Братот на Новак Ѓоковиќ и инфлуенсерката Сашка го чекаат своето прво дете (ФОТО) - Канал 5

Братот на Новак Ѓоковиќ и инфлуенсерката Сашка го чекаат своето прво дете (ФОТО)

Братот на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе Ѓоковиќ и неговата сопруга Сашка Веселинов го очекуваат своето прво дете.

Братот на Новак Ѓоковиќ и инфлуенсерката Сашка го чекаат своето прво дете (ФОТО)

Инфлуенсерката ја потврди веста на Инстаграм.

„За неполни три месеци во нашето семејство ќе пристигне засилување и од тој момент ќе ја имам најважната улога во мојот живот - ќе станам мајка. Долго време не сакав да зборувам за ова тема, Избегнував јавни настани, иако сѐ беше во ред со бременоста од првиот ден.

Но, навистина треба да молчите за среќата. Сега кога веќе стана очигледно и не можам повеќе да го кријам стомачето, мило ми е што на овој начин можам и со вас да ја споделам најсреќната вест“, напишала таа.

Сашка и Ѓорѓе биле во врска две години, а се венчаа минатото лето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дводневна коференција „Регионална соработка за интеграција во ЕУ“ во Собранието

Очекуваме Советот на ЕУ да ги дефинира насоките на кој начин, со кое темпо и со каква динамика ќе се одвива постепената интеграција на земјава во ЕУ -  вели претседателот на собраниската комисија за европски прашања – Антонијо Милошоски. 

Дводневна коференција „Регионална соработка за интеграција во ЕУ“ во Собранието

Како што посочува тој, од Брисел потребен ни е јасен план во однос на одредниците кои треба да ги исполниме во текот на постепеното интегрирање. Како дел од сеопфатната реформа за проширувањето на ЕУ предложена од ресорната еврокомесарка Марта Кос, стратегијата за постепената интеграција на земјите кандидатки, се очекува да биде усвоена на 30-ти септември.

-Уште потешко е да се влијае или да се постигне консензус меѓу земјите членки на Унијата за тоа дали проширувањето е или не приоритет. Навистина ни е драго што во моментов Франција и Германија предложија нова агенда, предложија еден нов нон-пејпер за интеграција на регионот, кој што подразбира постепена регионална интеграција и тоа го почитуваме, до крајот на годината се надеваме на консензус од Унијата. - Антонијо Милошоски, потпретседател на собрание и претседател на Комисијата за европски прашања

Германија е силен поборник на проширувањето на Европската унија, меѓутоа Брисел се уште треба да се прилагоди на идејата проширувањето да се одвива подинамично – посочува вршителот на должноста амбасадор на Германија во земјава – Јан-Аксел Фос на панел дискусија посветена на Регионалната соработка за интеграција во ЕУ.

-Имаме еден заеднички интерес а тоа е проширувањето на Европската унија. Ова е евидентно вистинито за мојата Влада која во мај почна да притиска во Брисел за подинамичен процес на проширувањето на Унијата. Верувам дека оваа идеја за подинамично проширување е многу интересна за овој панел денес и утре, можеби не толку за јавно да се дискутира пред микрофон, можеби повеќе на кафе паузите, како да го вкалапиме Брисел во нашите идеи за подинамично проширување на Унијата. - Јан-Аксел Фос, вршител на должноста амбасадор на Германија во Македонија

Германскиот амбасадор потенцираше дека расте и обемот на европско законодавство со кое националното треба да се усогласи. Министерот за европски прашања – Беким Сали кој неодамна најави дека реформската агенда на Македонија ќе биде проширена со дополнителен пакет од 50тина чекори, рече дека очекува широк консензус кај политичките партии во Собранието со цел навремено исполнување на законите и обврските од реформската агенда.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Талогот“ ги скара власта и опозицијата

Власта и опозицијата продолжија со меѓусебните обвинувања по вчерашниот говор на премиерот Мицкоски по повод денот на независноста. 

„Талогот“ ги скара власта и опозицијата

Од СДСМ реагираат дека Мицкоски во своето обраќање наместо за единство и повикување на заедништво, повторно ја активирал, како што велат, кампањата „Талог“ со поделби и навреди на граѓаните, во недостаток на, како што велат, резултати на Владата во ниту една област, ниту во европскиот пат на земјата.

-Она што беше приметливо е дека тој вчера директно се закани дека ќе се соочи, ќе ги натера тие од „Талогот“ да се соочат со правдата, потоа седнувајќи до државниот обвинител. Пораката е сосема јасна. Операцијата „Талог“, која всушност се служи за поделба и сеење меѓу граѓаните, сеење на омраза и која Мицкоски ја спроведува со фактички од првиот ден од својот мандат, е опасна по својата природа и по својата основа и таа функционира по рецептот на Ванчо Михајлов и најмрачните периоди од македонската историја, изјави Жерновски.

Жалам што СДСМ се препознава во талогот, одговори премиерот Мицкоски денеска, коментирајќи ги обвинувањата од опозициската партија за неговата реторика. Кажа дека тој ниту еднаш не се пожалил на нивните секојдневни навреди и клевети, а Владата како што рече ќе продолжи да испорачува проекти за граѓаните, наместо да се занимава со опозицијата.

–Јас многу прецизно реков дека талогот не смее да ја победи елитата, затоа што ако талогот ја победи елитата и стане елита, тогаш вистинската елита ќе си замине, а тоа не е добро. И затоа мораме да го победиме талогот, жалам што тие се препознаваат како такви, сепак Фројд е појак од нив претпоставувам и од нивните карактери. Иако на отворена сцена навредуваат, измислуваат, не клеветат, секако не нарекуваат за да не омаловажат, но ниту еднаш немам кажано ниту се има пожалено на нивните прес конефренции, без исклучок се е лага. Не излегов да плачам, цимолам пред граѓаните...Тие нека тонат во своето политичко мочуриште, а ние ќе продолжиме да испорачуваме резултати, изјави Мицкоски.

Според Мицкоски, Владата ја носи Европа дома, не како што рече со коленичење и прифаќање ултиматуми, туку Европа на принципи. Тој го повтори ставот дека нема подобра алтернатива за земјата и граѓаните од ЕУ, но прво очекува да се создаде заедничка доверба за да може да се разговара.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Започнува изградбата на ветерен парк во Штип

За три години треба да биде готов ветерниот парк на компанијата „Алказар“ во Штип.

Започнува изградбата на ветерен парк во Штип

Ќе содржи вкупно 54 ветерни електрани и ќе биде најголем во регионот. Според најавите ветерниот парк ќе обезбедува енергија за 148.000 домаќинства и ќе донесе околку 300 нови вработувања. Целата инвестиција за неговата изградба изнесува 500 милиони евра..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер