кастро.

Братучетка му на Касиљас ги возбуди Шпанците (ФОТО)

Нејзиниот профил на Инстаграм го следат 387 илјади следбеници, а својата популарност ја користи на социјалните мрежи и во други области. Таа е позната како една од најпознатите шпански инфлуенсерки, но сè уште е претежно непозната надвор од границите на нејзината земја.

Една од нејзините најатрактивни фотографии, на која позира во бикини, е објавена пред шест недели.

„Што би ти сторила, ако имавме повеќе време“, стои во описот на фотографијата. Во тоа време веќе се шпекулирало дека Алба е во врска со споменатиот актер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Винисиус по понудата од реал ги избриша сите објави на Инстаграм

Бразилецот, Винисиус Жуниор ја избриша целата содржина од својот профил на Инстаграм само неколку часа откако Реал Мадрид наводно му понуди нов, подобрен договор.

Винисиус по понудата од реал ги избриша сите објави на Инстаграм

Актуелниот договор на Бразилецот истекува за помалку од една година, а преговорите за продолжување на соработката траат со месеци, па неговата иднина во клубот сè уште е неизвесна.

Арсенал внимателно ја следи ситуацијата и се надева дека би можел да ја искористи можноста за трансфер, пишува Goal.com.

Фудбалерот и клубот мора да донесат одлука бидејќи договорот на Винисиус истекува следното лето. Доколку тој не потпише продолжување, Реал Мадрид мора да го продаде во овој преоден рок за да избегне тој да си замине без обештетување.

Преговорите се интензивираа во вчера, кога во Мадрид пристигна агентот на Винисиус, Мајкл Јормарк. По средбата се појавија информации дека клубот ја подобрил својата понуда. Главни пречки за договорот остануваат барањата на играчот во однос на платата и правата за користење на неговиот лик.

Само неколку часа по состанокот, Винисиус целосно го исчисти својот профил на Инстаграм. Тој ја отстрани профилната слика, како и сите објави и зачувани „стори“ приказни (highlights), вклучително и фотографиите од натпреварите на Реал Мадрид и на бразилската репрезентација.

Неговиот профил, кој го следат околу 64 милиони луѓе, сега е сосема празен. Засега нема официјално објаснување за овој потег.

Овој потег предизвика поделени реакции меѓу навивачите на Реал. Некои стравуваат дека тоа е знак за негово заминување, додека други се надеваат дека станува збор за маркетинг-кампања пред најавата за нов договор.

Во меѓувреме, Арсенал не крие дека е заинтересиран за бразилскиот напаѓач. Интересот е толку голем што играчите на Арсенал дури и се распрашувале кај раководството на клубот за можноста за негово доаѓање. Преговорите меѓу Винисиус и раководството на Реал ќе продолжат во наредните денови.

Шампионот на Англија пак Арсенал во овој период не седи со скрстени раце и се обидува да го придобие контроверзниот фудбалер со голем и скап договор.

Арсенал го предизвикува Винисиус со огромен договор .Според порталот UOL, Арсенал сака да го привлече Винисиус со договор што би му донел заработка од 24 милиони евра по сезона – зголемување од околу 5 милиони евра во однос на неговата моментална плата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот во СДС, кој денес печали поени и глуми грижа за граѓаните, со години молчеше за небезбедната вода во Гостивар

Граѓаните на општина Гостивар со години, додека на власт беше предавничката СДС, пиеја небезбедна вода.

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот во СДС, кој денес печали поени и глуми грижа за граѓаните, со години молчеше за небезбедната вода во Гостивар

И додека гостиварчани се труеја со загадена вода за пиење, талогот на СДС, кој денес глуми загриженост, само за да ќари некој беден политички поен, со години молчеа.

Иако тогаш направените анализи, во повеќе наврати во гостиварскиот водовод, утврдија небезбедна вода за пиење и со присуство на зголемен број на колиформни бактерии, никој од тогашната власт на СДС, ниту Филипче, ниту пак нивните локални коалициски партнери не излегол со предупредување да не се користи водата.

За ваквата состојба постојат документи, кои, изминатите денови ги споделивме со јавноста и во нив јасно се покажува дека надлежните институции, во време на власт на СДС, располагале со информации за небезбедна вода во повеќе населени места.

Наместо да преземат мерки за да изнајдат решенија и да ги информираат граѓаните, тогашните власти без никаква грижа на совест дека можат да го загрозат здравјето на граѓаните, ги оставија гостиварци да пијат вода која не ги задоволува условите за питка вода.

Имајќи го предвид ваквиот институционалниот и партискиот молк, прашуваме со кое лице и кредибилитет сега бараат одговорност за нешто со години не го решиле, ниту реагирале предавничката СДС и на Венко Филипче?

Наместо сега да креираат хистерија и врз здравјето на граѓаните да печалат поени, треба јавно да излезат и да одговорат зошто додека СДС била власт, не ги известиле граѓаните за наодите од анализите и колку од тие случаи биле целосно отстранети?

Тоа се истите луѓе кои со години беа власт и ништо не направија, денес да се претставуваат како да немаат никаква одговорност за состојбите што ги оставиле зад себе.

Таквиот театар на талогот и остатокот во СДС и Венко Филипче, не поминува, граѓаните заслужуваат одговори зошто ништо не направиле додека ја имаа целата власт и институционална моќ во нивни раце.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозии во Ормускиот Теснец

Танкер што пловел низ Ормускиот Теснец, во близина на брегот на Оман, пријавил дека слушнал две експлозии, соопшти денеска Британскиот центар за поморски трговски операции, наведувајќи дека бродот и екипажот се безбедни.

Експлозии во Ормускиот Теснец

Танкер што пловел низ Ормускиот Теснец, во близина на брегот на Оман, пријавил дека слушнал две експлозии, соопшти денеска Британскиот центар за поморски трговски операции, наведувајќи дека бродот и екипажот се безбедни и дека не е пријавена штета врз животната средина.

UKMTO во известувањето наведе дека инцидентот се случил на околу девет наутички милји (16,7 километри) југоисточно од градот Кумзар во Оман и дека извештајот за инцидентот бил доставен со задоцнување, пренесува Ројтерс.

Според центарот, командантот на танкерот пријавил дека слушнал две експлозии додека минувал низ Ормускиот Теснец.

Инцидентот се случи во период на зголемени тензии во областа на Ормускиот Теснец, по неодамнешните воени судири меѓу Соединетите Американски Држави и Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер